Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Кина: Новинарот-граѓанин Зуола на Твитер го пренесува неговиот притвор

Кинескиот граѓанин-новинар Чоу „Зуола“ Шугуанг на Твитер го пренесуваше неговото притворање, кое се случи во средата попладне, по кинеско време.
(Во 17:15, Зуола беше пред неговиот компјутер; по се изгледа е ставен под некој вид на „градски притвор“. Новости подолу)

Зуола неодамна купи Блекбери 8320, за да му помогне со граѓанските известувања и по се изгледа може да го користи заедно со Твитербери за да испраќа кратки пораки, како што го правеше тоа додека беше изнесуван од неговиот дом и внесен во автомобил:

15:52:
@zuola: Главниот на обезбедувањето во Меитанба Мининг групата, Лиу заедно со тројца други ме носот во Меитанба Вилиџ, ги исплашија моите родители.
16:02
@zuola: Ме натераа да влезам во нивната кола. Сакам моите родители да потврдат што се случи денес, во колку саат и на кое место и со кого, регистарската таблица на колата со која бев одведен. Добар сум, во нивната кола се чувствувам како да сум задржан.
16:08
@zuola: Двајцата, кои утрово дојдоа со изговор дека сум го нарушил правилото за едно дете, се тука со директорот на обезбедувањето Лиу. Искочи дека тие ме присилија да одам со нив.
16:28
@zuola: Ви благодарам на сите за вниманието. Сѐ уште сум во возилото.

Утрото, пред овој настан, Зуола напиша на Твитер дека ќе биде онлајн и дека ќе биде посетен од „владини претставници“: двајца од канцеларијата за планирање принова (спомнати погоре) поради пријава дека тој го нарушил правилото на Кина за едно дете (Зуола нема деца) и двајца кои ќе се видат со неговите родители.

Минатиот месец Зуола спомна на неговиот блог дека се чувствува нервозен за неговиот план за престојување во Пекинг за Олимписките игри и затоа решил дека е подобро да ги избегне овие игри и да се врати дома во Меитанба, провинција на Хунан. Пред тоа, тој беше уапсен во Шенјанг по Јилишен инцидентот, каде тој патувал за да направи неколку граѓански репортажи за неговиот блог.

Новости:

17:16
@zuola: Директорот на обезбедувањето на Мининг групата, Лиу ме врати назад во Меитанба од Фенгмукиа. Тие ми наредија да останам во Меитанба и доколку го направам тоа, ќе ме остават на мира. Доколку заминам, ќе ме вратат назад. Јас се изјаснив дека не сум вработен во Чангша Мининг групата, иако мојот татко работеше таму пред да се пензионира пред 13 години.
17:20
@zuola: Јас сум во возило А 94369 и се враќам назад кон Меитанба, сега има четири луѓе во возилото.
17:23
@zuola: По се изгледа тие беа здружени сили од Нингксиа Гуобао, Чангша Мининг групата, владата на Фенгмукиа, многу ефективна работа. Прво проверија дали мојот мобилен телефон ја напушти областа Меитанба, потоа ги пратија луѓето од владата на Фенгмукиа да чуваат стража, подоцна го известија одделот за безбедност на Чангша Мининг групата да дојде и да ме собере и да ме врати назад во Маитанба.
17:25
@zuola: Сакам само да кажам дека и покрај тоа што бев сосила натеран да влезам во нивното возило за да бидам вратен во Меитанба, сега сум слободен. Меѓутоа, се надевам дека новинар ќе ме придружува во Пекинг, тогаш нема да знаат што да прават и очекувам дека тоа ќе биде многу интересна приказна.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.