- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Шпанија: Уметноста процвета заедно со глобалната пролет

Категории: Западна Европа, Шпанија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Политика, Протест, Уметност и култура

Овој напис е дел од специјалната репортажа Eвропа во криза [1].

Од 12 (12М) до 15 мај (15М) [2], Шпанија искуси социјално движење на улиците како протест против контролата на банките и побара систем кој е подемократски, партиципативен и поправеден. Со ширењето на протестите и општото незадоволство, последниот ден од протестите, движењето 15М ја постигна целта.

Граѓаните продолжуваат да дејствуваат преку народни собири, комисии и работни групи кои овозможуваат дебати на теми кои им влијаат на луѓето и извршуваат акти на соработка. Многу држави беа инспирирани од случувањата во Шпанија, и протестите достигнаа глобален карактер на 15 октомври минатата година, со протести во повеќе од 900 градови и 82 држави. На 12 мај 2012, повторно беа организирани протести насекаде низ Шпанија и низ светот.

Уметностите исто така процветаа на 15 мај. Блогот Voces con Futura [3] (Гласови со иднина) објавува голем број на анонимни постери кои ги исполнуваа плоштадите за време на протестите. Авторот на блогот е шпанска дизајнерка која живее во странство и сака да ја задржи анонимноста. Таа го посветува своето внимание на креативниот талент кој се појави како резултат на ова движење.

За да се одбележи првата годишнина од протестите и случувањата 12-15М, блогот# Acampadasol [4] објави прекрасни креативни постери кои откриваат многу од причините за протестите. Тука споделуваме некои од убавите и креативни постери:

[5]

„Возможен е и друг свет“

[5]

[5]

Ocupa toda la calle [5]

[5]

[5]

„Остануваме на плоштадите“

Cartel anti-corrupción [5]

„Ако крадеш, нема да владееш“

Primavera Global [5]

Parodia para anunciar el despertar de la ciudadanía [5]

[5]

„Не сакаме реформи… Сакаме поинаков систем“

Сите слики се објавени со Криејтив Комонс лиценца CC BY 3.0 [6].

Овој напис е дел од специјалната репортажа Eвропа во криза [1].