Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Саудиска Арабија: Нов закон за анти-тероризам ги задушува протестите

Пред неколку дена, Амнести Интернешнл објави откриен нацрт на новиот закон за анти-тероризам на Саудиска Арабија, кој организацијата го објасни, во изјава, како „закон кој би им дозволил на властите да гонат мирољубиви дисиденти со груби казни како терористичко злосторство“, додавајќи дека овој закон би казнувал, загрозувајќи го интегритетот на Кралот или на Принцот, со минимална затворска казна од 10 години.

Ажурирање: Веб-сајтот на Амнести Интернешнл е блокирана во Саудиска Арабија.

Амнести Интернешнл (@amnesty)  ја објави веста преку Твитер, каде многу луѓе реагираа со хаштагот #SaudiTerrorLaw:

@amnesty: Тајни документи откриваат нов #SaudiArabia „Анти-терор“ закон кој би ги згмечил мирољубивите дисиденти http://owl.li/5KS9Y

Twitter avatar saying "I'm patriotic, therefore I'm a terrorist", as posted by Lujayn Alyamani

Нова Твитер профил слика на која пишува „Јас сум патриот, значи јас сум терорист“, поставена од страна на Лујајн Алјамани

Саудиски блогер Ахмед Ал-Омран (@ahmed) објави неколку твита поврзани со новиот нацрт-закон и забележа:

@ahmed: Гледам многу саудиски твитерџии кои предлог законот за анти-тероризам го нарекуваат „итен закон“, @alfarhan sпак рече дека тие се трудат да ја имитираат Северна Кореја.

Саудискиот блогер Фоуад Ал-Фахран (@alfarhan), спомнат во претходниот твит, ја изрази својата реакција на предложениот закон за анти-тероризам преку Твитер и во следниот негов твит тој се повика на познатата новела на Џорџ Орвел- 1984, велејќи:

@alfarhan: 2011 е нашата 1984 #Saudi #SaudiTerrorLaw

Саудискиот Адвокат Фахад АлМалки (@falmalki) суштината на новиот закон ја дефинираше со горчлив и саркастичен тон:

@falmalki: Прашање: Дефинирај: Преситен сум. Одговор: Не можам. Може да ме затворат. Само можам да кажам дека треба да значи: Потполно сум среќен.

Саудискиот новинар Иман Ал-Кахтани (@ImaQh) бара од саудиската елита да ги спречи властите од одобрување на споменатиот предлог-закон:

واجب اخلاقي على النخب الثقافية والدينية المقربة من السلطة مناصحتها بخطورة النظام المزمع اصداره وتداعياته الخطيرة على الحريات

@ImaQh: Етничка должност на интелектуалната и религиозната елита блиска до власта е да ги советуваат колку овој закон е опасен по слободата.

Саудискиот активист Валед Абу Алкаир (@abualkhair) го предупреди советот Шора околу одобрувањето на таков закон:

كمواطن سعودي أحمل أعضاء مجلس الشورى المسؤولية التاريخية الكاملة في تمرير نظام مكافحة الإرهاب الجديد

@abualkhair: Како граѓанин на Саудиска Арабија, сета историска одговорност ја препишувам на членовите на советот Шора за поминувањето на новиот закон за анти-тероризам

Лујајн Алјамани (@LujaynAlyamani) го изрази нејзиното разочарување за колку анти-демократски закон станува збор:

اسمعوا: هذا المشروع اغتصاب مشرع لأحلامنا! عار والله أن نعيش عراة من الأحلام لهذا الوطن

@LujaynAlyamani: Слушнете, ова е проект за легално силување на нашите соништа! Штета е да живееме оголени од нашите соништа во оваа земја

Друг саудиски твитерџија, Муаз Дахдах (@mouazmb) пишува за неговиот едноставен опис на овој закон:

باختصار “قانون طوارئ جديد”

@mouazmb: На кратко, нов итен закон!

Маха АлАсмари (@maha_alasmri) објасни како овој закон ќе ја убие слободата на говор во оваа земја:

ان طُبق هذا النظام سيأتي يوم يكون فيه وجود مُعتقل من كل عائله سعوديه بالسجون بتهمَه التعبير عن الرأي أمر طبيعي


@maha_alasmri
: Ако овој закон биде прифатен, ќе дојде денот кога секоја фамилија од Саудиска Арабија ќе има по еден од нив во затвор поради изразување на своето мислење!

Мохамед Келаиви (@khelaiwy) овој закон го гледа како знак дека саудискиот владејачки систем не ја разбрал лекцијата на арапската младина:

صاحب القانون لم يستوعب دروس الثورات العربية ونتائج القهر والظلم وامتهان الكرامة وغياب المعارضة الوطنية الشريفة

@khelaiwy: Оној кој го напишал овој закон не ги разбрал лекциите на арапските револуции и резултатите од обесправеноста, неправдата, понижувањето и отсуството на достојна опозиција.

Келаиви додаде и:

كلنا ضد الأرهاب والأرهابيين ولكن استخدام قوانين جائرة بأسمة لتجريم وسلب حقوق المواطن المشروعة هو ارهاب ايضا


@Khelaiwy
: Сите ние сме против тероризам и терористите, но користењето на неправедни закони и одземањето на секое право на граѓаните, во името на борењето со тероризмот, самото по себе е тероризам.

Мајед Алнемер (@majedalnemer) додаде:

@majedalnemer: Саудискиот закон за анти-тероризам ќе ги убие граѓаните наместо терористите!

Мохамед Ал Рашид (@Onlinemars) на твитер пишуваше за застрашувачката природа на овој закон и за тоа колку грешат саудиските власти кога се справуваат со тероризмот:

عندما حاربت أمريكا وأوروبا الإرهاب حاربته خارجيا لتحمي داخلها. ونحن نحارب الإرهاب داخليا لنحمي من؟

@Onlinemars: Кога Америка и Европа се бореа со тероризмот, тоа го правеа во надворешноста за да ја заштитат внатрешноста, додека ние се бориме со тероризмот внатре, за да заштитиме кого?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.