Кина: Јас сум Лиу Ксианбин

Најпрво, кој е Лиу Ксианбин (劉賢斌)? Лиу е 42-годишник кој поминал речиси една третина од својот живот во затвор. Сега е пак во притвор. Подолу е сликата од профилот на Лиу:

Значи што направил? Во 1989, кога имаше 20 години, како млад студент на универзитетот, тој учествуваше во демократското движење Тјенамен во Пекинг, барајќи политички реформи за да се запре корупцијата. Сепак, воената казна не го спречи Лиу во неговата политичка активност и тој беше уапсен на 15 април 1991, осуден на 2.6 години под обвинение за „ширење на анти-револуционерна бунтовничка пропаганда”. Беше ослободен во октомври 1993, продолжувајќи да организира демократска политичка партија и повторно беше осуден на 13 години затвор под обвинение за „државен удар”. Беше ослободен во ноември 2008.

Слободата на Лиу траеше само 20 месеци. На 28 јуни 2010, тој беше уапсен од полицијата во Сичуан, поради неговото политичко пишување. На 12 август, неговиот случај беше предаден на судот под обвинение за „поттикнување на државен удар”.

За да ја искажат својата поддршка за Лиу, локалните и прекуморските активисти почнаа кампања под слоганот „Јас сум Лиу Ксианбин” на почетокот на јули. Досега 16 заинтересирани групи се вклучија, како групата Хонг Конг, Шандонг групата, Aнхуи , Инер Монголиа , Гуанжи , Шаанкси групата итн.

Лиу Фејао, социјалистички активист од Хубеи, објасни зошто решил да зборува за Лиу Ксианбин,

民间反响如此之大,除了因刘贤斌对民主、人权长期的不懈地追求外,除了他为了自己的理想受尽磨难以外,还有一个原因就是当局这次做得太过了。大家实在难以 理解和接受,刘贤斌这次出狱只有一年多的时间,除了声援被抓的朋友等不多的行动外,他又能有多少“颠覆国家政权”的行为呢?更何况声援一下被抓的朋友也是 “颠覆“吗?

И покрај нашата почит за посветеноста на Лиу Ксианбин за демократија ,човекови права и сон, овој пат владата едноставно претера. Лиу Ксианбин само што беше пуштен на една година и она што го направи, беше искажување поддршка за неговите пријатели – активисти кои беа уапсени од полицијата. Што друго можеше да стори ? Како може поддршката за пријателите да биде „државен удар”?

Информациите што се однесуваа за случајот на Лиу Ксианбин и кампањата беа цензурирани и во главните и во интернет-медиумите во Кина, а активистите од заинтересираните групи беа под строг надзор. За да се продолжи со кампањата, започната во август, активистите стапија во штрајк со глад, а подолу е изборот од коментарите на штрајкувачите за животниот пат на Лиу Ксианбин.

Еден од пријателите кои ги бранеше Лиу е Чен Јунфеи од Сичуан. Сега му е редот на Чен да го поддржи Лиу преку штрајкот со глад:

贤斌救同胞出狼窝,他又深陷虎口。放眼望去,哪里有清静之地?大陆国人谁能会幸免不被伤害?这都是掌权者丧失“政治伦理”所致,是“阶级斗争”思维所赐。 为让我的孩子,我们的孩子不再因言获罪,不再是为争生存权而抗争,我们现在就必须“公开、理性、非暴力”地抗争到天明。

Ксианбин им помогна на другарите да избегаат, но самиот падна во устата на тигарот. Каде може да се најде мирна земја? Кој може да избегне да не биде повреден во континентална Кина? Сите овие страдања се резултат на загубата на „политичка етика” на владејачките елити под идеологијата на „класна борба”. Со цел да ги спасиме нашите деца од прогонувања поради нивниот говор и изразување, ние мораме да се бориме „рационално, oтворено, под начелото на ненасилство” се до доаѓањето на утрешнината.

Ху Џијанксионг од Шаанкси:

刘贤斌是我们的好兄弟,是中国的好公民。今天他身陷囹圄是因为他无法放弃对正义和良知的坚持。如果我们自己的同胞可以被无端陷害、可以被因言治罪,那么, 这个国家的公正还存在吗?这个民族的希望还存在吗?我们深知,没有每一个中国公民的觉醒和行动,中国的自由和民主是永远不会到来的。绝食,只是表达我们的 一种态度--我们永远将和正义与良知站在一起!愿刘贤斌早日获得自由,愿国家早日实现民主。

Лиу Ксианбин е наш добар другар и добар кинески граѓанин. Тој беше уапсен поради тоа што не можеше да се откаже од правдата и совеста. Ако нашиот другар може да биде прогонуван заради изразувањето, дали правдата ќе преовлада во оваа држава? Имаме ли сè уште надеж? Сите знаеме дека слободата и демократијата никогаш нема да дојдат ако граѓанинот не дејствува. Овој штрајк со глад е за да покажеме дека секогаш ќе бидеме за правда и совест. Сакам Лиу Ксианбин да биде слободен и демократијата да дојде брзо.

Веи Оианг од Шаанкси:

我,是刘贤斌;我的名字却是魏强,这是种声音,是人类精神的桥梁,是社会发展的力量,是追逐自由的奔跑,是精神对人格的塑造。
我,是刘贤斌,我要呼吸,我要奔跑!我要打破所有摧残生命的牢笼。
我,是刘贤斌,我要光,我要自由。

Јас сум – Лиу Ксианбин, но моето име е Веи Оианг. Ова е глас, мост кој води до хуманост, сила за социјален развој, потрага по слободата и подигање на духовниот карактер.
Јас сум – Лиу Ксианбин, морам да дишам, морам да трчам! Морам да го скршам кафезот кој го уништува животот.
Јас сум – Лиу Ксианбин, сакам светлина, сакам слобода.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.