Онлајн изложбата која во моментов се прикажува во Меѓународниот музеј на жената, е посветена токму на неа – на жената. MAMA: Мајчинството низ планетата Земја ги разгледува различните аспекти на мајчинство преку видео интервјуа направени со жени од Нигерија, Кенија, Авганистан, САД, Колумбија, Унгарија, Кина и Норвешка.
Идни Мајки е делот каде може да се најдат очекувањата кога станува збор за мајчинството и бременоста и тоа како различни жени, некои се уште во своите тинејџерски години, реагирале и како се соочиле со мајчинската улога која им претстои.
Всушност, колку жени во светот ја имаат можноста да одлучуваат, дали, како и кога ќе оформат семејство? Кои се причините поради кои жените во денешно време избираат, или одбиваат да изберат, мајчинство?
http://www.youtube.com/watch?v=pleRl9aqocI
На Во здрава мама, здраво бебе, приказните во кои жените ги споделуваат своите искуства од породилниот момент, илустрираат како различните култури гледаат на раѓањето на деца и здравјето.
Секојдневно, илјадници жени низ целиот свет носат на свет нови човечки животи. Додека многу жени среќно и успешно ќе се породат, илјадници други ја немаат таа среќа. Какво влијание имаат факторите како географска положба, примања и старост врз шансите за безбедно породување? Што се прави за да се намали стапката на смртност кај мајките во светот и како може да се вклучиш и ти?
http://www.youtube.com/watch?v=_tS5qQxmZSs
Во делот Вашиот глас, приказните беа испратени од публиката. Шест приказни беа избрани од меѓународното жири на наградите Избор на заедницата. Една од нив е и овој извадок за тешката ситуација во колумбиската болница во оделот за акушерство на Хорхе Кабаљеро за Гусано Филмс.
Во Списанието Експерт за Мајчинство, се зборува за мајка на шест деца која доаѓа на преглед, на самиот крај од својата бременост. За време на прегледот, се достигнува кулминација во нејзината приказна. Тоа го согледуваме преку прашањата кои ги поставува докторот и неговиот однос кон промените кои се случуваат. На крајот тој предлага да се изврши женска стерилизација. За време на процесот на породување, нема ни време да се пренесе кутрата жена до породилната сала, па таа се породува во својот болнички кревет.
http://www.youtube.com/watch?v=YSYrJZgNtoE
Разговорите во четири очи во Запознај ги мајките се фокусираат на жените и нивните лични приказни, на пример, ни помага да ја споредиме ситуацијата на една мајка-тинејџер во Либерија, која живее, како што таа вели, во критични услови и мајка-тинејџер во САД, која преку поддршката која ја прима од семејството може да продолжи со своите студии.
http://www.youtube.com/watch?v=gLOuKFDTIMY
http://www.youtube.com/watch?v=W5H6O9D1wnQ
Оваа изложба во Меѓународниот музеј на мајката има за цел да информира повеќе луѓе за здравјето на жените родилки, на нивната страна Вклучи се и ти тие предлагаат различни начини на кои читателите можат да учествуваат во подобрување на статистиката и кревање на свеста за овие важни проблеми.