Киргистан усвоил нов, драконски, закон за медиуми

Маж држи знак на кој пишува „За слобода на изразување“ на протест во главниот град на Киргистан, Бишкек. Фотографија од Клуп. Фер употреба.

Овoj напис е напишан од Олга Логинова за Vlast.kz и објавен на 7 август 2025 година. Уредена верзија на статијата е објавена на Global Voices според договор за медиумско партнерство. 

На 7 август, претседателот на Киргистан, Садир Џапаров, потпиша закон за медиуми со кој се проширува државната контрола врз независните медиуми, објави Ројтерс.

Новиот закон го обврзува сите медиуми, вклучувајќи ги и онлајн платформите, да се регистрираат кај владини агенции. Дополнително, законот го ограничува странското сопствеништво на 35 проценти.

Според Клуп (Kloop), независен медиум во земјата, барањето за задолжителна регистрација е додадено во законот во последен момент. Клуп нагласи во соопштение.

Пред ова, парламентот дебатираше за „компромисна“ верзија на законот, развивана неколку години заедно со медиумската заедница и правниците. Во претходната верзија, регистрацијата на медиумите беше доброволна.

Сега, постапката за регистрација, пререгистрација и одбивање за регистрација на медиуми ќе ја утврди Кабинетот на министри во посебна одредба.

„Тоа значи дека владата ќе одлучи кои медиуми ќе работат, а кои не“, објасни Клуп.

Нацрт-законот за медиуми е во подготовка од 2022 година и уште од самиот почеток беше критикуван од новинарите, граѓанското општество и организациите за човекови права.

Откако Џапаров дојде на власт кон крајот на 2020 година, притисокот врз независните медиуми во Киргистан нагло се зголеми.

Во јануари 2024 година, Комитетот за национална безбедност (GKNB) спроведе претрес во канцеларијата на добро познатата онлајн публикација 24.kg, а главниот уредник и извршниот директор беа приведени и испрашувани по обвинение за „воена пропаганда“, во врска со нивното известување за војната на Русија против Украина.

Два месеци по претресот и испрашувањето, медиумот смени сопственост и беше регистриран со нов основач и директор, со што преземањето беше комплетирано.

Паралелно со 24.kg, полицијата изврши претрес во канцеларијата на публикацијата „Темиров Лајв“, која е во сопственост на блогерот и истражувачки новинар Болот Темиров. Беа приведени единаесет новинари кои работеа за публикацијата, како и сопругата на Темиров, Махабат Таџибек Кизи.

Во октомври 2024 година, четворица од нив беа прогласени за виновни за „повикување на масовни немири“. Двајца добија затворски казни, вклучувајќи го и Таџибек Кизи, кој беше осуден на шест години затвор. Другите двајца новинари добија тригодишни условни казни.

Еве видео на YouTube за судскиот случај во кој се вклучени новинари на „Темиров Лајв“.

Во мај оваа година беа извршени претреси и притворања на поранешни и сегашни вработени во изданието „Клуп“. На 5 август, во Бишкек започна судење против поранешните видеографи на „Клуп“, Александар Александров и Жумарт Дуулатов, како и двајца сметководители на редакцијата. Тие се обвинети за „повикување на масовни немири“.

Џапаров неодамна одобри казни за ширење „лажни информации“, наметнувајќи казни од 65.000 фунти (740 американски долари) за медиумите и 20.000 фунти (229 американски долари) за поединци. Групите за човекови права предупредија дека мерките ги кршат меѓународните стандарди за слобода на говорот.

Како резултат на овие и други случувања што го зголемија притисокот врз независните медиуми, рангирањето на Киргистан падна од 82-ро место во 2020 година на 144-то место во 2025 година, што е забележителен пад за толку кратко време.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.