Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Руско-францускиот опозициски активист Кобљаков уапсен во Бугарија

Nikolai Koblyakov, Russian entrepreneur and opposition activist in Paris, is detained in Bulgaria on an extradition request from Russia

Николај Кобљаков, Руски претприемач и опозициски активист во Париз, е задржан во Бугарија по барање за екстрадиција од Русија

Николај Кобљаков, основачот на француската НВО “Слобода за Русија” (Russie-Libertés), која со години организира протести против режимот на Путин, протести за одбрана на Pussy Riot и за поддршка на Руската опозиција поттисната од Кремљ, беше уапсен на интернационалниот аеродром во Софија, Бугарија, на 29ти Јули, 2014. Кобљаков е државјанин на Русија и Франција, но сега е под ризик за екстрадиција во Русија од Бугарија.

Француската амбасада била известена и ги контактирала бугарските органи на власта, но француските претставници немаат повеќе информации или детали за случајот на Кобљаков во моментов.

Вечерта на 1ви август, Бугарскиот сајт за независни вести Бивол објави на нивната Фејсбук страница дека Кобљаков е пуштен од притвор, но е сеуште под одредени притисоци.

На неговиот Фејсбук профил, Бугарскиот активист Асен Генов напиша дека апсењето на Кобљаков се базирало на налог за апсење издаден од Руското Интерпол Биро во Москва на 1ви април, 2014. Се чини дека налогот не бил типичен интернационален налог за апсење, туку директно барање од Московското биро.

Кобљаков се чинеше дека е во добро здравје и рече дека бил добро третиран. Неговиот случај ни доаѓа среде обновени тензии помеѓу Европската Унија и Русија за прашањето со Украина, ситуација која направи Брисел да постави нова серија санкции на двајца блиски соработници на претседателот Путин на 30 јули, 2014.

На 1ви август, 2014, беше организиран протест за солидарност со Кобљаков во Бугарскиот главен град – Софија, пред Софискиот Суд.

A supporter of Koblyakov in Sofia brings a poster against Russian Foreign minister, Sergei Lavrov https://www.facebook.com/atchobanov/posts/10154393853830510

Поддржувач на Кобљаков во Софија донесе постер на кој пишува против Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров

Барем да го екстрадиравте Лавров, тој е баран некаде https://www.facebook.com/atchobanov/posts/10154393853830510

Започната беше и петиција од активисти за човекови права, наречена “Не за екстрадиција во Русија на Николај КОБЉАКОВ, активист за човекови права!”

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.