- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Новото возило на Папата Францис предизвика „метеж“ во Јужна Кореја

Категории: Источна Азија, Јужна Кореја, Граѓански медиуми, Економија и бизнис, Медиуми и новинарство, Најважни вести, Религија, Уметност и култура
Pope Francis' Visit, Seoul, South Korea, Image by Korea.net (uploaded and shared by Korea.net's Flickr channel) (CC BY SA 2.0) [1]

Посетата на Папата Францис на Сеул, Јужна Кореја. Фотографија од Korea.net (објавена и споделена од Фликр профилот на Korea.net) (CC BY SA 2.0).

Папата Францис [2] ја заврши својата инаугурална посета во Јужна Кореја, каде јавниот настап на католичкиот лидер предизвика метеж кај медиумите, дел од тоа благодарение на сцени од понтифот како се вози наоколу во компактно возило [3], наместо во седан отпорен на куршуми.

Снимката на папата „пикнат“ во “Соул (Душа),” [4] произведен во Кореа од Киа, која се пренесуваше во живо низ целата држава, доведе до широко шпекулирање за тоа како Францис го одбрал баш ова возило. Локалниот Католички одбор одговорен за организирањето на посетата подоцна објасни дека папата презицно барал локално направен автомобил-најмалиот достапен модел, доколку е возможно.

Играта на погодување за новиот автомобил на понтифот се забрза онлајн, каде Корејците на Твитер се прашуваа дали Францис се одлучил за „Душа“ поради името на автомобилот, или можеби поради тоа што овој конкретен модел вообичаено се користи за транспорт на лица со инвалидитет. Некои изразија загриженост бидејќи папата не се заштитувал себеси адекватно во такво обично возило, но најголемиот број од Корејците кои пишуваат на социјалните медиуми се чинеше дека уживаат во оваа „автомобилска“ одлука.

Причината поради која Папата се вози во „Душа“ е бидејќи, во Италија, многу луѓе го реновираат овој автомобил за лица со инвалидитет.

Навистина е душата она во што се вози папата. Иако целосно можам да разберам зошто го одбрал ова компактно возило, во глетката мојот ум веднаш се врти кон луѓето од обезбедувањето околу него, кои мора да се на чекор од срцев удар секој момент.

Фотографијата од папата во Душата ме изнасмеа бидејќи е крајно невообичаена. Црн седан секогаш ме потсетува на луѓе на повисоки позиции—привилегираните, луѓе со пари или моќ—и гледајќи како папата не е во еден од тие седани ми изгледаше симпатично.

Киа најверојатно би сакал да испрати соопштение до печатот фалејќи се како Киа Соул (Душа) е избраниот автомобил на папата. Но тие би требало да ја сфатат причината позади тој избор: папата го одбра тој бидејќи е еден од најефтините автомобили, а тој многу се грижи за непривилегираните.

Каква сцена—Папата се вози во Соул а неговото обезбедување го следи во големи седани. Ова е нешто ново за мене. Изгледа толку непознато, и во исто време, прилично трогателно.

Да бидам на исто ниво со папата, размислувам да го продадам мојот сегашен автомобил и да купам Соул.

Додека некои луѓе онлајн тврдеа дека постои недостиг на баланс во известувањето во медиумите [11] за папската посета, многу други велат дека огромната популарност на папата го рефлектира автентичниот „глад“ на јавноста за лидери како Францис.

Причината поради која толку многу Корејци се „луди“ по папата е бидејќи тој демонстрира како вистински лидер може да постигне многу работи и навистина да влијае на луѓето.