- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Либија: Хумантираните услови продолжуваaт да го расипуваат Рамазан

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Либија, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Политика, Хуманитарен одговор

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Побуните во Либија 2011 [1].

Либијците продолжуваат да страдаат од ужасните хуманитарни услови бидејќи војната во нивната земја им го уништува Рамазан. Од недостаток на храна, вода, гориво и електрична енергија, до закопување на нивните умрени и недостатокот на доверливи информации за тоа што се случува во нивниот двор, овој месец на постење се покажа како многу тежок.

Прекинување на постењето на светло од свеќа.

Преку Фејсбук, ЧејнџИнЛибија ја споделува следнава фотографија [2] која покажува како семејство од Либија го прекинува постот за овој Рамазан, муслиманскиот месец на постење, во темнина.

@ChangeInLibya [3]: Темнината на Триполи… луѓе се обидуваат да готват и да го прекинат постењето за Рамазан без електрична енергија. #либија http://fb.me/1clc8E4RH

Lebeeya потврдува:

@Lebeeya [4]: Во Ал Сарај нема електрична енергија 3 дена последователно РТ @live2Tripoli: #Триполи: Прекините на електрична енергија достигнуваат и до 8 часа на ден и се повремени.

Мохамед Шариф Арук објавува на Твитер [арапски]:

اهل طرابلس يعيشون وضع مأساوي لا كهرباء ولا ماء(المنازل التي تستعمل المضخات) ولاهواتف ولا بنزين ولا ديزل والأخبار… http://fb.me/15OqHJQZD
@MohdSharifArouk [5]: Луѓеото во Либија продолжуваат да живеат во ужасни услови: без електрична енергија, вода (во домовите кои користат пумпи), телефон, бензин, дизел и без вести.

Бент Бенгази (Ќерката на Бенгази) додава:

@BentBenghazi [6]: Прекини на електрична енергија и на вода во #Завија #либија #17февруари #КриминалитеНаГадафи

И Иван Вотсон, репортер на СиЕнЕн во Триполи, објавува на Твитер:

@IvanCNN [7]: Видов цело соседство во централен #Триполи, фрлено во темнина без електрична енергија. Луѓето јадат вечера за ифтар на светло од свеќа. Морничаво. #Либија


@IvanCNN
: Прекини на електрична енергија во #Хотел Риксос, задолжителниот дом во #Триполи на сите новинари од странство [ни треба дозвола за да излеземе надвор]. Прв пат.

Во меѓувреме, The Libyan One нè потсетува:

@TheLibyan1 [8]: Не значи дека ако луѓето не можат да си ги наполнат своите цистерни, дека истото важи и за Гадафи.

А, bint_tarhouna прашува:

@bint_tarhouna [9]: Значи Гадафи продаваше бензин во странство додека моето семејство во Триполи ја помина мината недела со помалку од 3 часа на електрична енергија дневно. #Либија

Ако прекините на електрична енергија и недостатокот на вода и гориво не беа доволни, тогаш домовите и се бомбардираат овој Рамазан.

17022011libya го споделува следново видео [10] на Јутјуб, на кое е прикажана разрушена куќа во Јалу, која беше бомбардирана, како што се тврди, од трупите на Гадафи:

Дисплејсд Либиан споделува некои од трагедиите низ кои морала да помине откако започнала војната во нејзината земја. Таа забележува:

@DisplacedLibyan [11]: 6 месеци од војната во #Либија, а јас изгубив 6 члена на семејството и стотици соседи, не сметајќи ги луѓето во затвор.

@DisplacedLibyan [12]: 6 месеци од војната во #Либија, а јас веќе се имам преместено во три града.

@DisplacedLibyan [13]: 6 месеци од војната во #Либија, а сè уште има некои наводни пријатели на Фејсбук кои исистираат на тоа да ти го загрозат животот со бесчувствителни прашања.

Даниа Б Мохамед се прашува:

@ceoDanya [14]: Се прашувам колку мајки ги имаат изгубено своите синови, колку сестри ги имаат изгубено своите браќа и колку жени ги изгубиле своите мажи. #КриминалотНаГадафи

И последен, Нон Арабија, од Јемен, споделува молитва и за луѓето од Либија и за оние од Сирија.

@NoonArabia [15]: Господ да ги благослови Либанците кои се во првите борбени редови, борејќи се за својата слобода во #Либија и Сиријците во #Сириските градови кои се под терор и постење за #Рамазан

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Побуните во Либија 2011 [1].