Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Илјадници ги избричија своите глави за подигање на свеста за ракот во Сингапур

Лансиран во 2003 од страна на Фондацијата за деца заболени од рак, Коса за надеж е настан на кој се бричат главите во Сингапур со кој се собираат средства и се подига свеста за децата заболени од рак. Подолу се целите на кампањата:

- Да се подигне свеста за децата заболени од рак во Сингапур
– Да им се покаже на децата заболени од рак и нивните фамилии дека тие не се сами во нивната борба против ракот
– Да им се каже на децата заболени од рак дека е во ред да се биде ќелав
– Да се соберат средства за да им се помогне на децата заболени од рак и нивните фамилии
– Да се изгради заедница за поддршка на децата со рак и нивните фамилии

Избричената глава „претставува разбирање од страна на индивидуата на измачувањата со кои се соочуваат децата заболени од рак“. Во 2003 имаше само 9 волонтери, но во 2012 бројката на учесниците достигна повеќе од 6000.

hair_for_hope

Келвин Ви, новоизбричен, објаснува зошто се приклучи на настанот:

Ракот не мора да биде смртна казна и можеме да придонесеме со поддршка на овој настан. Има многу деца на кои им треба нашата помош и можеме да направиме разлика.

Патрик Кох учествува во кампањата изминатите седум години:

Знам за луѓе заболени од рак кои ги поминаа третманите. Но, не ја изгубија целата нивна коса. Но сигурно им треба повеќе финансиска поддршка бидејќи терапијата е навистина скапа. Се бричам за да им покажам на децата дека е во ред да бидат ќелави. Нема ништо погрешно во тоа. Исто така, се бричам за донации за да помогнам финансиски на овие деца и нивните фамилии. Моите родители исто така беа заболени од рак пред многу години и фала му на Бога беа излечени.

Еве некои фотографии од минатомесечниот настан за бричење на главите:

Photo from Facebook page of Hair for Hope

Фотографија од страницата на Фејсбук на Коса за надеж

Photo from Facebook page of Hair for Hope

Фотографија од страницата на Фејсбук на Коса за надеж

Photo from Facebook page of Hair for Hope

Фотографија од страницата на Фејсбук на Коса за надеж

Инцидент по настанот стана контроверзен кога на некои студентки кои ги избричиле нивните глави им било наредено од училишниот директор да носат перика на кампусот. Директорот ги наведе училишните правила кои не дозволуваат „панк, неженствени или несредени фризури“.

Алфред Додвел ги замолува училишните службеници да ги разгледаат политиките кои ја ограничуваат слободата на изразување:

Нели можат Сингапурците да бидат слободни да се изразат на начини како што е бричењето на нивната глава? Мора ли да има ограничувања и на тоа? Дали тинејџер со избричена глава или офарбана коса е лошо влијание за останатите од училиштето?

Можеби е време министерството за образование да ја разгледа важноста на униформите и да им дозволи учениците одредена доза на самоизразување во рамките на тоа како се облекуваат и избор како ќе ја носат нивната коса.

Стефани Јуен-тио напиша отворено писмо до Министерот за образование на темата:

Министре, ви пишувам за да ја изразам мојата загриженост за состојбата на образовниот систем. Ме загрижува што оваа форма на технократско потчинување на правилата е насоченоста на нашите главни едукатори. Се надевам дека ова е изолиран инцидент и нерепрезентативен за нашиот едукативен систем.

Но, анонимен коментатор истакна дека девојките ветиле дека ќе носат перики пред да се пријават како волонтерки на настанот:

Ветување си е ветување. Какви вредности ќе им наметнете на следните генерации ако некој може да прекрши ветување само бидејќи чувствува дека ја прави правилната работа? Денес е кршење на ветување, што ако утре е кршење на законот?

Грејс Чуа ја критикуваше реакцијата на училишните претставници:

Дали ќелавото е – ПАНК? НЕУРЕДНО? и кој може да каже што „не е женствено“?

Дури и да се каже дека ги прекршиле правилата со „неженствена фризура“, не може да имаат изговор бидејќи се работи за добра кауза?

Сериозно, покажете малку сочувство. Правилата се фиксни, но нашите умови не се.

BlackValkyrie7 ги замоли сите учесници на настанот Коса за надеж:

Тие луѓе (особено девојките) кои ги избричија своите глави на овој настан, заслужуваат целосна почит и признание. Ајде да бидеме искрени… не секој е способен да учествува до таа мера. Никогаш нема да учествувам во нешто вакво доколку ми биде даден избор. Ја разбирам болката на губење на косата бидејќи ја имам искусено претходно. Затоа чувствувам дека тие учесници се многу храбри и искрени. Не е нешто што може секој да го прави. Палците нагоре за тие учесници.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.