Еквадор: Бурната врска на претседателот Кореа со медиумите

По минатогодишното полициско востание, жителите на Еквадор се нетрпеливи да откријат кој беше одговорен за настаните кои се случија на 30 септември 2010 година, кога земјата беше во хаос поради полициски штрајк против промените во законот со кои се намалуваат бенефициите за неколку јавни субјекти.

Еквадорските судови одлучија по прашањето, „прогласувајќи шест полицајци виновни за злосторства против безбедноста на државата.” Во тек е сослушување за жалба против одлуката, но конфликтот помеѓу претседателот Рафаел Кореа и еквадорските медиуми е далеку од разрешен.

President Correa with a copy of El Universo. Image by Flickr user Presidencia de la República de Ecuador (CC BY-NC-SA 2.0).

Претседателот Кореа со примерок од El Universo. Слика од корисникот на Фликр Presidencia de la República de Ecuador (CC BY-NC-SA 2.0).

Проширување на јазот

Јазот помеѓу Кореа и печатот се прошири откако Кореа е фаворизиран од Петнаесетиот суд за криминални гаранции на провинцијата Гајас во судењето за клевета против Емилио Палачио, еден од најпознатите новинари во земјата и поранешен главен уредник на весникот El Universo.

Според адвокатот на Кореа, едиторијалот на Палачио му припишал на неговиот клиент обвиненија за убиства, злосторства против човештвото и наредби на трупите да отворат оган на болницата каде бил сместен Кореа на 30 септември, 2010 година.

Судијата Хуан Паредес го осуди новинарот и тројца директори на El Universo на три години затвор и вкупна казна од 40 милиони американски долари. Откако дозна за одлуката на судијата, Фернандо Алварадо, секретар за печат на претседателството, изјави дека слободниот говор е гарантиран во земјата и дека владата не ги гони медиумите. Дополнително, Кореа изјави дека одлуката на судијата била коректна бидејќи „ја криминализира слободата на изнудување, а не слободата на изразување“.

Buró, веб-сајт специјализиран во политички менаџмент, односи со јавноста и комуникациска стратегија, предочува дека весникот ја дискутирал невообичаената брзина со која дејствувал еквадорскиот суд: „За 4 месеци судењето на El Universo имаше 5 судии и беше решено за помалку од еден ден.”

Ова не е прв пат еквадорски новинар да биде тужен за неговиот/нејзиниот коментар: телевизиското шоу ‘La Television‘ беше тужено од поранешниот министер за култура, Сандра Кореа (не е во сродство со претседателот), и новинарот Фреди Видал Апонте беше тужен од поранешниот градоначалник на Лоја, Хозе Боливар Кастило. И Палачио претходно бил тужен за клевета, од Камило Саман, претседател на Националната финансиска корпорација (CFN).

Ниту ова не е прв пат владата на Кореа да се судри со медиумите. Како што Амнести Интернешнал објаснува:

Последниот случај доаѓа во време на зголемена загриженост поради ограничувањата на слободата на изразување во Еквадор. Референдумот во мај содржеше прашања во врска со ограничувањата на сопственоста на медиумите за вести и создавање на владино регулаторно тело за надгледување на „испадите“ во медиумската содржина.

Откако правната одлука беше обелоденета во јавноста, во Еквадор и пошироко имаше безброј реакции. Еквадорската асоцијација на уредници на весници (AEDEP), Интер-американскиот суд за човекови права (CIDH), и други ја предизвикуваат пресудата.

Поранешниот ад-хок судија во CIDH, Реј Кантор изрази грижа за правниот процес во случајот, велејќи дека човечките права се навистина прекршени на два начина: со прекршување на слободата на изразување и со отсуство на законски процес поддржан од независни судии. Кантор, исто така, изјави дека CIDH утврди дека не може да се користат нејасни и двосмислени стандарди за клевета за да се наметне одговорност на некој кој се смета за државен службеник.

Понатаму, блогот Американски поглед на The Economist’s известува:

Интер-американската комисија за човекови права рече дека одлучувањето беше „спротивно на регионалните стандарди за слобода на изразување“ и ќе создаде „само-цензура и видлив ефект на ладење кој ќе влијае не само на осудените индивидуи туку и на еквадорското општество во целост.“

Еквадорскиот секретар за комуникации, Фернандо Алваро Еспинел, одговори во писмо до The Economist, наведувајќи:

„Во Еквадор, како и во многу други земји, правото на граѓанинот да ја брани својата чест и репутација е заштитено со уставот. Слободата на изразување не е слободна пропусница за истуркување на правото на другиот да го брани своето достоинство.“

Блогерите реагираат на пресудата

Режисерот и сценарист Карлос Андрес Вера го анализира јазикот кој Палачио го користи во неговата колумна. На неговиот личен блог Polifiction, Вера пишува дека откако го прочитал делото неколку пати заклучил дека новинарот го навредил претседателот, но дека тужбата и пресудата се непропорционално сурови.

За Хозе Фернандо Гомез од Desde mi trinchera, замолчувањето на еквадорскиот печат имплицира режим на диктатура, и тој објаснува зошто жителите на Еквадор треба да се претпазливи:

Todos sabemos que las dictaduras, aunque le den centavos a los pobres para tenerlos de su lado, enriquece a las cabezas. En la Rusia comunista, sólo los del Politburó vivían bien. En la pobre Cuba el pueblo se muere de hambre mientras los Castro y su grupo viven opulentamente. Hemos visto videos y fotos de cómo viven los magnates de los países en los que los Gobernantes tienen tiempo en el poder, como vivía la familia Batista en la Cuba pre comunista, Sadam y tantos otros más.

Сите ние знаеме дека диктатурата, иако се даваат ситни пари на сиромашните за да ги држат на страна, ги збогатува оние на врвот. Во комунистичка Русија, само Политбуро живееше добро. Во сиромашна Куба луѓето гладуваат додека Кастро и неговата група живеат луксузно. Сме виделе снимки и фотографии од тоа како могулите живеат во земји каде оние кои владеат остануваат на власт долго време, како што фамилијата Батиста живееше во пред-комунистичка Куба, Садам и многу други.

Како што Глобал Воисес извести претходно, најмалку пет национални весници ја објавија истата приказна на 10 август, Денот на независноста на Еквадор. Адам Исаксон објасни:

Главните еквадорски весници ја објавија истата приказна денес — „За слобода на изразување“ — за да протестираат против зголемените вербални и правни напади врз независните медиуми од страна на претседателот Рафаел Кореа. Претседателот посвети 42 минути од неговиот говор за состојбата на Унијата за да го критикува печатот.

Фаусто Лупера Мартинез во El Ecuatoriano се повикува на обраќањето за состојбата на Унијата, каде секој 10ти август, претседателот мора да го информира националното собрание во врска со владиното усогласување со националниот план за развој и други цели. Тој вели дека Кореа го прекршил уставот бидејќи го делегирал тој дел од говорот на заменик-претседателот и други министри, и посветил голем дел од неговото обраќање на дискусија на медиумите и уште еднаш споменувајќи го минатогодишното полициско востание.

Роќе Планас од Советот на Америка објаснува „Кореа вели дека понудил да ја повлече тужбата доколу весникот објави исправка, но весникот одбил. Наместо тоа, El Universo понудил да објави изјава од Кореа, но тој исто не прифатил.“

Блогот Guayaquil Insumiso дискутира за случаи кога еквадорските медиуми шират „гласини“ и не ги верификуваат нивните извори:

Los medios se comportan como humanos, porque están manejados por humanos y en nuestra cultura estamos acostumbrados a difundir rumores como si fuesen verdades confirmadas. Que el periodismo político en Ecuador se maneje de la misma manera, lo hace digno de estar en un circo, porque a la final representa lo que somos; y todos somos dignos de estar en un circo.

Медиумите се однесуваат како луѓе, бидејќи тие се водени од луѓе и во нашата култура ние сме навикнати да шириме гласини како тие да се потврдени вистини. Фактот дека политичкото новинарство се однесува на истиот начин, го прави вредно колку и една циркуска изведба, бидејќи на крајот претставува кои сме ние; и сите ние заслужуваме циркуска изведба.

Неодамнешна анкета покажа дека претседателот Кореа има 74.9 проценти стапка на одобрување, но ова може да се промени откако жителите на Еквадор дознаа дека Палачио неможе да ја плати казната и ќе ја загуби неговата куќа како последица на оваа пресуда.

Палачио не го повлече она што го напиша во гореспоменатиот напис, ниту претседателот Кореа формално ја прифати ветената исправка од Карлос, Цезар и Николас Перез, сопственици и менаџери на El Universo во Гуајаќил.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.