- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Кина: Таксисти и железничари штрајкуваат

Категории: Источна Азија, Кина, Граѓански медиуми, Протест, Работа

Нов бран на штрајкови ја зафатија Кина. Овој пат не помеѓу рурални мигранти кои работат во продавници за слатки, туку помеѓу возачи и вработени во градскиот јавен транспорт. Ова покажува како инфлацијата и зголемените трошоци влијаат на граѓаните чиј животен стандард продолжува да се намалува.

Штрајк на таксисти во Хангзхоу

Во Хангзхоу [1], најголемиот град во провинцијата Жеџјанг во источна Кина, на 1-ви август  2011 година започна штрајк на таксисти и траеше околу три дена.

Познат колумнист и микро-блогер на Веибо, Чен Јиерен, изјави [2] на 2-ри август:

More than 8,000 taxi drivers participated in a strike in Hanzhou. [3]

Повеќе од 8000 такси возачи учествуваа во штрајкот во Ханзхоу.

 

【杭州出租车大罢工赢得少量权利】8月1日,杭州的士司机因不满燃油费和租金高而大罢工,从上午开始,全市8000多辆的士有超过一半停运并摆满各处街面。罢工到下午,市政府宣布两项措施,一是10月底前调价,二是在调价前由市政府提供临时补助,标准为每笔生意一元钱,但这未能让司机满意,罢工可能复发。

[Штрајкот на таксистите во Хангзхоу наиде на некаков позитивен одговор] На 1-ви август, таксистите од Хангзхоу протестираа против  високите цени на горивото и изнајмувањето на коли. Повеќе од 8 000 таксисти се приклучија на протестите. Попладенто, влада изјави дека ќе воведе две мерки: 1. Ќе ги прилагоди трошоците за такси превоз до крајот на октомври; 2. Влада ќе обезбеди 1 јен за секое возење во вид на субвенција за возачите. Можно е таксистите да продолжат со штрајкот ако не се задоволни со новите мерки.

Според Ројтерс, возачите кои штрајкувале не биле задоволни [4] со понудата и ги продолжиле протестите. Ројтерс, исто така, пренесе дека обидите на возачите да објават коментари на Веибо биле блокирани и отстранети, а локалните медиуми одбиле да го покријат штрајкот.

Адвокатот за човекови права, Занг Каи, ја објасни [5] причината која стои зад штрајкот на таксистите:

杭州出租车司机罢工是必然,上半年出差杭州我就有预知。当时打车很困难,和一个司机了解,他们主要是外地人,除去份子,每月收入不足两千。这还要保证不得病,无意外。杭州房子均价上万,的士司机如祥子,干一辈子都无法安身。

Штрајкот на такси возачите во Хангзхоу е предвидлив. Малку порано оваа година, кога патував во Хангзхоу, беше многу тешко да стопирам такси. Возачот ми рече дека најголем дел од нив не се од локалното население и дека нивниот месечен приход е помал од 2000 РМБ (250 долари), така што не  можете да си дозволите боледување или несреќа. Земјиште во Ханзгхоу чини повеќе од 10 000 РМБ за метар квадратен, така што човек со една животна заштеда не може да си купи стан.

Исто така на Ваибо, @hzhouse потенцира [6] дека проблемот со компаниите кои ги издаваат лиценците за такси превоз не е решен:

今天早上出租车司机停运,主要诉求是杭州路堵,生意难做。一个班次收入约500块,份子钱上交220块,油费200块左右,一天收入只剩七八十,除掉吃住等花销,所剩无几。本次罢工矛头指“油价高、路堵、补贴低(”,那么份子钱又该如何看待?为什么受伤的总是百姓!

Ова утро, такси возачите почнаа да штрајкуваат. Се бунтуваа за нередите во сообраќајот или ниските приходи. Тие заработуваат околу 500 РМБ (80 долари) во текот на еден ден, но треба да платат 220 РМБ на компанијата која ја издаава лиценцата и 200 РМБ за гориво. Нивниот нето приход на крајот изнесува околу 70-80 РМБ (12 долари). Откако ќе одземете кирија и храна, ништо не останува. Најголемиот дел од извештаите од медиумите зборуваа за восоките цени на горивото, сообраќајните метежи и ниските субвенции. Што се случува со парите дадени на компаниите кои ги издаваат лиценците? Зошто обичните луѓе се секогаш жртви?

Условите за живеење на една обична фамилија на такси возач во Хангзхоу

Сет на фотографии кои ги покажуваат условите за живеење на еден обичен такси возач, привлекоа големо внимание на Веибо (преку @2074609565 [7]).

【镜头】杭州出租车司机生存环境:曲长林师傅,东北人,49岁,妻子46岁,儿子23岁,三人来杭后住在湖州街蔡马新村,至今三人合睡一张床。房间加厕所面积10㎡,收入费后1500不定,房租1100,水电另算,用电由房东定价每度1块。司机半开玩笑说:我来之前听说你们杭州是天堂,没想到跟地狱一样

[Камера] Условите за живеење на такси возачот од Хангзхоу: Возачот, г. Лем, со потекло од провинцијата Донгбеи. Тој има 49 години, а неговата жена 46. Има син од 23 години. Тројцата живееле во селото Хузхоу Чаима пред да дојдат во Хангзхоу. Сите спијат во еден кревет. Големината на нивната соба, плус тоалетот, изнесува 10 метри квадратни. Неговиот нето приход е околу  1500 РМБ, киријата 1100 РМБ без трошоци за вода и струја. Возачот рече на шега: „Луѓето велеа Хангзхоу е рај, но кога го доживеав, сега е пекол“.

На 3-ти август @zhaxuchu го критикуваше [8] најважниот принцип за стабилност на градоначалникот на Хангзхоу кога им одговораше на штрајкувачите.

【人家没饭吃了,怎么稳定?】因为油价太高,因为赚不到钱,杭州出租车机体停运。杭州市市长邵占维说,要维护绝大多数正常营运出租车司机正当权益,对极少数出租车驾驶员过激行为绝不姑息,发现一起查处一起,切实维护社会稳定大局—-市长啊,稳定的前提是有饭吃,杭州出租车难找到驾驶员,你知道吗?

[Нема стабилност ако луѓето немаат храна да јадат] Како резултат на покачувањата на цените на горивото, такси возачите не можат да заработуваат доволно и се одлучија на штрајк. Градоначалникот на Хангзхоу, Зхао Џианвеи, рече дека владата мора да ги брани правата на мнозинството такси возачи за да можат тие да си го одржуваат бизнисот, со отстранување на радикалното малцинство. Тие ќе ги отстрануваат еден по еден со цел да го стабилизираат општеството- мојот градоначалник, предусловот за стабилност е имањето доволно приход за храна. Знаете ли дека многу луѓе сакаат да станат такси возачи сега?

Железничарите штрајкуваат во Чангша

Вработените во железничката компанија, исто така, штрајкуваа на 2-ри август на железничката станица во Чангпа [9] во провинцијата Хунан во југо-централна Кина. Инцидентот е многу чувствителен бидејќи Кинеската комунистичка партија бележи серија на штрајкови на железничарите од 1922, како ран успех на политичкото движење.

Адвокат од Чангша, Ган Јуанчун [10] ја сподели веста преку фотографија:

Слика од Веибо на Ган Јуанчун

Адвокатот цитираше еден извештај од ББС, дека имало околу 300 железничари кои штрајкуваат на железничката станица во Чангша. Не е јано што го предизвикало штрајкот. Локалниот весник Дејли економик њус [11]ја следеше приказната и изјави дека штрајкот  бил предизвикан од мало несогласување во врска со промената на неколку директори одговорни за патниците во одделот Жужоу при Гуангжоу железничката корпорација. Меѓутоа, нетизените и покрај сè ги забележале политичките импликации на железничарите врз историјата на Народна Република Кина. Во една дискусија [12] на Ган Јуанчун:

hampan 铁路工人再做一次先锋队?(8月3日 21:17)

@hampan Дали железничарите уште еднаш стануваат војници од првите редови? (3-ти август, 21:17)

非典型医生 我外公,就参加过广州铁路工人大#罢*工。恍如隔世啊~~~(8月3日 21:11)

@1584233735 Мојот дедо учествувал во штрајкот на железничарите во Гуангжоу. Ова е како повторување на историјата… (3-ти август, 21:11)

浩浩歌爾 回复@Nethuhz:工人们起来了,我们学生也应该上场了~!(8月3日 20:45)

@linhaobest888 одговара на @Nethuhz: Работниците ја преземаа акцијата, студентите треба да бидат следни.  (3-ти вгуст 20:45)
Овој напис е напишан во коавторство со Оиван Лам [13].