Индонезија: Чудниот случај со средниот прст на Гувернерот

Фаузи Бово, кој по втор пат се наоѓа во трката за гувернер на Џакарта, предизвика контроверзија кога на интернет беа објавени фотографии со него како покажува среден прст.

Инцидентот се случи пред две недели кога гувернерот беше присутен на еден младински настан на Бунг Карно стадионот во Џакарта. Стоејќи помеѓу една девојка и едно момче, може да се види како тој го покажува средниот прст имитирајќи ја девојката. Наместо да собира позитивни бодови со тоа што го поддржува настанот организиран од млади луѓе, Фаузи или популарно наречен Фоук, даде лош пример.

 

Jakarta Governor Foke Giving the Middle Finger Gesture. Photo from @SHANDYKIIDNAHS

Гувернерот на Џакарта, Фоук, покажува среден прст. Фотографија од @SHANDYKIIDNAHS

Корисниците на интернет го искажаа шокот и бесот за ова „недолично“ однесување, но потпаролот на Фоук изјави дека гувернерот само се шегувал во друштво на младите, кои се собрале на натпреварот меѓу бендови. Гувернерот изјави дека не ги разбира „тие работи“.

Многу корисници на интернет не можат да го сокријат своето чудење:

@vankaay: baru nyadar, bapak fauzi bowo.. acungin jari tengah pas lagi rame rame sama komunitas motor. mau gaul atau gatau artinya pak?hualahh

@vankaay: Само што го забележав како г-дин Фаузи Бово го покажува средниот прст во друштво на членовите на заедницата на велосипедисти. Г-дине сакате на тој начин да се вклопите во толпата или навистина не знаете што значи?

@Ganyut: Fauzi bowo mulai berkampanye dgn mempromosikan jari tengah,..hidup jari tengah paak!,..lanjuuuutttt!!

@Ganyut: Фаузи Бово ја започна својата кампања со покажување на средниот прст. Да живее средниот прст! Само така!!!

@ariefadjar: jargon kampanye yang akan diserukan oleh Fauzi Bowo adalah “FOKE YOU!!!” sembari mengacungkan jari tengah. 🙂

@ariefadjar: Слоганот за кампањата на Фаузи Бово е „Foke You!“, додека во меѓувреме покажувате среден прст. 🙂

Пандеран Сиахаан напиша колумна на оваа тема и се обиде да сфати:

Гувернерот изгледаше смирено и сигурно, со кренат среден прст и таткова насмевка на неговото лице, истата насмевка која може да се види и на билбордите низ главиот град. Но, постои некоја невербална комуникација која ги рефлектира неговите мисли пред луѓето…

… Збунувачко е тоа што всушност гувернерот размислувал во тој момент. Неговите соработници велат дека Фаузи не бил свесен за фигуративното значење на овој гест и само ги имитирал членовите на бендот кои стојат до него.

Изборите во Џакарта ќе се случат на 11-ти јули, но Фоук не учествуваше на јавни дебати со други кандидати. Со тоа што минатата недела не се појави на телевизиската дебата, тој ја испушти шансата да се соочи со отворената дебата на Индонезискиот Универзитет.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.