На 2ри август 2011 година, градскиот совет на Сао Паоло, Бразил, ја прогласи неделата од третиот викенд од декември за Ден на гордоста на хетеросексуалноста. Проектот, предложен од евангелистичко-христијанскиот советник и противник на хомосексуалните права, Карлос Аполинарио, од Демократската партија (ДЕМ), беше одобрен со симболично гласање што претставува автоматско одобрение без разлика на реалните резултати од гласањето, кои изнесуваат 20 советници кои гласале против и 19 кои гласале за.
По соопштението за одобрението следеше гнев и шок кој ги презеде Твитер и блогосферата. Многу хомосексуалци, но и хетеросексуалци, го искажаа своето гадење од прогласувањето на ден, кој за многумина претставува зајакнување на хомофобичниот бран во државата кој е во пораст.
Одбрана или нетолеранција?
Според неколкумина кои се изјаснија на интернет, нема воопшто поента да се прогласи ден за социјална група која претставува мнозинство и никогаш не претрпела никакви предрасуди. Професорот Тулио Виана вели:
Quando os homossexuais fazem sua “parada do orgulho gay”, eles manifestam-se por respeito à sua orientação sexual. Quando os heterossexuais fazem uma “parada do orgulho hetero” eles manifestam sua intolerância por orientações sexuais diversas.
Активистот, Јулијана Фреитас, се сомнева во потребата од искажување на хетеросексуалноста и преферира овој „Ден на гордоста на хетеросексуалноста“ да го нарекува „Ден на срамот“, нагласувајќи дека нема никакви случаи на насилство врз хетеросексуалците поради нивната сексуална ориентација.
Професорката и феминистка, активистката, Лола Аронович, изјавува за овој концепт:
Pense nos privilégios que um hétero tem. Quando você sentiu vergonha de ser hétero? […] Quando você foi discriminado por ser hétero? […] ter orgulho de ser hétero é querer celebrar a sorte que você tem simplesmente por ter nascido hétero. […] Ninguém vai te expulsar do recinto, ninguém vai te bater ou matar, ninguém vai querer te transformar, ninguém vai dizer que se envergonha de ser seu pai/mãe, ninguém vai pensar que sua orientação sexual é depravada ou relacioná-la à pedofilia, ninguém vai te despedir do emprego por causa da sua heterossexualidade, ninguém vai dizer que o que você faz é pecado e que você vai arder no inferno por conta disso.
За активистот, Јоао Педро, иницијативите како Денот на гордоста на хетеросексуалноста „само ги поддржуваат и зајакнуваат хомофобичните напади, предизвикувајќи повреди и убиства на илјадници хомосексуалци, транвестити и транссексуалци“.Тој нагласува:
A cada 2 dias morrem 3 homossexuais, simplesmente por serem gays no Brasil. Nenhum heterossexual perde sua vida ou é agredido moral ou fisicamente simplesmente por terem essa opção sexual.
Станува збор за привилегии
Новинарот Луциа Јонаха, на блогот O filtro (Филтер), го споделува „оправдувањето“ на советникот Аполинарио за предлогот кој го даде за воведување на казна која всушност се фокусира на криминализација на правото на искажување наклоност во јавност и на телевизија:
Será que os homossexuais entende (sic) como direito à liberdade, (sic) dois bigodudos entrarem em um restaurante e ficarem se beijando sem respeitar os demais clientes daquele estabelecimento?
Eles deveriam ter um comportamento adequado a nossa sociedade e deixar os beijos e afetos para os lugares reservados ou suas casas.
Acontece que os homossexuais não se satisfazem com o anonimato e para chamarem atenção começam a exigir direitos que se quer (sic) os heteros têm; se comportam de forma inadequada e muitas vezes agridem verbalmente aqueles que não concordam com suas idéias e depois querem que a sociedade aceite este comportamento.
Sou casado há 32 anos, nem por isso me acho no direito de ficar beijando excessivamente minha esposa em público para com isso demonstrar o carinho que tenho por ela.
Можно ли е хомосексуалците да го разбираат правото на слобода како двајца мажи со мустаќи кои влегуваат во ресторан и се бакнуваат меѓусебно без никаква почит кон другите муштерии?
Тие треба да се однесуваат соодветно во нашето општество и да ги задржат своите бакнежи и страсти за дома.
Но, хомосексуалците не се задоволени со својата анонимност и со цел да привлечат внимание започнуваат со барање на права кои ги немаат ни хетеросексуалците. Тие се однесуваат несоодветно и често вербално ги напаѓаат оние кои не се согласуваат со нивните идеи, а од друга страна пак бараат општеството да го прифати нивното однесување.
Во брак сум 32 години, но и покрај тоа мислам дека немам право да ја бакнам својата сопруга во јавност и да ја искажам љубовта која ја чувствувам кон неа.
Обвинет за хомофобија, советникот се бранеше себеси, тврдејќи дека има фризер хомосексуалец и шминкер и дека тој се бори само против „привилегиите“ кои хомосексуалците ги бараат, кои ги надминуваат правата на било кој друг:
@Apolinario_SP: Câmara SP aprovou meu projeto que cria o Dia do Hétero. Respeito os gays, mas sou contra excessos e privilégios.http://migre.me/5pq8l
На Твитер некои корисници, меѓу кои и Шара Маја (@SharaMaia1) и Јоао Педро (@joaopedrocrf) го поддржуваат проектот користејќи го хаштагот #diadoorgulhobabaca. Дискусијата се отвори како последица на твит од студентката Исабела де Аморим, а заврши со нејзината одлука да го избрише:
@isabellacbsa: E se é pra ter direitos iguais, deveria SIM existir o dia do orgulho hétero, já que existe o dia do orgulho gay. #diadoorgulhobabaca
Росангела Басо, од блогот Марија да Пенха Нелес предложува со доза на иронија:
Próximos dias de orgulho a serem criados:
- dia do orgulho branco
– dia do orgulho de não ser deficiente físico
– dia do orgulho racista
– dia do orgulho de ser rico
– dia do orgulho de ser homofóbico
– Ден на гордоста на белите луѓе
– Ден на гордоста на оние кои не се физички онеспособени
– Ден на гордоста на расистите
– Ден на гордоста на богатите
– Ден на гордоста на хомофобичните
На Твитер, блогерот ПЦ Сикуера (@pecesiqueira), продуцентот Отавио Уга (@otaviouga) и новинарот Даниел Лелис (@danlelis) користеа хумор за да критикуваат:
@pecesiqueira: Porque é lógico que nós héteros que ao longo da história sofremos repressão e preconceito precisamos de um dia para afirmar nossa condição.
@otaviouga: @pablovillaca Homossexuais são muito egoístas. Vamos também lutar pela união civil entre heterossexuais do mesmo sexo! Orgulho Hétero.
@dannlelis: Orgulho Hétero aprovado. Agora heterossexuais de SP poderão “enfim” andar de mãos dadas na rua e até beijar em público. Valeu, Apolinário!
На Јутјуб, видео од izaiaspcjr ја критикува креацијата на Денот на гордоста на хетеросексуалците:
Проектот мора да биде санкциониран од градоначалникот на градот, Гилберто Касаб, да стане закон. Консеичао Оливеира се надева „дека нишка гордост има останатно во Касаб и дека нема да одобри ваков апсурд“. Советникот Џамил Мурад објави напис на својот блог критикувајќи го одобрувањето на настаните и општо хомофобијата како појава.
‘Orgulho Hétero’ (Хетеро гордост) и хаштагот #diadoorgulhobabaca се популарни теми во Бразил и досега имаат собрано неколку илјадници критичари на законот. Федералниот (и евангелистички) конгресмен, Едуардо Куна (PMDB-RJ), познат по неговиот предлог за „закон кој ја криминализира „хетерофобијата“ и по тоа што е против правата на хомосексуалците изјави дека ќе предложи национален ден на гордоста на хетеросексуалците.
Има онлајн петиција која бара од Касаб да го одбие проектот; федералниот конгресмен Џин Вилис мобилизира луѓе со цел да го убеди градоначалникот да не одобрува нешто вакво.