Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Кина: Хемиски оцет

Локален извештај открива дека 90% од оцетот кој се продава на пазарот е произведен од глацијална оцетна киселина наместо од жито.

Според извештајот излезен во Фрст фајненшл дејли, годишната потрошувачка на оцет се движи во просек до 3,3 милиони тони и 90% од нив е комбинација од глацијална оцетна киселина, вода и други адитиви. Изразот „Оцетна мешавина“ (勾兌醋) претставува актуелна тема за истражување во последните неколку дена.

Корисникот на форумот Егугу, Бин Ајс, ги предупредува другите конзументи за хемискиот состав на „Оцетната мешавина“:

而国家规定勾兑醋必须用食用冰醋酸,但受利益驱动,一些个体经营者竟用价格便宜的工业用冰醋酸(1桶食用冰醋酸的价格约合2.5桶工业用冰醋酸)作原料。勾兑醋的制造工艺则非常简单——冰醋酸加上一定比例的水,混合后便可装袋。一些与食用冰醋酸勾兑的醋,并经过充分的蒸溜处理,理论上应该说是对人体无害的。但它除了有酸味之外,对人体没有什么好处。因此与其说它是醋,不如说它是“酸水”更准确些。

工业冰醋酸中还含有大量的铅和砷元素,还含有未被氧化的有机物如甲醇,接触和食用会引起人体多发性神经炎,导致视力急剧下降,失明,血液中毒,胃肠粘连,长期食用会导致肺癌,胃癌。

Според законот, тие мораат да користат јадливи глацијални оцетни киселини, но некои мали корпорации користат индустриска глацијална оцетна киселина. (Цената на буре со јадлива глацијална оцетна киселина е еднаква на 2,5 буриња со индустриска глацијална оцетна киселина). Комбинацијата е многу едноставна, само помешај глацијална оцетна киселина со вода и работата е завршена. 

Јадливата глацијална оцетна киселина веќе поминала низ процесот на дестилација и повеќе не е штетна. Таа не прави ништо добро за здравјето, таа е само оцетна вода, не оцет. Индустриската глацијална оцетна киселина содржи некои тешки метали и метанол, кои можат да доведат до полинеуритис и да предизвикаат слепило, труење на крвта, како и слепување на стомакот и на цревата. После подолг временски период на внесување на оваа киселина може да дојде до појава на рак на белите дробови, како и рак на желудник.

Во Сина Веибо, проблемот со „Оцетната мешавина“ се појавува во многу медиуми денес. Подолу е даден превод на селекција од коментари извадени од  Global Entrepreneur Magazine:

找乐子儿 一点不稀奇,在这个没有标准没有监管的体制下,在这个拜金主义盛行的社会中,我们怎么可能希望有安全不离谱的产品呢?如果前两个现状没有改观,只能是没有最离谱,只有更离谱!(1分鐘前)

李景利 早就不是行业机密了,只是,为啥没人出来管管呢?纳税都用来养狗了?(7分鐘前)

一念已至灵山 我们无法放心的吃任何东西,这是一个怎样的世界?我们的厨房是否应该变成化学实验室,所有的食品先检测一下再入口?(26分鐘前)

cao-min 怎么这么多东西都是勾兑出来的啊,其他国家的这些产品是不是一样?期待结果…(43分鐘前)

左晓兵 可不可以反过来:告诉国人什么东西能放心吃!!(46分鐘前)

Да бараш среќа: ова не е нова појава. Во систем во кој не постои проверка на реалноста, во општество во кое парите се единствена инспирација, што друго може да очекуваме? Доколку не ги промениме наведените околности, ќе продолжиме сè почесто да се среќаваме со вакви екстремни појави.

Ли Јинли: Ова не е некоја бизнис тајна, воопшто. Проблемот е во тоа што никој не пробува да се соочи со ситуацијата. Парите од нашите даноци се трошат за да се нахранат кучињата.

Спиритуална планина: Не постои ниедно парче храна кое ние денес можеме да го јадеме со доверба. Во каков свет живееме? Најверојатно треба да ги преправиме нашите кујни во хемиски лаборатории и да ја тестираме храната пред да ја готвиме.

Чао-мин: Како може да имаме толку хемиска храна. Се прашувам дали ова се случува и во другите земји? Чекам некој да ме просветли…

Зоу Ксиаобинг: Едно обратно прашање: Можете ли да ми кажете што друго можеме да јадеме со доверба?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.