Египетски и не-Египетски твитер корисници даваат совети на полицијата во САД за тоа како да се справи со континуираните немири во Фергусон, Мисури.
Саркастичниот хаштаг #EgyPoliceTipsToUS [1] (#ЕгипетскиПолицискиСоветиЗаСАД) беше пуштен на твитер како реакција на изјавата [2] од владата во Египет која ја повикува полицијата во САД да „покажат воздржаност” во Фергусон, каде изминативе 11 дена се соочуваат протестанти и локална полиција во опрема соодветна за војската, откако полицаец уби невооружен афро-американски тинејџер [3]. Полицијата во Фергусон е претежно составена од белци и врши притисок врз новинари на местото на немирите, користи солзавец и гумени куршуми на протестантите.
Според корисниците на твитер, Египет треба да биде последната држава која ќе дава такви совети на САД., земајќи предвид сопственото искуство во справување со немири, од почетокот на Египетската револуција [4] на 25ти јануари, 2011. Хаштагот потсети на некои од злосторствата направени од припадниците на Египетските полициски сили против протестантите, вклучувајќи го и еден од најкрвавите денови во поновата историја на протести, кога беа убиени повеќе од 800 протестанти во Раба [5]на 14ти август, 2013.
MENA соработникот за истражувања во Одборот за заштита на новинари, Џејсон Стерн твиташе за неговите следбеници:
Какви #EgyptPoliceTips [6] имате за полицијата на САД во #Ferguson [7]?
— Jason Stern (@IbnLarry) August 19, 2014 [8]
Тој ги сподели следниве совети со видеа кои ја покажуваат полициската бруталност и тактики на египетската полиција:
3. Кога работите ќе излезат од контрола, препуштете на силеџиите на камили да ја завршат вашата „валкана“ работа #EgyptPoliceTips [6] https://t.co/nQJB24w4FG [9]
— Jason Stern (@IbnLarry) 19ти август, 2014 [10]
4. Не само да им се заканувате на новинарите дека ќе пукате на нив. Пукајте #EgyptPoliceTips [6] https://t.co/rOf3GY9gXm [11]
— Jason Stern (@IbnLarry) 19ти август, 2014 [12]
1. Ако и ја искинете облеката на жената додека ја тепате, погрижете се да ја покриете пред да продолжите да ја тепате. #EgyptPoliceTips [6] https://t.co/SVz8xXWRNJ [13]
— Jason Stern (@IbnLarry) 19ти август, 2014 [14]
Други твитер корисници продолжија со нивни совети.
Корисникот @befroggled, со 760 следбеници на твитер, потсети на присилните тестови за невиност [15] спроведувани од египетската војска на жените протестанти во плоштадот Тахрир во 2011.
Поредете ги женските протестанти за тестови за невиност. Ова беше омилениот начин на претседателот Сиси со жени кои протестираат. #EgyPoliceTipsToUS [1]
— B (@befroggled) 20ти август, 2014 [16]
Таа исто така наговести за користењето на против-терористички мерки од полицијата какo изговор за акции против протестанти:
Ако сте загрижени дека вашата полициска акција против протестантите ќе предизвика бурни реакции во јавноста, побарајте мандат да се борите против тероризмот. #EgyPoliceTipsToUS [1]
— B (@befroggled) 20ти август, 2014 [17]
Билал Зребел вели на своите 5,200 следбеници:
Полиција во цивилна облека завршува двојна работа убива протестанти и ги мести протестантите дека има вооружени меѓу нив! Win-win #EgyPoliceTipsToUS [1] pic.twitter.com/9o1kP199aj [18]
— لاوطن تحت حكم العسكر (@bilalZrebel) 20ти август, 2014 [19]
Потсетувајќи се на масакрот во Раба [5], во кој Египетската влада насилно уби повеќе од 800 протестанти во еден ден пред една година, некои од нив со горење, тој пишува:
Изгорете ги мртви или живи, „наводно” оганот не оставал докази! #EgyPoliceTipsToUS [1] pic.twitter.com/uVIVlm7GDZ [20]
— لاوطن تحت حكم العسكر (@bilalZrebel) 20ти август, 2014 [21]
OthmaNation, со 1,500 следбеници, го споменува и тепање на ‘протестантката во син градник’ [22] од припадници на Египетската војска за време на анти-воен протест во декември 2011.
Кога ќе ја раскинете женската облека, тврдете дека тие самите си го направиле тоа за да ги наместат вашите чесни агенти. #EgyPoliceTipsToUS [1] pic.twitter.com/u5bhgpLbkf [23]
— الفلويد® (@OthmaNation) 20ти август, 2014 [24]
И адвокатот Шериф Саадни го сподели овој совет со неговите 3,902 следбеници:
Не имплементирајте постепени и безопасни по живот чекори кога ги растурате толпите. Каде е забавата и застрашувањето во тоа? #EgyPoliceTipsToUS [1]
— Sherif Saadani سعدني (@ssaadani) 20ти август, 2014 [25]