- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Болна игра: Бомбардирај ја Газа на Гугл Плеј отстранета по поплаките

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Израел, Палестина, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Технологија
Bomb Gaza - a game on Google Play was removed after complaints

Бомбардирај ја Газа – игра ја Гугл Плеј која беше отстранета по поплаките

Андроид игра која овозможува на играчот да спроведува воздушни напади на Газа привлече критики и гнев. Играта, која оттогаш е повлечена од Гугл Плеј, е наречена Бомбардирај ја Газа, и беше пуштена на 29 Јули.

Онлајн, корисниците ја опишаа како “одвратна,” “срамна” и едноставно “болна” – особено поради скорешните хорор приказни кои ни доаѓаат од Газа со продолжувањето на Израел со кампањата за инвазија, сега веќе во 30тиот ден, која досега остави 1,865 мртви и повеќе од 9,500 повредени Палестинци (Извор: Фејсбук страницата [1] на портпаролот на палестинското Министерство за Здравство д-р. Ашраф Алгедра).

Цел ден, нетизените притискаа за отстранување на навредливата игра.

Окупирана Палестина ги повикува нејзините 29.9 илјади следбеници да ја означат играта:

Ајша бара од нив да ја пријават:

Новинарката Ранија Калек им кажа на нејзините 45.8 илјади следбеници:

Играта, после ова, беше отстранета.

Палестинецот Омар Гхраиеб, од Газа, бара да останат будни за слични такви игри онлајн:

Откако Израел лансираше голема офанзива против 40-километарски долгото крајбрежје на 8 Јули, повеќе од 6,780 беа повредени. Израел бомбардираше училишта, игралиште, болници, засолништа и бегалски кампови. Три од четири луѓе убиени во Газа беа цивили. На 28ми Јули, Израел ја нападна единствената електрана во Газа, фрлајќи го ова пренаселено парче земја од 1.8 милиони жители во темнина. Со Израелското бомбардирање на станбени населби, десетици илјади луѓе станаа бездомници и се принудени да се засолнуваат во набрзина склопени засолништа.

Ова е трета воена интервенција на Израел во Газа во последниве 6 години. Преголемите рестрикции од Израел на Палестинските територии во Газа и Западниот Брег се причината поради која поголемиот дел од светот и Обединетите Нации ја сметаат оваа територија како “окупирана [17]” од Израел.

Следете го нашето детално покривање на настаните: #Газа: Се Зголемува Бројот на Цивилни Жртви Во Израелската Офанзива [18]