- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Ел Салвадор: Ќе се снима документарен филм за жените од граѓанската војна

Категории: Латинска Америка, Ел Салвадор, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Жени и род, Историја, Уметност и култура, Филм, Фотографија

Кампања финансирана од симпатизери, наменета за Жените на војната, има за цел да ги прикаже приказните на жените кои беа дел од граѓанската војна во Ел Салвадор (1980-1992) и кои денес ги водат нивните заедници кон мир, еднаквост и правда.

Преку IndieGoGo [1], Лин МекКракен [2] и Tеодора Симон [3] собираат дел од финансиите потребни за Жените на војната, долгометражен документарен филм кој ќе прикаже приказни за 28 жени, објавување на книга со фотографии и одржување на изложба на фотографии во Ел Салвадор и САД. Засега, тие  имаат собрано 4,000$ од предвидените 12,000$ за нивната веб-страна и останува повеќе од еден месец за луѓето да донираат.

Во промотивното видео [4] се прикажани неколку жени кои раскажуваат за тоа како преживеале и за нивната активна вклученост во граѓанската војна:

Блогот Voices on the Border [5] пишуваше за проектот за документарниот филм, вклучувајќи делови од приказните кои ги раскажаа жените со свои зборови. Марија Јоланда Гарсија Вигил морала да го напушти својот дом и била сведок на измачувањето и убиството на членови на нејзиното семејство од страна на владините воени сили за време на граѓанската војна во 1970-тите и 1980-тите. Денес, таа работи како лидер во заедницата, работејќи со жени, како избран член на градскиот совет:

Сметам дека постигнавме доста за жените. Можеби постојат места каде што тоа не е така, но во нашата  заедница е. Тука, жените учествуваат. Активни се и денес постои поголема свест. Целта ни е да им дадеме овластување на жените и да се чувствуваат еднакви во работата и донесувањето одлуки. Сметам дека како заедница постигнавме доста.

Ние сме на страната на правдата и работиме за неа, но таа сè уште не се случила. Ја нема. Така што, мораме да продолжиме да се бориме. Тоа е нашиот предизвик. Мораме да ја зацврстиме нашата организација. Бидејќи, лага е дека работите се случуваат зашто така мора или затоа што важните луѓе сакаат да се случат. Народот е тој кој треба да се потруди.

На веб-страната Indie Go-Go делот за ажурирање новости [6], Теодора Симон пишува за важноста од завршувањето на овој проект и можноста да се сподели со народот на Ел Салвадор:

A través de un documental largo-metraje, exposiciones fotográficas en los EEUU y El Salvador, y un libro, queremos contar las historias inspiradoras de estas mujeres, y compartir su dedicación y esperanza con el mundo. Mujeres, especialmente mujeres pobres, de color y campesinas, no tienen donde hacer escuchar su voz, una manera de compartir sus experiencias y sabiduría con el mundo. Esperamos que Mujeres de la Guerra será esta oportunidad, y estamos comprometidas a compartir esta obra con audiencias estadounidenses y salvadoreñas con trabajo binacional y bilingüe.

Преку долгометражен документарен филм, изложба на фотографии во САД и Ел Салвадор и книга, сакаме да ги раскажеме инспиративните приказни на овие жени, да ја споделиме нивната посветеност и надеж со светот. Жените, особено сиромашните обоени жени од село, немаат каде да ги кажат своете мислења и да бидат слушнати, да ги споделат нивните искуства и мудрост со светот. Се надеваме дека Жените на војната ќе биде одлична можност за тоа и посветени сме на споделување на оваа работа со публиката во САД и Ел Салвадор со двонационална и двојазична работа.
Women of the War photograph by Lyn McCracken [7]

Џени за Жените на војната. Фотографија од Лин МекКракен

Сите пари собрани за проектот ќе бидат наменети за реализирање на Жените на војната. Пари може да се донираат [7] преку веб-страницата за собирање финансиски средства каде постојано се ажурираат новостите. [6]