- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Бахреин: Демонстрација на една жена!

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Бахреин, Граѓански медиуми, Протест, Слобода на говор

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Протести во Бахреин од 2011 [1].

Од почетокот на немирите низ арапскиот свет, се навикнавме на фотографии од демонстранти низ десетици илјади јавни места и улици.

Изразите како Маршот на еден милиот жители [2] станаа дел од речникот, истовремено сцени како оваа на фотографијата подолу станаа симбол на „Арапската пролет“.

[3]

Масовни протести на плоштад Тахрир, Каиро. Од Намир Галал(25/11/2011). Авторски права Демотикс.

Сепак потребна е особена храброст да се биде дел од помалите демонстрации, каде има помалку луѓе кои меѓусебно би се заштитувале и помалку медиуми кои би известиле за можна репресија. Што тогаш да кажеме за еден демонстрант кој сосема сам окупира, како што е прикажано на оваа фотографија?

[4]

Зајнаб Алкаваја пред финансиското пристаниште во Манама, Бахреин (21/4/2012).  Фотографија објавена на Твитер од @Kareemasaeed.

На фотографијата ја гледаме Зајнаб Алкаваја [5] како сама протестира на 21 април, пред Финансиското пристаниште во Манама [6], главниот град на Бахреин. Нејзиниот татко, Aбдулхади Алкаваja [7], е истакнат активист за човекови права уапсен на 9 aприл 2011 и осуден два месеци подоцна [8], заедно со други водачи на опозицијата, на доживотна затворска казна. Тој започна штрајк со глад на 8 февруари 2012 за да привлече внимание кон неговото апсење и малтретирањето на кое бил подложен, а корисниците на интернет од целиот свет од неодамна изразија голема загриженост [9] за влошувањето на неговата здравствена состојба.

Зајнаб, која твита под псевдонимот @angryarabiya [10], се наоѓа во полициски притвор од вчера [11]. Нејзината сестра Мајрам Алкаваја објавува [12] дека таа одбива да се појави пред обвинител. Ќе напоменеме дека ова не е прво апсење на Зајнаб [13], ниту прв пат да окупира јавно место [14].

Од каде толкава храброст? Најдобриот одговор веројатно лежи во тоа што таа го пишува на нејзиниот профил на Твитер [10]:

Ако се наоѓате во синџири, живеете без достоинство и права, се поклонувате на криминални диктатори, прв чекор е да заборавите на вашиот страв и да разберете дека тоа е ваше право.. да покажете лутина

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Протести во Бахреин од 2011 [1].