Папата Францис ја заврши својата инаугурална посета во Јужна Кореја, каде јавниот настап на католичкиот лидер предизвика метеж кај медиумите, дел од тоа благодарение на сцени од понтифот како се вози наоколу во компактно возило, наместо во седан отпорен на куршуми.
Снимката на папата „пикнат“ во “Соул (Душа),” произведен во Кореа од Киа, која се пренесуваше во живо низ целата држава, доведе до широко шпекулирање за тоа како Францис го одбрал баш ова возило. Локалниот Католички одбор одговорен за организирањето на посетата подоцна објасни дека папата презицно барал локално направен автомобил-најмалиот достапен модел, доколку е возможно.
Играта на погодување за новиот автомобил на понтифот се забрза онлајн, каде Корејците на Твитер се прашуваа дали Францис се одлучил за „Душа“ поради името на автомобилот, или можеби поради тоа што овој конкретен модел вообичаено се користи за транспорт на лица со инвалидитет. Некои изразија загриженост бидејќи папата не се заштитувал себеси адекватно во такво обично возило, но најголемиот број од Корејците кои пишуваат на социјалните медиуми се чинеше дека уживаат во оваа „автомобилска“ одлука.
교황이 소울을 타는 이유는 이탈리아에선 소울을 장애인용 차량으로 개조해서 많이들 타고다니기 때문이라함…ㅡ_ㅡb
— S2ong Jin (@Seongjinworld) August 14, 2014
Причината поради која Папата се вози во „Душа“ е бидејќи, во Италија, многу луѓе го реновираат овој автомобил за лица со инвалидитет.
교황님 차 소울이네 진짜로;;;; 어떤 마음으로 경차 타신다고 한건지는 충분히 이해하지만 나는 저런 장면을 보면 심장떨릴 경호팀이 먼저 떠오르는 것이다……
— Julie (@jiyooong) 14ти август, 2014
Навистина е душата она во што се вози папата. Иако целосно можам да разберам зошто го одбрал ова компактно возило, во глетката мојот ум веднаш се врти кон луѓето од обезбедувањето околу него, кои мора да се на чекор од срцев удар секој момент.
교황이 소울에 탄 사진이 어색하다고 느끼며 윳었다. 높은 자리, 명예를 가진 사람, 부자, 권력가, 이른바 높으신 분들은 검은색 세단을 항상 연상시키는데 교황이 그걸 타지 않으니 어색하게 느껴졌다
— hoon chang (@medok83) 14ти август, 2014
Фотографијата од папата во Душата ме изнасмеа бидејќи е крајно невообичаена. Црн седан секогаш ме потсетува на луѓе на повисоки позиции—привилегираните, луѓе со пари или моќ—и гледајќи како папата не е во еден од тие седани ми изгледаше симпатично.
기아차가 교황님이 타시는 차가 쏘울이라며 보도자료를 엄청 보내는 모양인데, 교황님이 낮은자를 굽이 살피어서 가장 싼 자동차를 타신거지 말입니다…..
— 물도마뱀 (@rumblepad) 15ти август, 2014
Киа најверојатно би сакал да испрати соопштение до печатот фалејќи се како Киа Соул (Душа) е избраниот автомобил на папата. Но тие би требало да ја сфатат причината позади тој избор: папата го одбра тој бидејќи е еден од најефтините автомобили, а тој многу се грижи за непривилегираните.
교황님은 쏘울 타고 가시고, 그 뒤에 커다란 세단을 타고 가는 경호원들…이제까지 본 적 없어 묘하고, 한편으로는 조금 감동적인 광경이다.
— 연연 (@sadlyamoral) 14ти август, 2014
Каква сцена—Папата се вози во Соул а неговото обезбедување го следи во големи седани. Ова е нешто ново за мене. Изгледа толку непознато, и во исто време, прилично трогателно.
교황과 동급이 되기 위하여 지금 차 팔고 소울을 사야겠다.
— 여울탄 (@kasarkim) 15ти август, 2014
Да бидам на исто ниво со папата, размислувам да го продадам мојот сегашен автомобил и да купам Соул.
Додека некои луѓе онлајн тврдеа дека постои недостиг на баланс во известувањето во медиумите за папската посета, многу други велат дека огромната популарност на папата го рефлектира автентичниот „глад“ на јавноста за лидери како Францис.
한국사람들이 교황에 열광하는 이유….한 명의 제대로된 지도자가 얼마나 많은 일을 하고, 영향을 줄 수 있는지는 제대로 보여주고 있다.
— Teresia.W (@dpondd) 17ти август, 2014
Причината поради која толку многу Корејци се „луди“ по папата е бидејќи тој демонстрира како вистински лидер може да постигне многу работи и навистина да влијае на луѓето.