- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Мексико: Злоупотреби на човекови права и претседателски избори

Категории: Латинска Америка, Мексико, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Жени и род, Избори, Историја, Образование, Политика, Протест, Слобода на говор, Филм, Човекови права

Шизофренична држава [1] е документарец на Шарлот Кинг во кој се зборува за две места во Мексико, Сан Салвадор Атенко и Оаксака, каде може да се сретне високо ниво на злоупотреба на човековите права од страна на владеачките партии, вклучувајќи го и гувернерот кој сега сака да прерасне и во претседател.

Непочитување на човековите права од страна на мексиканската влада јасно се виде за време на социјалните движења, кога протестите за право на имот и борба за образование беа брутално задушени со бројни убиства, апсења и сексуална злоупотреба. Овие дејствија ѝ го додадоа епитетот шизофренична на мексиканската влада од страна на Амнести Интернешнал, со оглед на тоа што Мексико се шампиони кога станува збор за човекови права на меѓународната сцена, а сепак дозволуваат вакви прекршоци да се случуваат на нивна територија.

Вестите за злоупотреба на човековите права во Атенко и Оаксака можете да ги најдете на веб-страната на Амнести Интернешнал. За Атенко [2]:

Најмалку 211 лица беа приведени на 3 и 4 мај 2006 година во градовите Текскоко и Сан Салвадор Атеко, Мексико, проследени со полициска операција изведена против протестите од страна на активистите од локалната земјоделска организација. Меѓу приведените беа и 47 жени. Овој извештај објаснува низ што поминуваа жените во тој момент, со акцент на сексуалната злоупотреба извршена врз нив, како и недостигот од ефективна и непристрасна истрага со која злосторниците со сигурност ќе излезат пред лицето на правдата.

За Оаксака [3]:

Во јуни 2006 пламнаа бројни протести преку кои граѓаните бараа од државниот гувернер во Оаксака да поднесе оставка. Во наредните неколку месеци настапи тотално затишје во градот. Овој извештај се фокусира на некои од посериозните прекршоци на човекови права пријавени за време на кризата, како на пример, претерана употреба на сила (вклучувајќи ја и онаа фаталната), присилно и изолирано затворање, малтретирање и измачување, закани, малтретирање на бранители на човекови права и новинари, нарушување на правен процес и право на фер судење. Според пријавените злочини, виновници во повеќето случаи се општинската, државната и федералната полиција.

Како што се наближуваат претседателските избори за 2012 година, потребно е да се разоткријат прекршоците врз правата на луѓето и злосторниците да бидат изведени пред лицето на правдата.