Шпанското движење 15M (М- за мај, кога почнало движењето) кое привлече илјадници на улиците со цел барање на подемократски систем, достигна едно ново ниво. Властите на втори август одлучија повеќе да не дозволуваат протести и од тој ден па натаму се трудат да ги спречат демонстрантите да се соберат, како преку блокирање на нивниот пристап до јавни локации, така и преку насилна полициска активност.
На 4ти август, собир беше организиран на мадридскиот главен градски плоштад – Пуерта дел Сол, кој претставува епицентар на протестите, но пристап до истиот беше оневозможен уште на 2ри август. На подземната и надземната железница, која обично застанува на станицата кај овој плоштад, ѝ беше наредено тој ден да не застанува таму и огромна бројка на полициска сила беше поставена за да се осигура дека движењето 15М нема да се собере на оваа локација. Твитер одеднаш беше „преплавен“ со реакции како следните:
@alberarce Dice @RTVE “indignados buscan la manera de llegar a la Puerta del Sol, defendida por la policía”¿defendida de qué? #plazatomada #periodismo
Тензијата растеше во текот на истиот и следниот ден, кога демонстрантите се собраа на Пасео де ла Кастелана, Мадрид. Полициската присутност беше огромна и заврши со казнување на демонстрантите. Следното видео, кое е веќе споделено на интернет во огромен број, го покажува процесот на апсење на новинарот Горка Рамос (кој работи за шпанскиот веб-сајт за вести- Ла Информасион) од страна на полицијата додека на Твитер објавува вести за настаните и како веднаш потоа е истепан од истите (8 минути). Според полицијата, Рамос е уапсен поради навреда и плукање врз полициски службеници.
Реакции за казната на Рамос се распространија низ социјалните медиуми, посебно на Твитер, каде #periodistadetenido (уапсен новинар) стана популарна тема.
@phumano VIDEO Fría agresión policial al #periodistadetenido por estar mirando la carga, minuto 8. #15M bit.ly/nE39h1 #madridsinmiedo
@bimbacha @ojomagico Las imágenes hablan solas, Carlos. A denunciar y a no parar hasta que le den la razón #periodistadetenido
@mtascon Para inquietar al gobierno solo hay q ponerse en una esquina tranquilo a tuitear #periodistadetenido
Додека казната не беше прикажана од поголемиот број на шпанските медиуми, таа беше објавена од страна на интернационални медиуми, како Гардијан, ЦБС, Форбс и Асосиејтид Прес.
Реномиран блогер Ла Пулга и ла Локомотора сподели отворено писмо, на 5ти август, прашувајќи ја шпанската влада за причините позади невидениот чекор кој го презема со цел да го сопре собирањето:
Supongo que son conscientes de que se están vulnerando ciertos derechos fundamentales de los ciudadanos, el más evidente el de Libre Circulación, pero también el de Reunión y el derecho a la Libertad de Expresión.
Во писмото исто така се споменува она што многумина го сметаат како вистинска причина за забраните против движењето и полициската присутност:
Veo bastante más relación con la próxima visita del Papa Benedicto, la verdad, y debería preguntarle sobre ello, pero sé que un estado laico nunca aceptará públicamente el hecho de que está actuando bajo petición de la Iglesia Católica.
Некои корисници ја изразија својата грижа околу тоа што го сметаат за обид за користење на моменталните настани со цел разделување на граѓаните. Според блогерот Албето Визцаино:
El poder lo sabe y empieza a gestionar el 15 M: enfrentando ciudadanos contra ciudadanos. Ya tenemos a partidos llamando a la división: “católicos contra indignados”. Como si fuese incompatible ser católico o militar en un partido con estar indignado y querer mejorar el sistema en el que vivimos.
Владината делегација (создадена од страна на владејачката Шпанска социјалистичка партија на работниците или ПСОЕ на шпански) неодамна потврди дека е под притисок на Мадридскиот градски совет (контролиран од страна на Партијата на граѓаните која е десничарски настроена) за сопирањето на демонстрантите од окупирање на јавни локации за време на посетата на папата. На 5ти август, властите се чини дека се предомислија. Полицијата се повлече од Сол и забраните за пристап беа повлечени. Овој пат со демонстранти поогорчени од било кога, многу е веројатно дека приказната ќе продолжи.