Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Египет: Време за телевизиски претседателски дебати?

Оваа статија е дел од нашата специјална репортажа Избори во Египет 2011/12

Како што наближува времето за претседателските избори во Египет, луѓето во Египет, но и во арапскиот свет, бараат телевизиски претседателски дебати. За време на претседателските избори во 2005 година, Мубарак одби да учествува во вакви дебати, но сега, за прв пат, во вистинска претседателска трка, Египетските гласачи сакаат да видат дебата кава што гледале во САД и во други земји.

На 22-ри април, корисниците на Твитер дискутираа за „Monazarat“ („Дебати“), и повикаа на телевизиска претседателска дебата во Египет.

Senator John F. Kennedy and Vice President Richard M. Nixon during the first televised U.S. presidential debate in 1960. Image from Wikimedia Commons.

Сенаторот Џон Ф. Кенеди и потпретседателот Ричард М. Никсон за време на првата телевизиска претседателска дебата во САД во 1960 година. Сликата е преземена од Wikimedia Commons.

Басем Сабри направи кампања за барање на телевизиска претседателска дебата, а на Твитер може да се најде преку (#Monazarat).

Сафват Сафи напиша на Твитер:

@Safwat_Safi: أعتقد أول مناظرة متلفزة كانت في الستينات بين كنيدي ونيكسون، من الجميل أن نرى ذلك في العالم العربي بعد 50 عاما

@Safwat_Safi: Мислам дека првата телевизиска дебата беше во шеесетите помеѓу Кенеди и Никсон; убаво е 50 години подоцна да се види во арапскиот свет

Новинарот Мохамед Абдел Кодос напиша на својот блог:

أتمنى رؤية مناظرات على الهواء مباشرة بين المرشحين لمنصب رئاسة الجمهورية كما يحدث فى الدول المتقدمة، فهل ستجد تلك الأمنية طريقها إلى أرض الواقع أم تظل حلماً فى المشمش؟
Се надевам дека ќе има дебата во живо помеѓу кандидатите за претседател на републиката, исто како што ги има и во другите развиени земји. Дали тоа ќе стане реалност или ќе остане само сон?

Блогерката Сара Лабиб го искажа своето воодушевување:

@SaraLabib: دى اول مرة يبقى قدامنا اكتر من مرشح حقيقى و مش عارفين مين اللى هيكسب، خلينا نرسخ ثقافة الحوار و المناقشة و المناظرات بين المرشحين ‎‪

‬‏

@SaraLabib:За прв пат имаме повеќе од еден кандидат и не знаеме кој ќе победи; да го зајакнеме културниот дијалог, дискусијата и дебатата помеѓу кандидатите

Корисникот на Твитер ta7riro предложи неколку теми за дебатата:

@khelaly: здравство, гета, деца-питачи, културно наследство, иновации

Писателката Марва Елнагар ја критикуваше еуфоријата за постерите за претседателските избори и напиша на Твитер:

@marwame: الشعارات والبوسترات مش هتقوللي حاجة عن المرشحين ولكن المناظرات هتوضح كل واحد بيفكر ازاي وبرنامجه مبني على تخطيط سليم ولا لا
@marwame: Слоганите и постерите не можат ништо да ми кажат за кандидатите, но дебатите ќе покажат што мисли секој кандидат и дали неговата програма е базирана на добро планирање или не

Илјад Елбагдади се шегуваше:

@iyad_elbaghdadi: Во најмала рака, претседателските дебати во Египет им даваат нов материјал на нашите stand-up комичари!

Хешам Алќураини смета дека ваквите дебати ќе бидат многу значајни:

@heshamq: لو فعلاً تمت هذه المناظرات بين مرشحي الرئاسة المصرية ستكون نقلة نوعية مهمة في التاريخ السياسي العربي يظهر للمرة الأولى ‎‪
@heshamq: Ако навистина се одржат дебати меѓу египетските кандидати за претседател, тоа ќе биде голем скок во арапската политичка историја

Оваа статија е дел од нашата специјална репортажа Избори во Египет 2011/12

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.