Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Кина го блокира Фестивалот на независни филмови во Пекинг

Властите во Пекинг го блокираа отворањето на годишниот фестивал на независни филмови на 23ти август, 2014. Потегот се гледа како знак на затегнување на идеолошката контрола на Пекинг. Според инди режисерот Хуанг Венхаи, затворањето било „најмрачниот ден во историјата на Кинескиот независен филм.” Започнат во 2006 од независниот уметнички критичар Ли Ксиантинг, филмскиот фестивал е место каде создавачите на инди филмови може да ја споделат и дискутираат нивната работа. Иако фестивали слични на овој имаа повремени проблеми со полицијата во минатите години, ова е првпат фестивалот целосно да биде блокиран. Полицијата исто така одзема снимки од работата на Ли за истрага. Кинескиот Медиа Проект (анг) има повеќе детали за случувањата околу затворањето. 

 
 
 

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.