- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Франција: Реакциите од резултатите од претседателските избори преку фотографии

Категории: Западна Европа, Франција, Граѓански медиуми, Избори, Најважни вести, Политика

Претседателските избори за 2012 година во Франција, десеттите по ред претседателски избори во Петтата Република ја донесоа конечната одлука на 6-ти мај 2012. Кандидатот од Социјалистичката партија Франсоа Оланд [1] доби 51,90% од гласовите, наспроти оние 48,10% на претходниот претседател Никола Саркози [2] во вториот круг на гласање. По претседателските избори, следуваат и парламентарните избори на 10-ти и 17-ти јуни.

Во исчекување на резултатите

Поддржувачите на Никола Саркози во Париз се собраа во салата во зградате Ла Мутуалите, а потоа се преместија во палатата Де ла Конкорд (каде што средбата беше откажана во последен момент). Ова е слика од салата во Ла Мутуалите во 7 часот попладне:

[3]

Салата Ла Мутуалите во 7ч. попладне, од @fgerschel на Твитер

Поддржувачите на Франсоа Оланд се собраа на улицата Солферино, пред собирот на плоштадот Бастилја во случај на победа.

[4]

Бастилја во 7 ч. попладне, од  @Laurent_Berbon на Твитер

Градот Тул каде што Франсоа Оланд беше градоначалник, нестрпливо ги чекаше резултатите:

[5]

Централниот плоштад во Тул од @webarticulista

Прогласување на резултатите

Ембаргото во Франција за споделување на резултатите пред 8 ч. попладне ги натера интернет корисниците да смислат неколку трикови [6] за да ги дискуираат предвидувањата објавени на странските медиуми. На Твитер, оние кои го користеа хаштагот #radiolondres [7], беа единствени со својата уникатност.

Хаштагот #radiolondres на Твитер

Радост и тага

По објавувањето на резултатите, многу активисти прославија:

[8]

Прослава на Бастилја @samschech

Разочарувањето можеше да се забележи во кампот на минатиот претседател:

[9]

УПД (партијата на Саркози) активист облеан во солзи, од @Alexsulzer

Пред плоштадот Ла Мутуалите, владееше лоша атмосфера за време на објавувањето на резултатите:

[10]

Пред Ла Мутуалите, активистите ги дознаваат резултатите, од @eanizon

Кампањските говори на секој од кандидатите можат да се најдат на нивните веб-страници: (Франсоа Оланд [11] and Никола Саркози [12]).