- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Собир за дигитален активизам во рамките на домородните јазици во Оаксака, Мексико

Категории: Мексико, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Јазик, Староседелци, Рајзинг војсис
'Colorful', Mexico, Oaxaca - Photo by Chris Ford  (CC BY-NC 2.0) [1]

‘Колоритно’, Мексико, Оаксака. Фотографија на Крис Форд (CC BY-NC 2.0)

Global Voices (Глобални гласови) [2]преку својата Rising voices [3] иницијатива, научната библиотека „Хуан де Кордоба“ [4], како и организацијата SURCO [5] ги покануваат активистите од цело Мексико, кои говорат и работат со домородни јазици, да учествуваат на „Собирот за дигитален активизам во рамките на домородните јазици“, кој ќе се одржи од 3-ти до 5-ти октомври во културниот центар „Сан Пабло“ [6] во историскиот центар на Оаксака де Хуарез во Мексико.

Главниот фокус на овој собир е на 25 активисти од дигиталната сфера, кои говорат домородни јазици и кои моментално ги употребуваат нивните јазици во дигиталните медиуми, да им се обезбеди простор за меѓусебна размена на знаења и учење. 

Мексико е една од јазично најразновидните држави во Латинска Америка, со повеќе од 300 домородни јазици кои се говорат или пишуваат секој ден, а кои, во голем дел се во опасност од исчезнување. Во последно време, се употребува технологија за научно документирање, како и за создавање на софтвер за изучување на јазиците, мерка која е со цел да се изучуваат и да се заштитат овие јазици.

Исто така, новите генерации на млади луѓе, во рамките на нивните дневни навики, ги користат овие јазици на Интернет за да твитаат, блогираат или да користат подкастинг. Сепак, едно движење составено од интернет-корисници кои ги говорат овие домородни јазици, широкоградо ја прифаќа можноста, во рамките на напорите да се „оживеат“ јазиците и да се охрабрат идните генерации, овие јазици и култури, да се промовираат онлајн. Чувството на одговорност кон нивната заедница е главниот мотиватор кој ги мотивира овие активисти да го посветат своето време и ресурси токму на оваа благородна кауза. 

И покрај овие примарни напори, многумина активисти од дигиталната сфера се уште работат во една релативна изолација и се соочуваат со специфични и тековни предизвици, како на пример:

Добрата вест е тоа што постојат стратегии кои се насочени кон справувањето со овие предизвици во специфични контексти, нешто што се гледа и од растечкиот број на успешни приказни [7] за тоа како заедниците ги користат партиципативните медиуми при промовирањето на нивните јазици онлајн. Сепак, се уште има потреба од изнаоѓање на начини на кои овие активисти ќе се поврзат меѓусебе за да ги споделат нивните приказни и искуства.

Тука е делот во кој настапува „Собирот за дигитален активизам во рамките на домородните јазици“. Оваа група ќе вклучува блогери, аудиовизуелни продуценти, уредници на Википедија и непрофитни локализатори на софтвер и сите овие луѓе ќе создаваат дигитални содржини на мексиканските домородни јазици.

Преку директни и кориснички-насочени дискусии и работилници, ќе се создаде сеопфатна можност за учесниците да си ги подобрат своите дигитални вештини, како и да се вклучат во разговори кои се однесуваат на специфичните предизвици со кои се соочуваат. Воедно, работилнците кои се однесуваат на дигиталниот онлајн и офлајн активизам и начинот на негово функционирање, ќе продолжат да влијаат на нивните заедници.

Исто така, ќе има и два настани, кои ќе бидат отворени за јавноста, каде заинтересираните ќе имаат прилика да научат нешто повеќе за тоа како заедниците се обидуваат, преку нивната дигитална работа, да ја предизвикаат оваа општествена промена.

Заинтересираните можат да аплицираат за присуство [8], а достапни се и целосни и делумни патни грантови.

Ве известуваме дека оваа можност е достапна само за учесници кои говорат на домороден јазик и живеат во Мексико. Крајниот рок за аплицирање е 29-ти август 2014 година. За повеќе информации, Ве молиме користете го формуларот за контакт [8], кој можете да го најдете на блогот на овој настан.