Србија се крена на нозе за да спаси даб стар 600 години

Исто како што планот да се уништи паркот Гези во Истанбул предизвика масовни протести низ Турција изминативе недели, така и народот во Србија се соочи со слична борба. Планиран автопат беше на добар пат да уништи дабово дрво старо 600 години во централна Србија, но после неколкудневни протести Владата изгледа се потчини на притисокот и го видоизмени градежниот проект за го спаси дабот.

При крајот на јуни 2013, се појавија информации дека Владата обезбедила 340 милиони евра [околу 435 милиони долари] во форма на заем и дополнителни 700 милиони евра [околу 895 милиони долари] кои се очекуваат за изградбата на Коридорот 11, долгоочекувана и стратегиски важна автопатска делница која поминува низ централна Србија.

Но, Србите набрзо дознаа дека трасата на автопатот ќе поминува директно низ локацијата на даб стар 600 години во селото Савинац во близина на Горни Милановац. Тоа веднаш поттикна реакција против планот, на тој начин што луѓето почнаа да реагираат на социјалните мрежи и да организираат протести и во Савинац и онлајн.

Настрана од тоа што дабот е прекрасно природно и историски важно богатство, постои и суеверие помеѓу Србите дека сечењето на дабово дрво носи трагедија па дури и смрт. Постарите жители на рурална Србија велат дека дабовите се сметаат за многу почитувани природни феномени во овие краишта и дека не треба да се игра со нив. Да знаеја владините претставници и оние кои се надлежни за изградбата на автопатот дека дабот стоеше на трасата на Коридорот 11, можеби и ќе можеа да најдат решение за тоа, но според Министерот за урбанизам и градежништво, Велимир Илиќ, никој претходно не им укажал за тоа.

Социјалните мрежи во Србија набрзо беа преплавени од стотици протестни пораки на граѓаните кои можеа да се најдат под хаштагот #hrast (#oak) и на Твитер и на Фејсбук.

"In hrast [oak] we trust" became a popular banner held by many at the protest in Savinac and shared on social networks; photo courtesy of Institute for Sustainable Communities - Serbia Facebook fan page.

“In hrast [даб] we trust” стана популарен натпис кој беше употребуван на протестите во Савинац, а подоцна споделуван на социјалните мрежи. Фотографија на Институтот за одржливи заедници – Фејсбук страница за Србија.

Министерот Илиќ брзо реагираше на протестите против сечењето на дабот кои започнаа на социјалните мрежи, а кои се проширија на српските мејнстрим медиуми. Тој изјави дека ќе најде решение за да дрвото старо 600 години, високо 40 метри и широко 7.5 метри биде пренесено на друга локација. Интернет таблоидот Телеграф беше дел од оние кои го оспоруваа ова решение и разговараа со експерти за него:

Da bi se taj hrast, te veličine bezbedno iskopao, to zahteva veliki posao, veliki broj radnika i veliki prostor, odgovarajuću mehanizaciju. Teorijski je moguće, ali niko nema to iskustvo, te verujem da bi iskopavanje hrasta bio i njegov kraj. To je sve besmisleno. U zemljama koje drže do sebe takvo drvo bi se “uklopilo” u ambijent – kaže botaničarka Vasić.

За да се откопа даб од таа големина тоа бара голема работа, голем број на работници и голем простор како и соодветна механизација. Теоретски е возможно, но никој го нема потребното искуство така што верувам дека ископувањето на дабот би било и негов крај. Тоа е тотално бесмислено. Во држави кои си држат до себеси, вакво дрво би се вклопило во амбиентот, рече ботаничарката Васиќ.

Додека министерот и останатите владини претставници бараа различни решенија за проблемот, граѓаните организираа протести околу дрвото во Савинац. Последните денови од јуни граѓаните почнаа да се собираат околу дрвото за да го спасат, ним во протест насловен „Дабот не смее да падне“ им се придружија и ги водеа српската поетеса Добрица Ериќ, која потекнува од регионот, како и невладините организации како што се „Српските зелени“

"Green of Serbia" activists gather around the 600-year-old oak tree in Savinac; photo courtesy of Insitute for Sustainable Communities - Serbia Facebook fan page.

Активистите на „Српските зелени“ се собираат пред дрвото старо 600 години во Савинац. Фотографија на Институтот за одржливи заедници – фејсбук страница за Србија

Протестите траеjа до првиот викенд во јули 2013. Средбите се одржуваа во Министерството за урбанизам и градежништво како и во кабинетот на премиерот Ивица Дачиќ, каде што се дискутирало на темата, после што министерот Илиќ на 9 јули даде јавна изјава дека дабовото дрво ќе биде зачувано. Како што соопшти дневниот таблоид Курир:

“Asfalt će biti potpuno odvojen jednim betonskim armiranim nosačem, tako da asfalt ne ošteti žile, a ni žile asfalt. Na taj način će se izbeći moguća oštecenja auto-puta”, rekao je Ilić.

„Асфалтот ќе биде потполно одвоен со носач од армиран бетон на начин на кој асфалтот нема да ги оштети корените, а ни корените асфалтот. На овој начин ќе се избегне евентуална штета врз автопатот“, изјави Илиќ.

И автопатот и дабовото дрво со векови постаро од многу нации се од голема важност за Србија. Иако автопатот ветува едно многу потребно логистичко решение за еден регион на Србија во кој што изобилуваат земјоделски и занаетчиски бизниси, граѓаните на Србија покажаа дека не сакаат да направат толку голема жртва.

Блогерот Зоран Сокиќ, во однос на дабот кој што ја потресе Србија, раскажува за неговото детство во планинските шуми на централна Србија истакнувајќи ја важноста на три дрвја кои биле важни во неговото детство и во неговото созревање и завршува:

Mogu samo da kažem da će se u mom kraju slaviti čovek koji tu dovede auto – put i pominjaće ga na slavama i okupljanjima u lokalnim kafanama, nakon branja malina, bar deset narednih vekova. Stara je lokalna priča, verovatno koliko i taj hrast u Savincima, da smo pravo slepo crevo, da komunisti nisu dali da tuda prodje pruga jer je četnički kraj, da će se sva omladina odseliti ako ne dodje put … Slažem se. Ali sa druge strane, ne bih dao ni jedno od ova svoja tri drveta ni za tri auto puta ili tri pruge.

Можам само да кажам дека во мојот роден крај човекот кој до донел автопатот тука ќе биде славен на славите и собиранките во локалните кафеани и после берењето на малините, барем во наредните десет века. Стара е локалната приказна дека сме вистинско слепо црево, дека комунистите не дозволиле тука да поминува пругата бидејќи тоа бил четнички крај, дека сите млади ќе се отселат ако не дојде патот веројатно колку и тој даб во Савинац….Се согласувам. Но од друга страна не би дал ниедно од своите три дрвја ни за три автопати или три пруги.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.