Иран: Борба со пиштоли на вода во Техеран доведе до апсење

Сите знаеме дека со огин не се игра. Во Техеран, се чини, дека и играњето со вода може да доведе до проблеми. Барем тоа е „лекцијата“ што овој пат ја научија неколку млади Иранци кога беа приведени минатата недела од страна на полицијата поради учествo во „борба“ со пиштоли на вода на улиците во Техеран. Фејсбук играше важна улога во собирањето на стотици млади луѓе кои подоцна учествуваа во „борбата“.

Според Иранската христијанска агенција за вести:

[Сајединиа – шефот на техеранската полиција] предупреди „Ќе ги укинеме сите движења на младите кои се трудат да ги дефинираат нашите норми“ – со што се повика на интернет и смс пораките испратени од младите со кои се покануваат на групна забава, сите млади момќиња и девојки, забава која ќе се одвива на јавни локации во Техеран. Вчера, неколку конзервативни ирански медиуми претставија сцени од „борбата“ со вода во кои се прикажани влажни женски здолништа и девојки со тргнати превези.

Неколку блогери реагираат на овие вести со доза на иронија и гнев:

Недаје Сабз пишува:

Во оваа земја доколку се „бориш“ со вода, те апсат, но доколу силуваш и убиваш, не само што не те апсат, напротив, дури можеш и да бидеш награден со орден за храброст.

Фетнегар пишува:

Се чини дека (властите) бараа изговор за да ја затворат нашата младина…. Оваа „борба“ со вода можеби има потенцијал да расте и можеби да го оживее Зеленото движење.

Дерафше кавиани вели:

Иран е земја во која доколку си играш со пиштол на вода, те осудуваат за нарушување на јавниот ред и мир, но доколку земеш калашников и со него застрелаш некоја млада девојка, во тебе гледаат војник на Тајниот имам.

Get Honest Third Eye пишува:

Прераснува во навика тоа што се случува со политиката на оваа земја… Неколку медиуми зборуваат за „борбите“ со вода како да станува збор за илјадници луѓе кои излегле на протест… Воопшто не се прашувам зашто луѓето наоѓаат задоволство во борбите со вода. Се прашувам само зашто да се исполитизира овој настан?

Од блогерите дознаваме дека има политички затвореници кои преземаат ризици и учествуваат во штрајкови со глад, но тие вести се засенети од вестите посветени на „борбите“ со вода.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.