- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран: Сведоштва од малтретирање и силување

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Владеење, Дигитален активизам, Политика, Протест, Религија, Слобода на говор, Филм, Човекови права

Иранските власти беа обвинети од опозицијата и од експерите на ОН [1]за малтретирање на затворениците кои протестираа против резултатите од претседателските избори од 12 јуни. Мехди Каруби, водач на опозицијата и поранешен спикер на иранскиот парламент, тврди [2] дека притворените мажи и жени биле силувани во затворите „ Евин“ и „Кахризак“ во Техеран и дека политичките з�твореници се измачуваат до смрт.

Силувањето и малтретирањето не се нови појави во иранските затвори, но скорешните настани го свртија повеќе вниманието кон затворите од исламскиот режим. Ирански активисти од граѓанското општество, меѓу кои и Реза Аламехзадех [3], водечки филмски режисер,користат граѓански медиуми за да ги нагласат сведоштвата за иранската трагедија.

Поранешна политичка затвореничка го раскажува своето искуство од 1980-тите година, кога била заробена, измачувана и силувана во еден ирански затвор. Таа тогаш имала само 17 години и не ја знаела причината за нејзиното апсење. Повеќе од 84 000 луѓе го имаат гледано нејзиното сведоштво на YouTube.

Кахризак

Илјадници протестанти, меѓу кои дел беа повредени, беа уапсени за време на јулските демострации, а стотици беа испратени или во затвор или во куќа за измачување наречена „Кахризак [4]“.

Еве сведоштво [5]на еден од преживеаните кое е објавено на неколку блога:

Нè одведоа, заедно со уште десетина други луѓе, во „Кахризак“ логорот. Во собата кај што бев јас држен имаше уште барем 200 луѓе. Сите беа повредени; тепани со палки. Се слушаа пискотници од луѓе од некоја друга просторија… Едноставно облечени полицајци влегоа во собата, тепајќи кој ќе стигнат. Го правеа тоа половина час. Потоа, ни светеа во очи со џебна ламба и рекоа дека секој што ќе писне, ќе добие палка во задникот … за да не умреме од глад, секој ден ни даваа ќеса со остатоци од храна.

Во ова интервју [6], еден преживеан објаснува како затворениците во „Кахризак“ биле принудувани да лижат вода од подот.

Ајатхолах Али Хаменеи, Врховниот водач на Иран, нареди [7] затворање на „Кахризак“. Пратеници изјавија [8] дека  била покрената постапка против 12 полицајци и судии заради инцидентите во „Кахризак“.

Тепан со кабел, без испрашување

Сепак, куќите за измачување во Иран постојат веќе 30 години и „Кахризак“ не е единствената. Еве уште едно сведоштво [9] на еден ирански граѓанин кој бил уапсен и измачуван во „Евин [10]“ затворот само бидејќи се наоѓал во близина на местото на протестите.

Немав намера да учествувам во протест и само, сосема норлмално, одев по улицата. Сепак, ме зграпчија и ме внесоа во една кола, каде што ме оставија до 21 часот. Сите во колата беа со врзани очи и нè одведоа некаде. По три дена, дознав дека нè одвеле до улицата „Мотахари“. На сите ни доделија испитувач, избран случајно. Моето испрашување траеше до 1 часот по полноќ, но не ми поставија ни едно прашање. Ме тепаа со кабел и други работи без да ми постават ниту едно прашање.