- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Дали Тајланд треба да ја зголеми минималната плата

Категории: Источна Азија, Тајланд, Граѓански медиуми, Економија и бизнис, Закон, Работа

Едно од ветувањата во текот на кампањата на новоизбраниот премиер, Јинглук Шинаватра и нејзината Пеу Таи партија беше да се зголеми минималната плата [1] во Тајланд, од сегашната просечна од 160 бахти, на националното ниво од 300 бахти (10 долари) на ден. По нејзината победа, беше најавено дека зголемувањето ќе се случи следната година, додека новата платна скала за дипломираните (15 000 бахти или 500 долари) ќе биде имплементирана овој октомври.

Очекувано, бизнис секторот се спротивставува на предложеното зголемување на минималната плата. Владата го уверува приватниот сектор дека ќе го консултира пред да ја имплементира ветената реформа. Еве неколку реакции [2] од блогерите.

Ендру Спунер [3] повикува на поголемо истражување кое би ја поддржало потребата за прилагодување на минималната плата:

Она на што изгледа сме сведоци е помалку дебата базирана на докази за можните придобивки и недостатоци од зголемувањето на минималната плата во Тајланд, а повеќе на вообичаено врескање и оголени говори кои повеќе сакаат да ја поткопаат народно избраната влада, отколку да создадат нешто што е добро за најсиромашните членови на заедницата (зарем не се ова истите луѓе кои врескаат за „национално единство“ при секоја пригода?).

Харисон Џорџ [4] од Прачатаи ги подвлекува главните точки од дебатата:

Дали минималната плата е идеалниот маханизам за зголемување на куповната моќ на сиромашните бедници кои се на најниското скалило во економијата е друго прашање, но тоа е што го имаме. Пеу Таи вети дека ќе ја зголеми и само Господ знае дали имаат капиталистички работодавци во нивниот ранг, така што треба да знаат во што се впуштаат.

Така што направете го.

Сега.

Сутхичаи Јун ја споменува дилемата на новиот премиер кој „користел популистички тактики [5] за да добие гласови“:

Еве ги препорачаните работи кои што не треба да се направат:

1. Да се врати старата хипотекарна шема за сиров ориз на 20 000 бахти по тон.
2. Да се зголеми минималната плата за вештите работници на 300 бахти на ден и месечната плата на новите дипломирани на 15 000 бахти, во јануари 2012 година.
3. Да се намали данокот на добивка од 30 на 23%.
4. Да се обезбеди таблет компјутер на секој студент од Пратхом.
5. Да се изгради мост на копно кој би ја гарантирал долгорочната достава на енергија.

Но тогаш, ова се ветувањата од изборната кампања, зарем не? Како ќе излезат од дилемата е одговорност на политичарите кои користат популистички методи за да добијат гласови, знаејќи дека тие не можат да бидат имплементирани практично.

Денизофисарн го потсетува Јинглак да го одржи своето ветување [6]:

Јунглак беше тоа слатко манго кое во текот на изборната кампања привлекуваше милиони „муви“ во најважниот регион од Тајланд, во однос на бројот на седишта во парламентот. Одржете ги вашите ветувања! Зголемете ја минималната плата на 300 бахти во целата држава, заедно со 300 членови на парламентот. Вие „зготвивте“ бура, зарем не?!

Аје Наи од Демократски гласови на Бурма пишува за влијанието на покачената плата во Тајланд врз повеќе од четирите милиони работници- мигранти [7]. Околу 80% од странските работници се граѓани на Бурма.

Ко Аје, општински работник од Бурма кој им помага на мигрантите во градот Мае Сот, сместен на границата во Тајланд, рече дека иако политиката „звучела прекрасно за мигрантските работници“, тие ретко се плаќани колку и сегашната минимална плата.

Тој додаде дека многу компании може ќе бараат начин да ја искористат слабата примена на законите за работниците, во однос на мигрантите, каде мнозинството од нив работи во индустрии со ниско обучен кадар и често не ги ужива работните услови кои важат за граѓаните на Тајланд.

Искористената сликичка е од корисникот на Фликр џени даунинг [8] искористена под Криејтив Комонс лиценцата Наведи извор 2.0.