Секојдневната херојска работа на лабораториските техничари во борбата против еболата во Либерија

Додека трае моменталната криза од Ебола вирусот, се прикажуваат многу извештаи за сториите на пациентите, медицинскиот персонал, вакцините и последиците од болеста по зафатените држави. Но ретки се извештаите за секојдневната работа на лабораториските техничари и оние кои се грижат за нивните потреби. Во напис на buzzfeed.com со име Тајните херои во кризата на ебола во Либерија (анг), Џина Мур ја раскажува приказната на овие луѓе, клучни во борбата против ебола вирусот во Либерија:

Кетрин Џиџуах започнува со работа толку рано овие денови што не знае ни колку е часот. Тоа е ирелевантно. Станува кога е сеуште темно, пали оган, и вари ориз и зеленчук за нејзините две деца. Некаде околу 6:30 наутро, кога светлината почнува да се пробива низ прозорците, таа заминува до блиското училиште.

Тука, таа повторно го прави истото, во поголем размер. Џиџуах, 30 години, и две други жени, сите волонтерки, готват за 12 од најважните, но невидливи, луѓе во Либерија во моментов.

Дузината оброци се наменети за тимот од техничари кои ја тестираат крвта на пациенти за кои има сомнеж дека го носат вирусот на ебола. Тие ги посетуваат домовите на болните луѓе и пренатрупаните центри за третман на еболата, боцкајќи во вените на физички непредвидливи, многу заразни луѓе. Потоа тие се возат со нивната крв назад до единствената медицинска лабораторија во Либерија, повеќе од еден час оддалечена од главниот град Монровија.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.