Повеќе од 64.000 луѓе го прославија Inti Raymi, Фестивалот на сонцето во Saqsayhuaman археолошкиот парк, околу 15 километри од градот Куско.
Поставувањето на Inti Raymi започна во храмот Coricancha со поздравување на сонцето, а потоа продолжи на главниот плоштад. Кулминираше во Saksaywaman со самата церемонија.
Инката, придружуван од неговата жена (позната како coya) и придружба од повеќе од 200 лица, влегоа околу 14ч. на платформата поставена во средина на паркот, после преминувањето на камената тврдина. Се одржаа различни церемонии, како што е обредот со пијалокот чича од пченка, оганот и sank’u, главното јадење на луѓето од Андите.
24 јуни ја одбележува зимската краткоденица на Јужната хемисфера; најкраткиот ден и најдолгата ноќ во годината. За време на ерата на Инките, зимската краткоденица го одбележувала почетокот на новата година, и според писателот и историчар од 17-ти век Инка Гарсиласо де ла Вега, тоа е главната прослава на годината.
Сепак, денес во Куско, датумот е повеќе забава за туристите и исто така и за локалните жители, кои го сметаат овој настан како референтна точка за нивната локална свест што предизвикува ентузијазам и масовно учество.
Веб-сајтот „Toustodo's Blog“ го објаснува следното за краткоденицата:
Astronómicamente el solsticio es el momento en que el Sol alcanza la máxima declinación Norte (23° 27’) o Sur (-23° 27’) con respecto al ecuador terrestre.
En el hemisferio Norte el Sol alcanza el cenit en el solsticio de invierno al medio día sobre el Trópico de Capricornio, sucede el 20 o 21 de junio. En el hemisferio Sur el Sol alcanza su cenit al medio día sobre el Trópico de Cáncer, el 21 o 22 de junio.
Los solsticios se originan por la inclinación del eje de la Tierra sobre el plano de su órbita.
Астрономски гледано, краткоденицата е момент кога Сонцето ја достигнува највисоката северна деклинација (23° 27’) или јужна (-23° 27’) во однос на земниот екватор.
Во северната хемисфера Сонцето го достигнува својот зенит за време на зимската краткоденица на пладне над Јарчевиот повратник, кој се случува околу 20 и 21 јуни. Во јужната хемисфера Сонцето го достигнува својот зенит на пладне над Раковиот повратник на 21 и 22 јуни.
Краткодениците се создаваат од наклонувањето на оската на Земјата над степенот на нејзината орбита.
Блогот „Medios Alternativos“ сподели дел од историјата на Inti Raymi:
Desde la conquista española, la ceremonia fue suprimida por la Iglesia Católica y la sociedad andina que celebraba la fiesta del sol fue desmembrada. El Inti Raymi fue entonces olvidado, hasta mediados del siglo XX cuando, como expresión de un gran movimiento de revaloración de la cultura nativa en el Perú, fue vuelto a la escena.
[…]
El Inti Raymi en tiempo de los Incas era una ceremonia religiosa, ahora es una representación de teatro, sin embargo esta expresión genera un sentimiento de identidad en el pueblo […]. La versión está expresada en el idioma original, quechua, con su correspondiente traducción al castellano para facilitar una mejor comprensión.
После освојувањето од Шпанците, Католичката црква ја прикрила церемонијата, а заедницата на Андите која имала обичај да го слави фестивалот на Сонцето беше разделена. Inti Raymi од тогаш беше заборавен, се до дваести век кога, како израз на голем бран на револуција на домородната култура во Перу, беше обновен.
[…]
За време на ерата на Инките, Inti Raymi била религиозна церемонија, сега е театрална претстава, сепак, оваа претстава буди чувство на идентитет кај луѓето […]. Изведбата се прикажува на нејзниот оригинален јазик, Quechua, со соодветен превод на шпански за подобро разбирање.
На Твитер исто така имаше коментари поврзани за Фестивалот на Сонцето, како овој од Кристел Перез Албела (@Kristellpa):
@Kristellpa: Quisiera estar en el #IntiRaymi !!
@Kristellpa: Посакувам да можев да бидам на #IntiRaymi !!
Корисникот SanBlasSpanishSchool (@SanBlasSpanish) се изјасни со ентузијазам:
@SanBlasSpanish: Вчера беше Inti Raymi, се надевам сите уживавте!
Во меѓувреме, Вал (@Vientino) го сподели почетокот на церемонијата:
@Vientino: Desde el amanecer de ayer se celebró la fiesta del sol, el Inti Raymi, en las estepas y las serranías de los Andes.
@Vientino: Од вчера од раните утрински часови, се славеше Фестивалот на Сонцето, Inti Raymi, на рамнините и планинските предели на Андите.
Аниел (@AnyelZae) се осврна на изборот што го имаат некои родители кога избираат име за нивното дете:
@AnyelZae: Pucha aveces los padres estan estresados cuando escogen nombres a sus hijos #intiraymi x ejmplo ..
@AnyelZae: Боже, понекогаш родителите се под стрес кога избораат име за нивното дете на пример #intiraymi…
Од Аргентина, Ралф Х (@lopezraulh) сподели како тој го прославил датумот:
@lopezraulh: Ayer en el trabajo festejamos el Inti Raymi. Con apacheta [montículo de piedras] y ofrenda.
Así nomas de particulares somos.
@lopezraulh: Вчера на работа го славевме Inti Raymi. Со apacheta [мал куп камења] и дарување. Ете како тоа особено сме ние.
Најпосле, ronaldchamat (@ronaldchamat) твитна за возбудата од тоа како го искусил Inti Raymi:
@ronaldchamat: Hace 5 años estuve presente en el #IntiRaymi, qué privilegio haber estado en ese lugar en ese preciso instante http://elcomercio.pe/actualidad/159…
@ronaldchamat: Пред пет години јас бев на #IntiRaymi, каква привилегија да се биде таму токму во тој момент http://elcomercio.pe/actualidad/159…