Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Тајландската Хунта со забрана за ‘Тропико’, компјутерска игра која симулира воена диктатура

tropico

Фотографија од Фејсбук страницата на Тропико 5

Симулационата игра Тропико 5 е забранета од Тајландските власти откако беше прогласена за закана кон државниот ред и мир.

Играта Тропико му овозможува на играчот да биде диктатор по име Ел Президенте кој раководи со тропски остров во Карибите. Правејќи пародија од Јужно-Американските ‘банана републики’ за време на Студената Војна. За да остане на власт, лидерот може да направи и државен удар, се додека ги слуша потребите на граѓаните. Во петтата инталација на Тропико играта го гледаме Ел Президенте како води островска нација од раните почетоци на колонијалниот период, па се до модерно време.

Откако ја разгледаа играта, Државниот совет за ред и мир (ДСРМ) нареди на одделот за Промоција на Културата кој спаѓа под Министерството за Култура да ја спречи играта да се продава во локалните маркети. NCPO е официјалното име на владата создадена од тајландската армија, која направи државен удар на 22ри Мај, 2014.

По здобивањето на власта, Тајландската армија наметна разни форми на цензура во државата. Ги контролираше редакциите на големите ТВ куќи и го направи незаконско јавното собирање на 5 или повеќе луѓе. Армијата изјави дека ќе ја предаде власта на граѓанската влада по имплементирањето на разни политички и електорални реформи.

Тајландските власти исто така ја одбија играта бидејќи таа наводно е навредлива кон монархијата. Според под-комитетот на Агенцијата за филм и видео, тие ја забранија играта бидејќи истата му “овозможува на играчот самиот да ја именува државата и лидерите или кралот.” Тие додаваат:

Играњето на игра е различно од гледање филм, бидејќи оваа игра им дозволува на сите играчи да ги изразат своите верувања без страв од законот, затоа е несоодветно да се дистрибуира таква игра, особено во моменталната ситуација.

Државно спонзорирана вест ја потенцираше можноста во играта која овозможува на диктаторот да го симне од власт монархот. Случај на Lese Majeste веќе е поднесен против дистрибутерите и креаторите на играта. Тајланд имплементираше строг Lese Majeste (навреда против Кралот) закон во чест на кралот Bhumibol Adulyadej, најсаканата јавна личност во државата.

Nonglak Sahawattanapong од New Era Interactive Media, официјалниот дистрибутер на играта во Тајланд, изјави дека владините претставници не ги прецизирале проблематичните делови во играта:

Владините претставници рекоа дека одредени делови од играта не се соодветни за сегашнава ситуација. Тие не прецизираа точно кои делови се проблематични, но ние мислиме дека тоа е поврзано со прашањата за владата во Тропико 5.

Тропико 5 е направена од Бугарскиот развивач на игри Haemimont. Kalypso Media, кои се сопственици на играта, излегоа со изјава на разочараност по повод забраната на играта во Тајланд:

Ние сме разочарани што Тропико 5 нема да биде пуштена во продажба во Тајланд. ‘Тропико 3 и 4 наидоа на добар одзив во државата и иако брендот Тропико има реалистични политички елементи, сценаријата и содржината на играта се произнесени низ специфичен хумор и сатира.

Дури и фиктивниот лик Ел Президенте твиташе за забраната:

Политичкиот аналитичар Saksith Saiyasombut напиша дека Тајландските власти “страшно лошо ги одвоиле фактите од фикцијата.” Тој додава:

Со повикувањето на секогаш осетливото прашање на монархијата цензорите користат шема под чие покритие лесно можат да забрануваат работи – но од друга страна ниту развивачите на играта ниту играчите не го имаа првично тоа на памет и најверојатно го слушаат истото за првпат!

Оваа најнова форма на цензура во Тајланд дополнително допринесе за согледување на се полошата состојба на слобода на изразување во државата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.