Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Во Египет, млади луѓе „умираат за ништо“

Египетската блогерка Зејнобија (Zeinobia) сподели фотографии и видео-клип на 18-годишниот револуционерен артист Еиса Есам. Есам беше убиен за време на судирите од 26 јули кога поддржувачите на Муслиманското Братство кампуваа во квартот Раба ал Адавија во Наср Сити. Зејнобија (Zeinobia) го опишува Есам како либерален син на еден член на МБ, кој што ја посетувал неговата фамилија во моментот на судирите.

Таa напиша:

Не знам кој навистина го уби Еиса Есам, но знам дека беше застрелан во грбот. Неговите пријатели кои се противници на МБ велат дека бил убиен од страна на Муслиманското Братство додека неговата фамилија вели дека бил убиен од страна на полицијата и нејзините насилници. Се што знам е дека тој беше убиен и дека неговите права ќе бидат засекогаш загубени исто како сите тие млади луѓе кои загинаа за ништо изминативе три години. Тој ќе биде уште еден графит, уште едно име во таа борба.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.