Египет: Уличните јазици кои не се говорат

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Јазиците и интернетот.

Ние како човечки суштества имаме способност да комуницираме преку јазици кои се говорат. Сепак, во населен и бучен град како Каиро, понекогаш ни треба повеќе од јазик кој се говори за да комуницираме.

Inside a Microbus

Полните улици на Каиро- Фотографијата е направена од корисникот на Фликр, милеусна, под Криејтив Комонс лиценцата.

Линдал Ел Масри, емигрант кој што живее во Каиро, забележал дека луѓето кои користат минибус такси, користат одредени сигнали со рацете за да ја кажат локацијата кон која сакаат да одат:

Понекогаш микро и локалните автобуси ми се малу застрашувачки, гласниот и брз арапски, сигналите со раце кои имаат некое значење за одредена дестинацијата.

Овие сигнали со раце овозможуваат возачите да комуницираат полесно меѓу себе, а и оние кои чекаат за минибусите на поголема далечина на бучните улици. Ашраф Хамди, египетски карикатурист, се обидел да ги документира овие сигнали со раце, како и нивното значење, во неговиот блог. Еве слика која ги објаснува различните сигнали со раце:

Microbus Hand Signals Dictionary

Всушност, користењето на знаковен јазик е вообичаено кај групите со ограничен слух, каде и да било каде говорот не е практичен или не е дозволен, како помеѓу нуркачите или фудбалерите, како и во телевизиските студија за снимање и берзите. Исто така, јасно е за оние кои зборуваат арапски дека горенаведените сигнали со раце кои се користат на египетските улици се повеќе мимика споредно со лингвистиката на покомлексните знаковни јазици, каде знаците имаат визуелна врска со она што го означуваат.

Употреба на сирените од автомобилите

Друга форма на комуникација, која овој пат го вклучува слухот, е употребата на сирените од автомобилите. Др_Елсиуфи напиша напис [арапски] на еден онлај форум за овие форми на комуникација. Тој вели:

الأصل في «كلاكس» السيارة أن يكون أداة تنبيه ومساعدة في القيادة، والإشارة أداة ضرورية للقيادة السليمة، وضمان عدم وقوع الحوادث، ولكن هذه العناصر تحولت للغة خاصة جدًا بين الشباب المصري، تبدأ بالتحذير من وجود الرادار علي الطريق السريع وتنتهي بإعلان الحب وأحياناً الغضب، تعلم اللغة أولي خطوات الفهم ونحن في هذا الدليل السريع نأخذ بيدك لتفهم قواعد اللغة الجديدة.
Сирените на автомобилите примарно служат за да им помогнат на возачите и за да ги предупредат оние возачи во близина. Истото се однесува и на светлата на автомобилите кои се многу значајни при возење и помагаат за спречување на несреќи. Сепак, тие станаа еден вид на јазик за комуницирање помеѓу младите во Египет. Сигналите варираат, од предупредување на друга кола дека има радар кој ја мери брзината, до искажување на љубов, па и бес понекогаш. Учењето на јазикот е првиот чекор кон негово разбирање, а еве тука сум јас за да ви помогнам да го научите овој нов јазик.

Тој потоа продолжува да го објаснува секој дел од автомобилот и нивното значење.

الاشـــــــــارات :
شارة يمين مرتين ورا بعض ومرتين شمال يعني ان الي ماشي ادامك بيقول لك اطفي النور العالي خصوصا علي الصحراوي
إشارة يمين ثم إشارة شمال تعني أن هناك من «يشتمك». 

الكلاكــــــــــس :
ضغطتان متتاليتان بالكلاكس كل واحدة منفصلة معناها شكرا
.علي الصحراوي لو فاديت ترلة وكلكستلوا معني كدة انك بتحييه وهو لو عنده دم او صاحي مش نايم هيكلكسلك.
ضغطتان بالكلاكس كل واحدة منفصلة عن الأخري، وتتبعهما ضغطة طويلة تعني في لغة السيارات الجديدة بحبك.
استخدام الكلاكسات بطريقة ثلاث ضغطات متتالية يتتبعها ضغطة طويلة تعني «الشتيمة» تاتاتا تااااااته.

المساحات الخلفيه :
لو بتشد مع واحد و عديته تشغل المساحه الخلفيه , معناها باي باي

Трепкачи:
Десниот трепкач два пати, а потоа левиот два пати значи дека колата пред тебе сака да ги промениш долгите светла во кратки, особено на автопат.
Еднаш десниот трепкач, а потоа левиот претставува пцуење. [покажување среден прст] 

Сирена:
Две последователни, одвоени свирења значат благодарам.
Кога поминувате камион на автопат, свирите за да го поздравите и тој треба да ви врати ако не заспал.
Две последователни и одвоени свирења, следени со едно долго свирење во новиот „автомобилски јазик“ значат „те сакам“.
Три последователни и одвоени свирења, следени со едно долго свирење означуваат пцовка, бип бип бип би бип биииип [Кучкин син]

Бришачи:
Кога се тркате со некого и кога ќе го поминете, употребете ги бришачите за да му мавнете чао!

Мислев дека свирењето со цел комуницирање е египетска работа, сè додека не прочитав за студентите од Одделот за когнитивни науки од Сан Диего кои напишале за постоењето на овој феномен и во Индија на нивниот блог, каде се прашуваат дали има некои истражувања за ова.

При едно мое скорешно патување во Индија забележав многу либерално користење на сирената од страна на мојот возач, како и од останатите на патот. За разлика од САД, сирената не се користеше за изразување на лутина или фрустрации, туку како форма на комуникација. Се чини како добра можност студирањето на лингвистиката на овој јазик базиран  на звуци. Некое мислење за тоа какво истражување би требало да се направи? За што уште може нè информира едно истражување за користењето на автомобилската сирена во однос на човечкото спознавање? Кажете ни во коментарите.

Гари Ран, исто така, ја спореди културата на свирење со сирена помеѓу САД, Италија и Индија. Граѓаните од Јамајка, исто така, имаат свој јазик со свирење со сирени кој си има свој вокабулар. Таквата форма на комуникација може да биде поврзана со сигналите со чад и барабани кои биле употребувани од нашите предци илјадници години наназад. И бидејќи користиме автомобилски сирени за комуникација, нели е возможно да тие треба да ја одразуваат и личноста на возачите? БиБиСи објави напис за истражување во кое се тврди дека звукот на сирената е уште еден значаен фактор кој влијае при купувањето на автомобил.

Професорот Ван Ливен, експерт по семиотика на звуци при универзитетскиот Центар за јазици и комуникација, рекол дека производителите обрнувале поголемо внимание на звукот на сирената кој можел да биде значаен фактор за потенцијалните купувачи на коли. Тој објаснува дека повеќе производители на коли го прилагодувале звукот на сирената на „личноста“ на колата.

За крај, нели е интересно дека без разлика на тоа колку се развиени средствата за комуникација што ги имаме денес, понекогаш се навраќаме на старите форми на комуникација? Следната СМС порака испратена помеѓу двајца љубовници [арапски] го резимира фактот дека дури и кога имаме телефони во нашите раце, можеме понекогаш да одлучиме да го користиме стариот начин поради економски причини.

لو بتحبنى هات رنة لو بتموت في هات رنتين لو بتعشقنى اتصل وقول بحبك
Ако ме сакаш, заѕвони ми еднаш, ако ме сакаш дури повеќе, заѕвони ми два пати, а ако тотално си заљубен во мене, јави ми се и кажи ми го тоа.

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Јазиците и интернетот.

Блогот на Ашраф Хамди моментално не функционира, така што тука го даваме преводот на знаците со раце прикажани во погорната слика:
Сликата во горниот десен агол значи „Улицата на пирамидите“ (можете да ја забележите формата на пирамида), движејќи се надолу ќе го видите вториот знак кој означува на крајот на мостот, потоа следниот кој означува истава улица, потоа четвртиот надолу кој значи наредно свртување и последниот на дното означува од Фесал до Булак.
Првата слика одозгора во левата колона има различни значења во зависност од тоа каде се наоѓате, така што ако сте во Фесал, означува Тахрир, додека ако сте на било кое друго место означува право по истатa улица. Следната после неа означува Гиза, потоа третата кажува седми и осми регион (знаковите наликуваат на броевите седум и осум на арапски, соодветно). Четвртата значи Доки (дел во Каиро чие што име звучи како чукање на арапски, па затоа и таков знак), и за крај последната на дното се однесува на една област наречена Ел Тавабек (што значи нивоа и порано била позната како 3те нивоа). 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.