Турција: Блогерите се забрануваат самите?

Ако подолго време ја следите турската блогосфера сигурно без сомневање сте слушнале за турската забрана на Вордпрес…и периодичните забрани на Јутјуб и за страницата Слајд за социјално вмрежување, ох, …и сега за Дејлимоушн исто така. Јас мислам дека тоа е се…нели? Тешко е и многу фрустрирачко да се следи ова, деновиве. Турските блогери се чувствуваат исто така и протестираат за константното забранување на страници, волонтерски забранувајќи го своите страници.

Па како турските блогери протестираат против овие периодични забрани на интернет? Со поставувањето на следниот текст на својата веб страница: Bu siteye erişim kendi kararıyla engellenmiştir што грубо се преведува “Оваа страница е забранета по сопствен избор на авторот”.

Овој протест треба да трае до среда 20ти август. И се разбира, ова не е проблем за којшто многумина пишуваат, туку само учествуваат. Блогот на анафикир [турски] има посебна страница каде може да го најдете кодот за да ја конвертирате веб страницата во “забранета” страница и има листа на страници кои земаат учество. Неколку турски медиумски страници ги покриваат протестите и обезбедуваат линкови до форум групите и Фејсбук страниците. Техкранч дава историја на записите по неговото проучување:

Проблемот толку се влоши што турските блогови сега се забрануваат самите во знак на протест. Лажните забрани започнаа со Фират Јилдиз, кој ја постави следнава порака на својот блог[…] Тогаш еден друг турски блогер, Селим Јорук, ја креираше оваа страница со парче код кое му дозволува на секој блогер лесно да ја додаде истата порака на сопствената веб страница.

Скоро 200 турски блогови (привремено) се недостапни на овој начин. Целта е да се им се покаже на турските веб сурфери како би изгледал интернетот доколку не се намали цензурирањето.

Турскиот блог Метроблогинг: Истанбул ја поддржува забраната со нејзино рекламирање и поттикнува на дијалог:

Откако турската влада стави забрана на многу видео веб страници, блогерите одлучија да ја преземат работата во свои раце, протестирајќи против кинескиот стил на цензура што сега е во тек. Ние се навикнувавме на празнината што ја остави Јутјуб, кога одеднаш, Дејлимоушн, друга веб страница за видеа беше забранета исто така. […] Покажете ја вашата поддршка оставајќи коментар или цимолете со нас за целата ситуација 🙂

Прерано е да се предвиди дали протестот ќе има некаков ефект, како и да е, иселеникот блогер лоциран во Турција, Сортипренеур го изјавува следново за ситуацијата:

Да се забрани страница е проблем и мене ми е драго што има глас кој се подига во знак на протест. Сепак, мислам дека турската интернет заедница треба да го адресира овој проблем напоредно со многу позрели потези.

Страниците се забранети не како цензура, туку како резултат на судска одлука. Ова не е различно од затворањето на Напстер во САД. И, спротивно на некои од коментарите на блоговите, не сите забрани имаат врска со навреди на Ататурк (иако неколку од забраните се за овие навреди, што се должи на фактот дека е нелегално да се навредува Ататурк во Турција) , но се резултат на граѓански клевети во парници од приватни индивидуи. Со други зборови, забраните на страниците се во согласност со легалниот систем овде. Патем, јас не велам дека се согласувам со било кој закон особено, но јас категорично немам проблем со системот каде законите се стапени на сила.

Примарниот проблем што јас го гледам е недостаток на разбирање што турските судови го имаат за интернетот и особено за содржините создадени од корисниците. Се чини дека има потреба од специјализирани судови замислени како собиралишта за судско гонење (водење истрага) на онлајн содржините.

По коментирањето на проблемот, дозволете ми да ја истакнам улогата (или недостатокот на истата) на турските НВО-и кои имаа одговорност да лобираат за интернет индустријата.

Дали е ова начинот како конкретно да се обратиме на цензурата во Турција? Или дали има и други можности како што предлага СортиПренеур? Ние ве покануваме да ја процените важноста на овој протест.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.