Еден Ден на Земјата: Објавено светско колаборативно музичко видео

Ново музичко видео беше објавено како подготовка за светската проекција на колаборативниот филм Еден ден на Земјата, која ќе се одржи на повеќе локации низ целиот свет, на денот на Земјата (22 Ааприл, 2012). Музичари, поети, танчери се дел од видеото, кое беше снимено за време од 24 часа на 10 октомври, 2010, а подоцна беше изрежирано од Кат Кемист.

Филмот Eден ден на Земјата, беше снимен во еден ден, 10 октомври 2010, со повеќе од 3000 часови снимен матријал, од сите делови на светот, покажувајќи разновидност, конфликт, трагедија и успех кои се случиле во ист ден. Светската премиера ќе се одржи на Денот на Земјата (22 Април 2012) во сите држави на светот, со помош на Ворлд Херитиџ Сајтс и Обединетите Нации.

Ова музичко видео има снимки од Индија, Папуа Нова Гвинеја, Бенин, Буркина Фасо, САД, Кина, Северна Кореја, Монголија, Кенија, Авганистан, Јамајка, Шпанија, Тајван и многу други локации.

Можете да прочитате повеќе за наредните проекции во нашиот претходен текст Еден ден на Земјата: Глобално прикажување на светскиот колаборативен филм и можете да се регистрирате за проекциите во вашиот линк град на веб-сајтот Еден ден на Земјата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.