„Направи сам“ кодекс за етика во новинарството

The Online News Association logo.

Логото на Асоцијацијата за Онлајн Вести.

Етиката во новинарството е секогаш присутно прашање, и нешто за кое новинарите и уредниците имаат поделени мислења. Различни ситуации можат да бараат различни правила и регулации — нема етички кодекс кој одговара на се.

Асоцијацијата за Онлајн Вести (АОВ) соработува со поголема група на новинари, истражувачи, и уредници за создавање на етички кодекс за новинари кој може да се користи во многу ситуации. Проектот е ориентиран кон организации за вести, стартапи, индивидуални новинари и блогери. 

Одговорниот за проектот, Том Кент, во едно интервју преку е-пошта изјави:

Почуствувавме дека има потреба од опција за оние кои не сакаат веќе изготвени етички кодекси како оние кои ги нудат многу организации, туку оние кои сакаат да работат во создавањето на етички кодекс кој ќе ги рефлектира нивните новинарски вредности.

Во средиштето на дебатата за етика во новинарството, непристрасноста во известувањето е секојдневна грижа за новинарите. Овој проект се обидува да води кон некој среден курс, нудејќи сет на основни принципи и вклучувајќи флексибилни “делчиња” кои новинарите или организациите можат да ги направат моделираат во зависност од нивниот индивидуален поглед на новинарството. Предложениот кодекс исто така ќе нуди аргументи од различни перспективи за секој предмет.

Првиот дел од процесот претставуваше согласување на одредени основни, фундаментални интереси на новинарите, вклучувајќи ги “кажување на вистината”, “конфликт на интереси”, “заедница”, “професионално однесување”. Како прво и основно, тие предлагаат секој новинар и новинарска агенција да ги земе предвид овие работи.

Вториот чекор во процесот за новинарот или новинарската агенција е да се справи со прашањето на непристрасност. Откако ова ќе се направи, тие можат да продолжат со измени на етичкиот кодекс по нивна желба. Ова вклучува избори од долга листа на прашања, од вулгарности и рекламирање до доверливи извори. Тие се обидуваат да се осигураат во нивниот интернационален дофат, широк спектар на потребни теми, и модерен став.

Развој

Проектот се здоби со онлајн придонес, и е публициран на новинарски средби низ Европа, како што се WAN-IFRA (Турин, Италија), Организацијата за Новинарски Омбудсмани (Хамбург, Германија), и Глобалната Мрежа на Уредници (Барселона, Шпанија).

Изграден низ јавно помогнат процес, главен тим од волонтери придонесуваат за кодексот, и прифаќаат коментари од заинтересирани странки од целиот свет. Сепак, главниот тим е составен од новинари, известувачи на вести, и едукатори по новинарство коа доаѓаат од широк спектар на исклучиво Западни организации. Кент напомна за ова преку e-mail:

Бевме свесни уште од самиот почеток дека програмата треба да биде навистина интернационална. Ние напорно работевме да ја балансираме нашата почетна содржина со коментари од целиот свет, особено преку интернационалните собири спомнати погоре (сите тие имаат добар вариетет од северно и јужно присуство). Заедничкиот придонес (преку онлајн страницата или лични контакти) дојде од толку различни места како што се Индија, Етиопија, Непал, Кенија, и Сенегал. Се обидовме да гледаме на прашањата колку што можеме пошироко.

Тој забележува дека за некои прашања — тој забележува за новинарите кои примаат подароци — тие имале дискусии со “јужњачките” новинари. 

Кент е во моментов редовниот уредник во Associated Press. Проектот е создаден да им помогне на оние кои работат надвор од типичниот новинарски систем (блогери, стартапи, индивидуи), што не доведува до прашањето дали тие само се обидуваат одново да ги измислат глобализираното тркало на мејнстрим новинарските стандарди. 

Сепак, процесот е полн со дискусија. Кент забележува:

Мислам дека бев најмногу изненаден од тоа колку многу време се посвети од нашите глобални придонесувачи за нашите основни принципи, особено за прашањето со кажување на вистината. Мислевме дека “вистина” е прилично јасен концепт, со заглавивме со расправање за некои проблематики кои датираат уште од првите филозофи: дали постои само една вистина, и кој ја поседува? Како одговор, зборуваме исто толку многу сега и за искреноста, прецизноста и чесноста како што правиме и за “вистината.” 

Проектот израсна од работилница на годишната конференција на ONA во 2013. Моментално работејќи во Google Docs, тие ќе продолжат со нивната работа се до ONA конференцијата во Чикаго во септември, каде ќе приложат извештај за нивниот напредок и ќе продолжат со развивање на по-интерактивен веб интерфејс. 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.