Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Африканските мислители за потеклото и релевантноста на етничкиот идентитет

Исто како што жителите на Скандинавија и на медитеранските земји мора да се сметаат за два екстремни пола на истата антрополошка реалност, така и црнците од Источна и Западна Африка би требало да бидат сметани за два екстрема во реалноста на црнечкиот свет. Чеих Анта Диоп

Етничкиот идентитет отсекогаш демнел во политичките дискусии во Африка. Сепак, многу африкански мислители расправаат дека етничкиот идентитет никогаш не бил значајна тема се до почетокот на колонизацијата. Дали етноцентризмот играше главна улога во неодамнешните анкети во многу африкански земји е сè уште предмет на дебата, но секако е причина за загриженост кај многу интелектуалци кои што се залагаат за подемократски избори. Други расправаат дека етничкиот идентитет би можел да биде поларизиран од минатите и сегашни политички мотивации, но тоа е реалноста на африканскиот континент, за која што мора да се води сметка во било која регионална анализа. Еван Либерман , на пример, во својата книга Boundaries of Contagion (Граници на зараза) расправа дека етничките граници на Јужна Африка ја спречуваат ефикасноста на HIV/AIDS политиките во споредба со бразилските политики.

Тоа оди без да се каже дека етничкиот идентитет е чувствителна тема кога се дискутира за африканските политики. Кога се прави обид да се зафатат приказните за Африка, би требало да се сетиме на кенискиот писател Бињаванга Ваинаина и неговото саркастично говорење во Гранта магазинот на тема „Како да се пишува за Африка“:

Во вашиот текст, третирајте ја Африка како да е тоа една земја. Таа е жешка и правлива со пасишта и огромни стада животни и високи, витки луѓе кои гладуваат. Или пак жешка и замаглена со многу ниски луѓе кои што јадат примати. Не се преоптеретувајте со прецизни описи. Африка е голема: педесет и пет земји, 900 милиони луѓе кои што се премногу зафатени со гладување и умирање и војување и емигрирање за да ја читаат вашата книга.

(Во следниот напис, Ваинаина го објаснува потеклото и несогласувањето во неговиот говор)

Бињаванга Ваинаина. Фотографија од WhiteAfrican на Flickr, користена под Криејтив комонс-Наведи извор 2.0 лиценца

Додека Бињаванга Ваинаина предупредува за замката од пошироки судири и обрнува внимание на регионалните специфичности кога пишува или кога се обидува да ги разбере политичките настани во Африка, други писатели сугерираат дека етничкиот идентитет е маргинален дел од африканската историја кој што ја има изгубено својата релевантност со новата генерација. Кенискиот блогер Андрѕ Маина размислува за влијанието на етничкиот идентитет, посебно во контекст на изборите и можната генерациска смена во релевантноста на таквиот концепт:

Каква релевантност има етничкиот идентитет, ако воопшто има некаква, во модерноста, дури и во животот на човек од мојата генерација […] Ние Африканците веќе сме виделе колку може да биде висока цената за цели заедници зафатени во погрешен ‘племенски блок’ на погрешно место во погрешно време, Кенија во раната 2008 и Руанда во 1994 како најсликовити случаи. Би требало ли фактот дека тоа што си роден во семејство со двосмислена релација со некој дебел стар човек во костум, куќа на ридот, да биде одлучувачки фактор како ќе гласаш ..] Најчесто добиваш влада полна со медиокритети кои или ги полнат нивните џебови со парите од даноци или едноставно не успеваат да бидат на твоја страна кога ти треба нивната помош. Секако, етничкиот идентитет не би требало да диктира некои работи, но во реалноста често тоа го прави.[…] Најчесто ефектите се негативни, назадни, или непривлечни. Можат ли работите да бидат поинакви посебно сега, како што верувам многу африкански земји можат да посведочат генерациска смена во лидерството кон група на лидери без паметење на колонијализмот? Можеби да, можеби не.

Африканските писатели: Рахириманана, Мабанчоу и Нимрод

Ана Гуеје, блогер со сенегалско потекло, објаснува дека етничките идентитети не беа дел од африканското наследство се до доаѓањето на колонизацијата [француски]:

Les groupes ethniques sont en grande partie un héritage colonial, qui ont émergé comme des instruments pour contrôler les personnes et se partager leurs ressources [..] Les colons européens ont encouragé l'assimilation des Africains en groupes, par la création d'unités administratives qui ont ensuite été étiquetés en termes ethniques, comme cela s'est produit en Ouganda avec la classification obligatoire des populations locales en fonction de leur «tribu », comme cela s'est produit aussi au Rwanda. [..] Les Africains eux-mêmes ont participé à cette création de « tribus », pour ne pas complètement s’exclure du processus d’allocation des ressources par les colons. L'ethnicité a ainsi été promue et définie afin de « poursuivre l'avantage matériel », pour reprendre la description Crawford Young. Et ce n’est pas fini, les politiciens se maintiennent au pouvoir grâce à ce système

Етничките групи се за најголемиот дел, дел од колонијалното наследство кое што се појави како алатка за контрола на луѓето и користење на ресурси [..] Европските колонијалисти ја охрабруваа асимилацијата на Африканците по групи преку создавање административни единици кои беа потоа означувани како етнички групи со задолжителна класификација на локалното население според племињата во Уганда и Руанда [..] Самите Африканци придонесуваа кон создавањето племиња со цел да не бидат комплетно исклучени од алокацијата на ресурсите од страна на колонистите. Затоа, етничкиот идентитет беше дефиниран и промовиран како начин на придобивање „материјална корист“ како што тоа Crawford Young го развиваше. Тоа е сè уште релевантно и денес, политичарите сè уште го користат етничкиот идентитет за да останат на власт.

Етноцентризмот беше тема на интерес во предизборниот период во Гвинеја како што укажува Guinee50 [француски]:

C’est regrettable et inquiétant que tout problème politique dans ce pays, commence ou finit toujours par des passions ethnocentriques. Disons clairement que nous avons érigé l’ethnocentrisme en mode de vie [..] j'avoue que l'ethnocentrisme est le thème qui m'a beaucoup plus donné l'envie de m'exprimer en ligne pour dénoncer à ma manière les dérives communautaristes

Жално е и загрижувачки дека сите политички проблеми во оваа земја почнуваат и завршуваат со етноцентристичка треска. Да кажеме јасно, го изградивме етноцентризмот како начин на живот[..] Признавам дека етноцентризмот е еден од начините зошто се одлучив да блогирам, така можам да ги осудам колективистичките дискурси.

Во Мадагаскар, како што се приближуваат изборите, Achille52 го оплакува фактот дека оваа земја изгледа отсекогаш заостанувала назад на патот кон демократија и развој. Тој го идентификува етничкиот идентитет како една од причините зошто Мадагаскар секогаш заостанувал [француски]:

Les candidats à n’importe élection utilisent deux armes principales, la première est la menace de la guerre tribale. « Ne choisissez pas untel, car il est betsimisaraka !! Ou ce gars est un Betsileo, et il va nuire à votre région !!« . Ce genre de discours est récurrent, et se trouve dans la bouche de tous les politiciens pour une seule raison, l’identité ethnique efface les efficacités du programme électoral. Les candidats n’ont plus besoin de développer les problèmes sociaux, et ce qu’ils comptent faire pour les résoudre.

Кандидатите на сите избори секогаш го користат истиот дискурс, првиот е заканата од племенска војна. „Не го избирајте него, тој е Betsimisaraka!! Или овој е Betsileo, тој ќе биде штетен за вашиот регион!!“ Овој начин на говор постојано се повторува затоа што етничкиот идентитет ја брише потребата за ефикасни изборни програми. Кандидатите повеќе не треба да наоѓаат решенија за социјалните прашања или пак да развиваат стратегија за да ги решат.

На крајот, африканските писатели Еугене Ебод (Камерун) и Џен-Лук Рахариманана (Мадагаскар) веруваат дека Африка треба да го редефинира етничкиот идентитет и граѓанството за да продолжи понатаму [француски]:

Pour que l'Afrique sorte de l'apitoiement et des clichés, il lui faut reconsidérer non pas ce que l'ethnie veut dire et recouvre, mais ce que la citoyenneté partagée révèle comme nouveaux enjeux, nouveaux comportements sociaux, éthiques et politique.

За да побегне Африка од клишето и самосожалувањето, не е значењето или импликациите на етничките групи кои што мора да ги редефинира, туку нивната истоветност како граѓани од ист континент со заеднички аспирации и заеднички социјални, морални и политички околности.
Бињаванга Ваинаина

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.