Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Того: Собир на новинари со цел заштита на слободата на медиумите

На 6ти август, новинари од западно-африканската држава Того се собраа на улиците на главниот град Ломе за да протестираат против заканите кои им беа упатени на нивните колеги. Собирот започна на 3ти август, од страна на здружението „SOS Journalistes en Danger“ (СОС новинари во опасност).

Banner of the 'SOS Journalistes en Danger' Association in Togo

Банер на здружението „СОС новинари во опасност“ во Того

Неделата пред настанот, неколку медиумски професионалци од здружението предупредија за заканите испратени до група од новинари кои се верува дека се „критични за моменталните власти“.

Според Фердинанд Ајите, претседател на здружението, заканите доаѓаат од АНР, Националната агенција за интелигенција. Детали од заканите, се објавени на блогот на Фаби Коуаси:

..porter atteinte à l’intégrité physique des journalistes, notamment par les moyens d’accidents déguisés, les empoisonnements, et des affaires montées de toute pièce.

..со цел физички да им се наштети на новинарите, посебно преку планирани несреќи, труење и измислени приказни.

Според лидерите на здружението, заканите подоцна биле потврдени со анонимно писмо, кое се претпоставува дека е напишано од агент на АНР и адресирано до новинарите кои веќе биле обележани на 21ви јули.

Собирањето е поддржано од адвокатското здружение за човекови права, друштва, некои политички партии и локални дневни печати.

Во заедничка изјава, УЈИТ (Унија на независни новинари од Того), ЦОНАПП (Национален совет на новинарите), и ОТМ (Медиумски набљудувач на Того) се обратија на ЦНДХ, Националната комисија на човекови права, да започне истрага за случајот и да ги охрабри нивните колеги да излезат на суд со цел разрешување на ситуацијата.

 Print media in Togo via Godwin Afedo

Печатени медиуми во Того, преземено од Годвин Афедо

На Тогофорум, преглед на настаните го објаснува временското течење на настаните и процедурата која следеше од страна на здружението:

Les responsables de l’Union des Journalistes Indépendants du Togo (UJIT), le Conseil National des Patrons de Presse (CONAPP) et l’Observatoire Togolais des Médias (OTM) ont rencontré :
– Dans la journée du Mercredi 27 Juillet 2011, le Ministre de la Sécurité et de la Protection Civile et celui de la Communication
-Dans la journée du Vendredi 29 Juillet 2011, le Président de la HAAC au siège de l’Institution,
-Dans la journée du Lundi 1er Août 2011, le Président de la CNDH, le Ministre de la Communication une seconde fois, la Ministre des Droits de l’Homme, de la Consolidation de la démocratie et de la Formation Civique et le Directeur de la Communication de la Présidence de la République du Togo à leurs bureaux.
[..]
Ces responsables ont au cours de ces différentes rencontres exprimé leur inquiétude sur les menaces qui pèseraient sur certains de leurs confrères avant d’inviter les Autorités à réellement s’impliquer dans la sécurité et la protection de tous les journalistes.

Лидерите на УЈИТ, ЦОНАПП и ОТМ се сретнаа со:
– Министерот за комуникации и министерот за безбедност на 27ми јули
– Претседателот на ХААЦ на 29ти јули
– Претседателот на ЦНДХ, министерот за комуникации (втор пат), министерот за човекови права, Демократското засилување, Граѓанската формација и директорот на комуникации од канцеларијата на претседателот на Того. 

[..] Во текот на овие разговори, лидерите ја изразија својата загриженост за заканите кои се упатени кон нивните колеги и ги повикаа властите да преземат нешто повеќе со цел заштита на сите новинари.

Целта на собирот беше да се осуди очигледното насилство кое се врши врз правото на слобода на медиумите. Тие планираат организирање на повеќе вакви собири кои ќе се случат во блиска иднина за да се осигура заштита на медиумите од Того. Како додаток на овој проблем е и вмешаноста на АНР и во други случаи на прекршувања на човековите права.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.