Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Протести во Бахреин од 2011.
Од почетокот на немирите низ арапскиот свет, се навикнавме на фотографии од демонстранти низ десетици илјади јавни места и улици.
Изразите како Маршот на еден милиот жители станаа дел од речникот, истовремено сцени како оваа на фотографијата подолу станаа симбол на „Арапската пролет“.
Сепак потребна е особена храброст да се биде дел од помалите демонстрации, каде има помалку луѓе кои меѓусебно би се заштитувале и помалку медиуми кои би известиле за можна репресија. Што тогаш да кажеме за еден демонстрант кој сосема сам окупира, како што е прикажано на оваа фотографија?
На фотографијата ја гледаме Зајнаб Алкаваја како сама протестира на 21 април, пред Финансиското пристаниште во Манама, главниот град на Бахреин. Нејзиниот татко, Aбдулхади Алкаваja, е истакнат активист за човекови права уапсен на 9 aприл 2011 и осуден два месеци подоцна, заедно со други водачи на опозицијата, на доживотна затворска казна. Тој започна штрајк со глад на 8 февруари 2012 за да привлече внимание кон неговото апсење и малтретирањето на кое бил подложен, а корисниците на интернет од целиот свет од неодамна изразија голема загриженост за влошувањето на неговата здравствена состојба.
Зајнаб, која твита под псевдонимот @angryarabiya, се наоѓа во полициски притвор од вчера. Нејзината сестра Мајрам Алкаваја објавува дека таа одбива да се појави пред обвинител. Ќе напоменеме дека ова не е прво апсење на Зајнаб, ниту прв пат да окупира јавно место.
Од каде толкава храброст? Најдобриот одговор веројатно лежи во тоа што таа го пишува на нејзиниот профил на Твитер:
Ако се наоѓате во синџири, живеете без достоинство и права, се поклонувате на криминални диктатори, прв чекор е да заборавите на вашиот страв и да разберете дека тоа е ваше право.. да покажете лутина
Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Протести во Бахреин од 2011.