Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Либан: Терористички напад во Триполи

Експлозија погоди минибус кој пренесувал цивили и либански армиски трупи во северниот либански град Триполи. Експлозијата, според очевидците, се случила во 7:50 наутро. Либанскиот армиски портпарол рече дека од нападот има 11 жртви, вклучувајќи девет војници, а има ранети 30 цивили и војници. Портпаролот го опиша нападот како „терористички акт” чија мета се директно воената институција и мирната коегзистенција во Либан. Овој терористички акт се случи само неколку часа пред планираниот самит на претседателот Мајкл Сулејман со сирискиот претседател Башар ал Асад. Ова е првиот самит помеѓу двете земји во три години. Еве некои од првите реакции на либанската блогосфера:

Мустафа на Бејрут Спринг посочува на поделбата која никнува во либанската политичка арена како и помеѓу граѓаните секогаш кога ќе се случи ваков терористички настан. Тој објаснува дека Либанците, во зависност од нивните предрасуди, веднаш гледаат на две различни страни:

Оние кои се наклонети да ја гледаат деструктивната рака на Сирија не можат, а да не забележат дека кога и да треба да се случи некој важен настан (голем анти-сириски демо, првата суверена претседателска посета во Дамаск во денешниот случај) некој некаде убива многу невини луѓе.

Како 14ти март М.П. Џавад Булос го стави ова утро на БЛ радио станицата: „експлозијата во Триполи е порака до претседателот Сулејман дека има забранети теми на денешната средба со сирискиот претседател.”

Од друга страна, има многу што веруваат дека сите зла произлезени од север се работа на муслиманските фундаменталистички терористи, чудовишта кои неодамна беа потпомогнати од Сончевото крило на 14ти Март (Харири Алмустакбалово Движење) во лошо советуваниот напор за контра напад под Шијатско влијание во форма на Хезболах.

Во очите на оваа група, терористите се одмаздуваат на либанската војска која ги потчини и понижи во текот на отворениот конфликт Нахер Ал Баред.

Антун на Либански шах прати некои фотографии и известувања. Тој исто така пишува и за неговото преземање на бомбардирањето, за кое тој смета дека мала е веројатноста за тој да биде поврзан со неодамнешните секташки судири кои се одвиваа во Триполи. Тој заклучува дека нападот е „доказ за либанската кршлива внатрешна безбедност и дека корупцијата ги чини либански животи.

Изгледа дека е премногу рано за да се добие вистинска слика за тоа кој стои зад бомбардирањето на минибусот во Триполи. Градот и неколку околни села неодамна беа вмешани во секташки судири помеѓу Сунитите и Алавитите. Но мала е веројатноста дека било која од овие две групи би застанале зад ваков значаен напад, којшто ги има ознаките на типична исламска операција.

Нахр ел-Баред беше центар на огромна конфронтација меѓу исламското движење, Фатах ал-Ислам и либанската војска минатата година. Автобусот денеска пренесуваше војници, што наведува на идеја дека тие беа метата. Главниот осомничен кој намерно би предизвикал ваков огромен напад од размери како денешното бомбардирање на автобусот е Фатах ал-Ислам.

Блогот Увет Фронт објави повеќе фотографии со последиците од експлозијата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.