Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Мароко: Приказани за Рамазан

Во Мароко, како и во цел „муслимански свет“, почна Рамазан, а со тоа и блогерите почнаа да ги пишуваат нивните искуства. За секој оној кој е во Мароко, без оглед дали го слави празникот, дали е странец во земјата или е само среќник кој е дел од Ифтар, Рамазан е мирно време на заедништвото.

Блогот Поглед од Фез, кој нуди прирачник за Рамазан за странците во Мароко, им посакува на своите читачи благословен Рамазан со следнава слика:

Блогот исто така споделува вести за бројот на џамии во земјата кои за кратко ќе бидат затворени поради нивно обновување (минатата година паднало едно минаре и усмртило многу луѓе), кое за жал коинцидира со светиот месец:

Сега се завршени истражувањата и ќе почне обновувањето. Од Владата е објавено дека ќе бидат затворени 1,256 џамии кои се смета дека се „небезбедни“.

Министерството за религиозни работи изјави дека повеќе од 500 џамии ќе бидат комплетно демолирани и обновени. За тоа време ќе бидат поставени тенди за верниците.

Министерството изјавува дека ќе бидат прегледани повеќе од 19,000 џамии во околните земји, чија бројка достигнува до 48,000. Сума од 325 милиони долари е одвоена за оваа работа, вклучувајќи го демолирањето и обновувањето на 513 џамии.

За странците кои живеат во Мароко празнувањето на Рамазан е често обесхрабрувачки. За еден блогер кој пишува на блогот Од ладната земја со жешкото сонце, искуството носи огромна почит кој Муслиманите. Блогерот пишува:

Јас само делумно го практикувам Рамазанскиот пост; освен што не консумирам храна за време на светлите часови, јас продолжувам да пијам вода, иако немам одобрение од семејството. Да се воздржиш од тоа би било ѕверски. Да издржиш без храна дванаесет часови исто така е непријатно, но да издржиш без вода е генијално страдање и вистински тест на издржливост. Не дека некој нема да го забележи тоа само ако набљудува. Како и двата претходни Рамазани кои ги искусив овде, навистина сум воодушевен од јачината на Мароканците кои продолжуваат да ги извршуваат секојдневните обврски нормално, најчесто под врелото летно сонце, а особено жените кои ги поминуваат деновите опкружени со мирисите на вечерните јадења кои ги подготвуваат во текот на целиот ден.

Сара Алауи од Збунувачки занес споделува фотографии од нејзината харира, традиционална супа од леќа која се јаде кога се прекинува постот:

Домашна харира од Сара Алауи


За Рамазан, Алауи пишува:

Ова е тоа време од годината кога се се чувствува спокојно и ненадејна мирна атмосфера поврзува се…Рамазан.

Јас направив мароканска супа од леќа минатата ноќ за прв пат и беше вкусна и јас тоа го нареков успешен обид без оглед на длабоката расекотина која ја добив отворајќи ја конзервата од наут. Исто така направив Мароканска „харша“, малку посолен изронет леб, замесен од гриз. Вкусно, со малку сирење бри и џем од малини.

За оние кои го прославуваат, им посакувам среќен Рамазан. За оние кои не се Муслимани, Ве охрабрувам да посетите муслиманска куќа за време на ифтар–ифтар е прекинување на постот кога сонцето ќе зајде. Тоа е прекрасно искуство :). Јас обожавам да готвам за моите пријатели за време на овој месец.

За оние кои не можат да присуствуваат на ифтар, Исламски ифтар Ви нуди марокански рецепт:

Денес објавуваме рецепт за ифтар од Мароко. Популарен е и лесен за подготвување дома – главно јадење во Мароко за време на Рамазан. Кус-кус е основно зрно од гриз или од лупено просо.

Мароко е познат по неговите вкусни јадења од кус-кус кои се топат во уста и овој рецепт е еден од омилените во Мароко. Неверојатно вкусен и брз, овој е единствен рецепт кој ја прави мароканската трпеза вистинско уживање.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.