- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Видео: Слушнете го најробискиот кафе бар претприемач

Категории: Супсахарска Африка, Кенија, Граѓански медиуми, Економија и бизнис, Развој

Запознајте го Питер Овити [1], претприемач на кафе барови во Најроби, Кенија:

Приказната за Питер Овити, „мозокот“ позади Pete’s кафе-барот, зборува многу за огромната количина напор која се троши кога се поставува успешен бизнис. Во краткото видео подолу, Пит, кој е татко на три деца, разговара со Куза Биашара за предизвиците со кои се соочил кога го започнал бизнисот во 2004.

Питер дал отказ од добро платена канцелариска работа и заминал со ништо повеќе од неговата животна заштеда од околу Ksh500,000 ($6,000), бил решен да се впушти на патека која едвај ја познавал. Денес, неговиот бизнис е проценет на Ksh5,000,000 ($60,000). Овој восхитувачки раст беше забележан и покрај злото нанесено од Кениските пост-изборни насилства (ПИН) во 2007/2008 кои се заканија да ја прекинат неговата низа од успеси.