Пародијата ‘Гангнам Стајл’ ги истакнува сиромашните градски деца од Камбоџа

‘Гангнам Стајл’ продолжува да биде Интернет сензација што овој пат ја изведоа 160 деца од една градскa сиромашнa населба во Камбоџа. Пародијата на музичкот спот што Јужнокорејската супер ѕвезда Псај првично ја популаризираше доби повеќе од 200.000 прегледи на Јутјуб, неколку дена откако беше прикачена. Претежно децата се од сиромашно село во областа Боанг Саланг во главниот град на државата Пном Пен. Жан-Лук Нгуен, кој го режира спотот, го најавува проектот:

Што се случува кога 160 деца од сиромашен кварт од Пном Пен ќе одлучат да направат пародија од Гангнам Стајл? Ова e неверојатно забавно видео. Овие осиромашени деца живеат во исклучително основни услови, но се полни со талент и потенцијал. Сакаме да им дадеме можност да се изразат низ еден уметнички и забавен проект. Тие не не разочараа.

Спотот е проект на Тарамана, невладина организација која им помага на сиромашните деца во Камбоџа. Групата ја објаснува причината за правењето на детското Гангнам видео:

… реализира филмови што се намерно необични од она што би очекувале од деца кои живеат во многу тешка средина. Тие всушност се сиромашни, но тие имаат толку многу потенцијал и енергија откако ќе им дозволите да се изразат. Би било срамота да не уживаат толку многу живот и радост, и нивна природна позитивност и среќа. Убедени сме дека хуманитарната помош треба да се фокусира на давање сила и самодоверба на децата: малку помош што ќе им помогне да веруваат во себе, да им се даде надеж за посветла иднина и да се зачува достоинството во секоја ситуација.

Подолу е друго видео што ја покажува реакцијата на децата кога прв пат го гледаа нивниот музички спот:

‘Khmerization’ го пофали спотот:

Ауууу…па тоа не е само слатка почит на К-поп супер ѕвездата Псај и ‘Гангнам Стајл’, но исто така има вложено голем труд и ентузијазам во спотот. Огромен аплауз за сите деца кои се вклучени во спотот.

Подолу се некои од реакциите на Твитер

@ChtiClem Забавна и инспирирачка Гангнам Стајл пародија од 160 камбоџански деца од сиромашен каварт на Пном Пен.

@ManiiFanii Ова е супер ~ забавна и возбудливан ~ Камбоџанска Гангнам Стајл пародија на 160 деца од кварт на Пном Пен

@splashpagefilms Да. Знам дека спотот Гангнам Стајл е веќе досаден, но за овој спот од 160 камбоџански деца од Пном Пен кои играат на него, е забавен.

@LinNorLam Од смеење преминав на плачење #cambodian “@khmerican: 160 деца од сиромешен кварт од Пном Пен ја изведуваат ‘Гангнам Стајл’.

@ChrisBurkeShay Мислев дека ми е доволно од #Гангнам пародии. Грешев – ова е неверојатно пријатна глетка.

Ова не е прв пат како ‘Гангнам Стајл’ се користи да ја нагласи ситуацијата со сиромаштијата во Камбоџа. Минатиот декември, активистите за човекови права танцуваа на улиците во склад со светската хит песна во знак на протест против иселување и кршење на правото на земјиште во државата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.