Саудиските безбедносни сили спроведоа рација во селото Авамија во близина на Катиф денес, 30 јули, со цел да го уапсат Абас ал Мазра. Ал Мазра се појави на листата на 23 лица кои се бараат од страна на Владата поради неговото учество во протестите кои го преплавија Катиф на почетокот на т.н. Арапска пролет во 2011. Рацијата траеше од 05:45 до 14:00 часот.
Силите ја нападнаа куќата на Ал Мазра со тежок огнен напад кој што предизвика пожар во кој изгоре куќата и на автомобилите околу неа. Неколку соседни канцеларии исто така биле оштетени. Според корисниците на Твитер, пожарникарите повеќе од 2 часа биле спречувани да дојдат до пожарот.
Овој видео-клип, прикачен на Јутјуб, ја прикажува штетата предизвикана како последица на нападот:
Шест од неговите браќа биле уапсени заедно со Абас ал Мазра.
Др. Рима го сподели овој твит:
#تدمير_زارة_العوامية حرقوامنزله وسيارته مصدررزقه،ربطوا اخوته واعتقل #عباس_المزرع دفاعابعد ان دافع عن امه pic.twitter.com/qQod5QlRNh
— Dr Reema (@DrReema2013) July 29, 2013
Тие ја запалија неговата куќа и автомобил, изворот на неговиот приход, ги врзаа неговите браќа и го уапсија Абас ал Мазра
Исто така беше соопштено дека мајката на Ал Мазра, како и неговата тетка и сестри биле одведени во полициската станица во Авамија каде биле кратко задржани и потоа пуштени на слобода.
Ова не е прв пат безбедносните сили произволно да напаѓаат и пукаат во станбени области. Минатиот месец во Катиф тие ги убија Али ал Марус и Морси ал Реб.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи и соопшти на официјалната владина новинска агенција СПА (SPA), дека Абас ал Мазра и осуммина други се обвинети за трговија со дрога и дека тоа е причината поради која се уапсени.
Дваесет и трите лица кои се бараат, се обвинети меѓу другото и за предизвикување нереди и бунтови, биле повикувани да им се предадат на властите. Многумина од нив ги отфрлија сите обвиненија и рекоа дека нивниот единствен прекршок бил мирното протестирање во потрагата за нивните права. Граѓаните на Катиф се жалат на дискриминацијата со која се соочуваат како шиитски Муслимани, но Владата ја отфрла таквата дискриминација.
Најмалку 20 лица се убиени, а 850 уапсени во источната провинција од страна на безбедносните сили почнувајќи од март 2011. Околу 190 се се уште во затвор.