Либија: Гадафи, играта заврши

Овој напис е дел од нашата посебна репортажа за Либија бунтува 2011.

Либијските револуционери се во Триполи, главниот град на земјата. Возбудата е видлива онлајн, Твитер е преполн со радост и прославување како што корисниците ги одбројуваат часовите до моментот кога Гадафи ќе ја изгуби моќта. Веќе кружат извештаи дека баталјонот одговорен за неговата заштита се предал и решил да го предаде оружјето.

Блејк Хоуншел од Надворешна политика објави:

@blakehounshell: ИГРАТА ЗАВРШИ. #Libya

А Шабаб Либија додава:

@ShababLibya: Плоштадот Мартир, официјално познат како „зелениот“ плоштад, сега е дом на борците за слобода. Играта заврши

Твитерџиите, исто така, споделуваат фрагменти од снимките во живо од Триполи кои ги гледаат на нивните ТВ екрани.

Хинд Хасан пишува:

@hindhassan: Едвај можам да ја слушнам Алекс Крафорд од @SkyNews како говори поради прославите, звуците од автомобилските сирени, истрели & огномети позади неа #Libya #Tripoli

Постариот стретег од NPR, Енди Карвин, ја цитира Крафорд:

@acarvin: „Тие се чувствуваат ослободено. Огномети, истрели, навистина неверојатна глетка.“ – Алекс Крафорд, Скај #libya

@acarvin: Крафорд: „Ова ќе биде најголемата забава која Триполи некогаш ја видел. Видете ги овие луѓе – дали ви изгледаат загрижено?“ #libya

Брајан Витакер од Guardian има уште вести:

@Brian_Whit: Неколку извештаи велат дека Гадафи е заробен. Неможам да потврдам. #libya

Еван Хил од Ал Џезира има прашања:

@evanchill: За неколку дена одам накај Западна Либија. Се прашувам кој ќе ја води земјата до тогаш.

Во меѓувреме, Синди А. споделува чувство кое сите го имаме вечерва:

@Organica_: Посакувам да имаше повеќе Либијци на Твитер. Ќе ги прегрнев сите. #Libya #Tripoli #Greensquare

Останете со нас за повеќе новости од Либија.

Овој напис е дел од нашата посебна репортажа за Либија бунтува 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.