Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Јужна Кореа: Забраната за телесно казнување во училиштата се соочува со отпор

Едно видео кое протече во јавноста и во кое е прикажано учител кој ги удира, тепа и клоца своите ученици, предизвика Јужно Корејското општество повторно да врие заради старата тема во врска со телесното казнување на ученици. Телесното казнување во Кореја, нашироко дискутирана, но во последниве децении практично игнорирана тема, стана центар на контроверзија кога Министерството за образование во Сеул, по итна постапка го отпушти учителот и воведе забрана на физичкото казнување во сите училишта.

Ова е видеото во кое е прикажан г-динот Ох, учител во основно училиште како ги тепа своите ученици. Видеото го сними еден од учениците и подоцна беше јавно објавено од страна на Здружението на родители. Откриено беше дека еден од учениците кој беше казнет истиот тој ден, е болен од леукемија. Г-динот Ох беше доста непопуларен во своето училиште – дури и до тој степен што учениците му го дадоа страшниот прекар  Ох Јанг Понг  (掌風: Експлозивна шлаканица), бидејќи Ох често ги удираше своите ученици со својата дланка, така што учениците паѓаа на земја.

Сеулското Министерство за образование превзеде брза и без преседан акција. Најави целосно укинување на телесното казнување во сите училишта, почнувајќи од почетокот на новата школска година во наредната есен и има во предвид донесување на  прописи за „човечките права на учениците„ со кои ќе се заштитуваат нивните основни права,  кои вообичаено се игнорирани. Повеќето кореански блогери ја поздравуваат ининцијативата со ентузијазам, давајќи силна поддршка на оваа доста задоцнета мерка. Меѓутоа, средовечните конзервативно ориентирани луѓе, кои и самите биле жртви на телесно казнување во училиштата, гледат со сомнеж на ефикасноста на овие нови потези. Кореанската Федерација на Здруженија на учители е категорично против овие нови мерки, бидејќи е загрижена дека забраната на телесно казнување може да го влоши уште повеќе ионака поткопаниот авторитет на учителите.

Според кореанскиот Закон за образование, телесното казнување е незаконски начин на образување и истиот вели дека учителите треба да ги „образуваат децата со дисциплина и без предизвикување на телесна болка освен во случаи кога тоа е неизбежно“. Дупката во законот која е предизвикана од неодреденоста на изразот “неизбежни случаи“ ја предизвика оваа конфузија и погрешно толкување.

Множеството блогери ја покажуваат својата апсолутна поддршка на одлуката на Министерството за образование во Сеул. Блогерот OmegaPassion коментира дека е време да се предефинира зборот „Гио-Пиеон“, нашироко употребуван израз зa позицијата за учителот, но кој буквално значи учителска прачка или учителски камшик, толкувајќи ја насилната практика као криза на демократијата.

교편 敎鞭. 채찍을 든다는 말 자체도 이제는 고칠 필요가 있습니다. 체벌을 가하지 않으면 교단을 이끌어갈 수 없다면 그야말로 교육의 위기입니다. 학교가 매로 질서유지 된다. 나라는 무서운 공권력에 질서가 유지되고. 이는 민주주의 국가가 지향할 방향이 아닙니다.

Самиот по себе, зборот „Гио-Пиеон“ треба да се измени. Доколку учителите не можат да ја вршат својата должност без користење на телесна казна, тогаш сигурно се работи за криза во образованието. Ситуацијата во која редот во училиштата се одржува со физичка казна и националниот систем стои покрај застрашувачката сила на Владата, не е начин на кој една демократска нација би требало да функционира.

Телесната казна во Кореја има длабоки корени. Од сликата на ценетиот корејски сликар Ким Хонг „Садонг“ (書堂: приватно училиште во градот) од  18-иот век, неупатените можат да добијат претстава за традицијата на строгоста во образованието во Кореја. Сликата ни претставува еден ученик кој е тепан со прачка и плаче пред целото одделение, а учителот го гледа со осудувачки изглед на лицето, додека останатите ученици се воздржуваат да не се смеат, а некои од нив отворено се потсмеваат. Сликата ја покажува суровата лубов по која некои Кореанци чувствуваат носталгија.

Нетизенот ID Gubook 123 на веб страната Ruliweb  се сеќава на неговиот строг, но грижлив учител.

대딩(대학생) 때 가장 어색했던 것 하나…아무도 매를 들지 않는다는 것…술을 퍼먹든. 당구장에서 세월을 보내든. 수업시간에 잠을 자든. 과제를 빵꾸(를) 내든… 아무도 뭐라 하지 않더라… 갑자기 주어진 자유 그게 너무도 어색했지. 그리고 진심.. 열성적으로 학생을 독려하던 선생님들이 너무도 그리웠음.

Единственото нешто што ме правеше да се чувствувам чудно е што додека бев во колеџ никој не ме казнуваше… Без разлика колку и да претерував со своето однесување, било да го губев времето играјќи билијард, или ако спиев за време на часовите и не ги изработував моите домашни работи  или не… Никој не ми велеше ништо… Тоа неочекувано чувство на слобода беше толку чудно. И навистина почна да ми недостасува мојот учител кој најискрено ги поттикнуваше учениците (да учат).

Една неодамнешна пародија на сликата, на која ученикот му го покажува прстот на учителот, ни прикажува една поинаква слика на корејското образование. Понекогаш, учителите и загрижените родители се чувствуваат вака.

Блогерот August 8027 кој е родител на ученик, коментираше дека еден одреден степен на телесно казнување е потребен за исклучително разгалените и опасни деца.

체벌을 받고 자란 세대의 학부모로서 지나친 체벌은 반대하지만, 학생의 잘못에 대한 적정한 체벌은 교육상으로도 있어야 한다고 본다…요즘 아이들 초등학교짜리도 얼마나 맹랑한지 모른다. 선생님을 무시하거나, 대드는 아이, 심지어 입에 담지 못할 욕을 하고 도벽에 폭력까지 제멋대로 행동하는 아이들도 적지 않다고 한다. 집집마다 아이가 하나, 둘인 지라 곱게 자란 탓도 있겠으나 tv 와 인터넷 등, 아이들이 접촉하는 매체가 빠르게 발전하는 까닭에 그 영향을 제일 받는 세대라 하겠다.

Како родител на ученик и како некој кој за време на растењето бил телесно казнуван, верувам дека умереното казнување на лошото однесување на учениците е неопходно за образовните цели…Денешните деца се толку безобразни. Постојат деца кои немаат никаква почит кон учителите, деца кои се непослушни и често користат незамисливи пцовки кон учителите и учениците и исто така постојат ученици кои имаат проблеми со крадење и насилство и кои се однесуваат без никаква грижа за било што во овој свет. Тоа можеби се должи на фактот што во денешните фамилии бројот на деца е мал, бидејќи семејствата денес имаат по едно или две деца, но воглавно, нивното однесување се должи на тоа што овие генерации се премногу изложени на влијанието на медиумите као на пр. телевизијата и интернетот.

Оние кои некогаш се наоѓале во ситуација да бидат физички казнувани велат дека тепањето е неопходно зло. Блогерот Keyhold кој се сеќава дека често бил казнуван од учителите, изјавува дека понекогаш телесната казна е единственото решение кои го имаат учителите.

전 90년대에 고등학교를 졸업했는데요. 학교 다니면서 많이 맞았습니다. 하지만 단 한번도 맞으면서 인권을 침해 받는 다는 생각은 안 해봤습니다…제가 학창시절에 선생님들에게 맞을 때에는 제가 잘못을 했을 때였으니까요…모든 아이들이 맞아야 말을 듣는 다고 생각하지는 않습니다. 하지만 말로는 도저히 해결이 안 되는 일부 아이들이 있습니다. 그렇다고 해서 이 아이들에게 무조건 체벌을 해야 한다는 이야기는 아니지만 현실적으로 체벌 이외에 대안이 없다는 것입니다…물론 지속적인 관심과 사랑으로 아이들을 바른길로 이끌 수도 있습니다만….대화자체를 거부하는 아이들에 대해서는 어떻게 하실지 그게 걱정이네요.. 시교육청에서 체벌을 전면 금지 시키며 그 대안은 준비해 두었는지 모르겠습니다.

Во 1990-те години бев во средно училиште. Често бев тепан. Но, ниту еднаш не ми помислив дека се загрозени моите човечки права (преку казнувањето). Учителот ме тепаше бидејќи направив нешто лошо…Сметам дека децата нема да ги слушаат учителите само доколку се тепани. Постои и една посебна група на деца на кои разговорот не им помага. Не се согласувам со тоа дека треба да бидат физички казнувани. Сметам дека не постои алтернативно решение освен телесното казнување…Се разбира дека можеме да ги водиме по правилниот пат со постојана љубов и грижа… Но, не сум сигурен што би можеле да направиме со останатите деца кои одбиваат разговор…Се сомневам дека Министерството за образование во Сеул најде алтернативни начини кога ја укина телесната казна.

И се додека конзервативното население го толерира физичкото казнување, предоминантните блогери потцртуваат дека доколку казнувањето се земе здраво за готово, тоа е првиот погрешен чекор кој го доведе нашето општество до неконтролирано, секојдневно насилство. Блогерот SikSik 69 коментира дека магичниот круг на насилството кое го научивме и на кое се навикнавме во училиштето почна да го обзема корејското општество и да го оправдува и домашното насилство.

선생이 때리면 맞는 것을 당연하게 생각하는 아이들이 사회에서도 폭력을 정당한 수단으로 사용하게 된다. 학교 폭력도 실상은 선생으로부터 배운 당연한 결과물이다.그러니 선배가 후배에게 폭력을 가해도 저항 조차 못하지 않는가? 장차 사회에서도 폭력은 무감각, 폭력으로 해결하려는 풍조(가) 만연(하게 된다)

Децата кои се навикнаа да бидат тепани од учителите, во своето општество, ќе го користат тепањето како оправдан метод (кога решаваат проблеми). Меѓусебното потсмевање помеѓу учениците е без сомнение резултат на насилството од страна на учителот. Луѓето ќе станат отпорни кон употребата на насилство. И на тој начин,  во нашето општество ќе преовлада тенденцијата кон насилство.

Како што некои назначија, кога ременот се кине, сите неуспеси излегуваат на видело. Не само содржината на образованието, туку исто така и процесот на образование треба да биде демократски.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.