Колумбија: Блогови за литература

Колумбиската литература е позната во светот примарно преку автори како Габриел Гарсија Маркес и неговата книга „Илјада години самотија“. Сепак, “el Gabo”, како што е познат пошироко, стана скоро единствен автор на кој се реферира кога се зборува на оваа тема. Поради ова, ако се направат повеќе истражувања на веб, може да се најдат блогови кои се посветени на дискусии на други автори (некои понови некои постари) и на споделување анализи на литературни композиции преку интернетот.

Ваков е случајот со блогот Grupo de estudios en Literatura Colombiana (Група на изучувачи на колумбиската литература), каде во нивниот најнов пост зборуваат за авторот Фелипе Потдевин и неговата книга „Отоманот“ ( “La Otomana” ):

La Otomana narra la historia del profesor Scipino quien se enamora de Morgana, una docente que llega al Alto Meusa, lugar de recogimiento de varios intelectuales. Hacia el comienzo de la obra, Scipino roba unos documentos personales de Morgana en los que ella afirma que siente placer sexual sólo si es raptada o tomada violentamente. Scipino establece una relación sentimental con la docente y, en efecto, la somete por medio de ejercicios que conjugan la violencia sexual.

Отоманот ја раскажува приказната на професорот Скрипино кој се заљубува во Моргана, професорка која пристигнува во Алто Меуса, собирно место на интелектуалците. На почетокот од работата, Скрипино ќе украде некои лични документи од Моргана во кои таа тврди дека чувствува сексуално задоволство само кога е грабната или земена насила. Скрипино започнува врска со професорката и ја подложува на вежби кои комбинираат сексуално насилство.

Блогот El Ojo en la paja ја анализира работата на еден од уредниците и во еден од неговите постови зборува за авторот Mauricio Linares и неговата книга “El Mariscal que vivió deprisa” (“Маршалот кој брзо живееше”) и вели дека:

Tomé esta novela con muchas reservas. Primero porque el autor no me cae muy bien: considero que ha estado demasiado cerca del poder como para mantener su independencia como periodista y está –para mi gusto– muy adentro de la Casa Editorial El Tiempo, una empresa informativa que tampoco me cae nada bien. Además, en sus presentaciones, en sus columnas, en sus intervenciones públicas siempre lo he visto engreído y fanfarrón.

Ја зедов книгата со многу резервираност. Прво, затоа што авторот навистина не ми се допаѓа: Мислам дека бил премногу блиску до моќта да ја задржи неговата независност како новинар и за мој вкус длабоко во Casa Editorial El Tiempo, медиумска компанија која исто така не ми се допаѓа. Во неговите презентации, во неговите колумни, во неговите јавни настапи секогаш сум сметал дека е премногу самоуверен и самобендисан.

Кога станува збор за изнаоѓање на извори и содржина за колумбиската литература во целост, блогот Escritores Colombianos (Колумбиски писатели), дава алфабетска листа на поети, раскажувачи, есеисти и драматурзи кои се родени во Колумбија. Bocanada de niebla (Полна уста магла) е „логкнига на патувачкиот читател“ и секој ден во неделата има специфична содржина која е дизајнирана за тоа, рангира фотографии, поезија и анализи. Еден од најразбирливите литературни блогови е Las Filigranas de Perder [шпански] (Водениот жиг на губитоците) каде читателите може да најдат информации за работилниците за пишување содржина и други активности, вести и читања.

Има блогови кои се сконцентрирани на литературниот стил, како научна фантастика: Ciencia Ficción [шпански] од блогерот Хуан Диего Гомез, El Pollo Hipnótico [шпански] (Хипнотизираното пиле) од Давид Перез Маруланда и Mis textos literarios [шпански] (Моите литературни текстови) од писателот Антонио Мора Велез.

Читателите кои сакаат да научат повеќе за некој автор може да ги посетата блоговите како Hijas del Delirio [шпански] (Ќерки на делириумот) кое е фокусиран на добро познатите (и високо препорачаната) колумбиска писателка Лаура Рестрепо. На нивниот прв пост „ќерките на делириумот“ дава листа на десетте заповеди за групата која го прави овој блог. На пример:

1. Escucharás y leerás a Laura Restrepo embobada.
[…]
5. Honrarás la idea y la palabra.
6. No dejarás de leer mientras los ojos aguanten
[…]
8. No te resistirás a que la literaturacambie tu vida.
9. Escribirás hasta en las servilletas del McDonalds

1. Ќе ја слуша и чита Лаура Рестрепо фасцинирано
[…]
5. Ќе ги почитува идеите и зборот
6. Нема да запре со читањето се додека очите можат да го издржат тоа
[…]
8. Нема да даваат отпор на литературата во промената на животот
9. Ќе пишува дури и на салфетки од МекДоналдс

Можно е да се најдат блогови каде литературните композиции се направени со употреба на алатките на сајбер просторот. El ático [шпански] (Таванот) беше литературно списание се до 2009, кое објавуваше анализи на некои автори и текстови. Gavia е културолошко и литературно списание на универзитетот Франциско Хозе де Калдас во Богота, исто така тука е и Devaneos para siete noches (Седум ноќи безделничење), блог од професорот Карлос Артуро Гамбоа, каде тој ги споделува неговите поеми “Cuando somos dos” [шпански] (Кога сме двајца).

Тема која некои не сакаат да ја сметаат за литература, но дефинитивно е модерна, е вампирите, и секако, има колумбиски обожаватели на овие книги и филмови кои може да ги читаат блоговите Twilight Colombia [шпански] (поранешен Crepúsculo Colombia Cullen [шпански] ( Самрак Колумбија Кулен) и Conexión Vampírica Colombia [шпански] (Вампирско поврзување Колумбија).

Колумбиската литература има многу да понуди и за да го докаже тоа има програми кои го промовираат читањето и работилници за креативното пишување кои беа направени во рамките на работа на Владата. Некои од нив се: Libro al viento [шпански] (Книга на ветрот), REDNEL [шпански] (Национална мрежа на студентите по литература), Short-story Workshop – City of Bogotá [шпански] и Literary Workshops – City of Bogotá [шпански] (Facebook група).

Овие блогови се само некои од местата на Интернет каде протагонист е колумбиската литература. BlogsColombia дава долга листа на колумбиски литературни блогови. Но, овој краток опис на колумбиската наратива не може да заврши без да се спомне авторот Андрес Кајчедо (Andrés Caicedo), чие дело„се смета за едно од најоригиналните во колумбиската литература“. Тој е коректно цитиран на Википедија, каде што колумбиската литература е дефинирана како:

(…) es mestiza, tropical y diversa. La lucha constante de los legados español, indígena y negro, y la lucha misma en contra de manifestaciones exteriores, producen en Colombia la constante búsqueda por una voz nacional.

(…) таа е измешана, тропска и различна. Постојаната борба на Шпанците, недостоинственото и црно наследство, и самата борба против надворешните манифестации, создаваат во Колумбија постојана потрага по национален глас.

Најпосле, сакам да наспоменам дека ова е, како што претходно спомнав, продукт на едвај илустративна потрага и не е наменета за да се даде разбирлива слика на колумбиската литература на Интернет. Мора да сум испуштила многу блогови посветени на книги, автори и литературата воопшто, затоа бара ваше разбирање и однапред ќе бидам благодарна на оние читатели кои знаат за други блогови и сакаат да ги остават соодветните линкови во делот за коментари на овој постот.

Мала слика од почетна страна од Flickr корисник Eduardo! искористено под Криејтив комонс лиценца.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.