Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Граѓаните зборуваат против корупцијата на владата

Неколку случаи на корупција се појавија во последните неколку години. Почнувајќи од настаните кои се случија за време на двата мандата на претходниот претседател Алваро Уриве Велез, овие случаи вклучуваат правни акции против неколку членови на високи позиции и помали функционери на владата на Урибе.

На пример, имаше случај во врска со скандалот кој се однесуваше на Осигурувањето со земјоделските субвенции (АИС, иницијали на шпански), програма која наводно била наменета за подмладување на земјоделскиот сектор преку субвенции наменети за мали земјоделски фирми. Сепак, реалноста беше дека неговите јавни ресурси отидоа кај големите земјоделски компании, поголемите сопственици на земја, па дури и кај некои роднини на вработените во АИС.

Corruption caricature by Tomaz Garzia (CC BY-NC 2.5)

Карикатура на тема корупција од Томас Гарсиа (Криејтив Комонс Наведи извор-Некомерцијално 2.5)

Друг случај се однесува на мултимилионската проневера на браќата Нул: Мигел, Мануел Франциско и Гидо [шпански], кои добија владина конструкција и други инфраструктурни договори, а сè уште ги немаат исполнето. Наводно одобрени од претходниот градоначалник, Семуел Морено Рохас, и неговиот брат, Нестор Иван, [шпански] (сега во својства на одбрана во нивните сопствени случаи на корупција) се тврди дека браќата Нул извршиле нелегални плаќања за време на процесот на склучување на владините договори со цел да ги зголемат шансите на нивната компанија.

Исто така обвинети за корупција и други криминални дела се Бернандо Морено, поранешниот генерален секретар на Урибе [шпански] и Марија дел Пилар Хуртадо [шпански], поранешен управник на владината разузнавачка служба ДАС, за нелегалните прислушкувања на известувачите, индивидуалните лица и членови на колумбискиот Врховен суд.

Во минатиот месец беше објавено откривањето на неколку мултимилионски проневери: во националната служба за царини и даноци (ДИАН, иницијали ма шпански), во националната програма за здравствена заштита (ЕПС на шпански) и во регулаторното и извршно тело за контролирани супстанци.

Интернет реакции на овие случаи со корупција имаше многу.

Педро Рострепо (@pepar1950) дава забелешка [шпански] за поврзаноста на Урибе со Андрес Фелипе Ариас, поранешен министер за земјоделство во време на владата на Урибе и долгогодишен пријател на Урибе:

Los próximos talleres democráticos los tendrá que hacer Álvaro Uribe en la Cárcel La Picota. Allá están casi todos sus amigos.

Следниот тест на нашата демократија треба да го стави Урибе во затворот Ла Пикота. Тоа е местото каде сега се наоѓаат најголемиот дел од неговите пријатели!

Алеја Вилота (@Aleja_Villota) пишува [шпански] против спроведувањето на правда во овие случаи на корупција:

Ningún poder del estado es inefable e infalible; la majestad dela justicia que se presupone omnipotente, huele a dictadura de jueces parcializados

Ниедна сила на државата е безгрешна или неизмерна; правата кои се сметаат за семоќни ја имаат во себе таа нишка на диктаторство, тенденциозна правда

Карлос Ф. Масмела (@pipemasmela) ја споменува [шпански] скорешната пропаст на двајца соработници на поранешниот претседател (Андерс Фелипе Ариас е исто така наречен Урибито или малиот Урибе):

¡Dos golpes muy fuertes para Uribe en la misma semana, primero Uribito y Hoy Bernardo Moreno le dieron medida de aseguramiento en su contra!

Два тешки удари против Урибе во иста недела, прво Урибито, а сега Бенардо Морено се држи под судска гаранција!

Хуан Мануел Лопез на веб-сајтот Киен и Ке [шпански] ги анализира и ги дискутира фактите [шпански] против поранешниот претседател:

No parece difícil establecer que los escándalos cuyos protagonistas son sus subalternos no pudieron ser desconocidos por quien se preciaba y demostraba tener la información y el control sobre todo lo que sus funcionarios manejaban. Que él no acabe vinculado con nada de ello, parece imposible.

Изгледа не е тешко да се согледа дека криминалците во овие скандали се обвинети за акциите на своите подредени, за акции за кои требало да знаат луѓето кои се гордееле со тоа што биле свесни за сè, дури истакнувајќи ја својата контрола и способност да дознаат што направиле нивните подредени. Дека Урибе не бил поврзан со никој од овие изгледа невозможно.

Карлос Иван Зулуага (@oizuluaga), интегрален дел од националната политичка партија Партидо социал де унидад национал, вообичаено позната како Партијата на „У“, (а, водена од Урибе), пишува [шпански] во корист на ДИАН и Урибе:

En el gobierno Uribe la DIAN avanzó contra la evasión y la corrupción con el programa MUISCA. EL recaudo entre 2002 y 2010 se triplicó

Владата на Урибе ја унапреди ситуацијата во однос на корупцијата и даночната евазија со помош на неговата програма наречена МУСИКА. Собраниот данок од 2002 до 2010 година се зголеми три пати.

Хенри Д. Карион (@HDCARRIONG) цитира [шпански] повеќе случаи на корупција:

INJUSTO, DESCARADO, CARA DURAS LOS DE LA DIAN DEFINITIVAMENTE NIDO DE LADRONES y pensando que solo eran los NULE y Combo Moreno

ПОГРЕШНИ, БЕСРАМНИ, НИКАКВИЦИ, ВРАБОТЕНИТЕ ВО ДИАН СЕ ДЕФИНИТИВНО ТОЛПА КРАДЦИ, а јас си мислев дека се само браќата Нул и Комбо Морено

Хорге Ангел (@jotangelito) одговара на вестите од корисничката сметка на Твитер, РЦН радио, со еден од најупотребуваните хештагови на Твитер во последните денови, #puestoparauribe:

@rcnlaradio: El Ex Presidente Uribe afirma que hay un ambiente que su gobierno fue corrupto”  ¿Ambiente? ¡Una absoluta claridad! #puestoparauribe

@rcnlaradio: Поранешниот претседател, Урибе, потврдува дека имало сомнежи за корупција во неговата влада. Сомнежи? Со сигурност имало!

Во блогот Атрабијосо [шпански], Хорге Монрој го кажува оваа во еден напад [шпански] против Урибе и неговите луѓе:

Un ataque combinado desde todos los frentes imaginables. Los más relevantes que puedo describir en este momento son los que provienen de los medios de comunicación, de la rama judicial, del Ejecutivo, del bloque bolivariano, de las FARC y de los miembros civiles políticamente activos que representan los intereses del terrorismo.

Комбиниран напад на сите можни фронтови. Најзабележителните кои можам да ги опишам сега се оние кои доаѓаат од медиумите, од судската бранша, од извршната бранша, од боливарианскиот блок, од ФАРК и од политички активните цивили кои ги застапуваат интересите на терористите.

Известувачот Клаудиа Лопез (@CLOPEZanalista) пишува за предлогот за парламентарен имунитет [шпански] за колумбискиот Сенат, кој почна да предизвикува коментари:

El que la debe la teme. Senador Conservador Juan Manuel Corzo propone INMUNIDAD parlamentaria. ¿Teme investigación por narco- política?

Некој делува исплашено. Конзервативниот сенатор, Хуан Мануел Корзо, предлага парламентарен ИМУНИТЕТ. Дали е исплашен од истрага за неговите нарко-политички врски?

Сето ова предизвика создавање на неколку страници на Фејсбук, како на пример „Una Colombia sin corruptos, es posible” / Колумбија без корупции е возможна“ [шпански], или „Marcha de los antifaces” / Маскиран марш“ [шпански] – ново движење [шпански] кое промовира непартизански марш против корупцијата, кој што ќе биде предводен од писателот Густаво Боливар и ТВ актери, но кои беа родени на Твитер [шпански].

Движењето прикачи неколку видеа [шпански] на Јутјуб каде покануваат луѓе да се придружат [шпански]:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.